Скопје - најдобри фотки |
Post Reply | Page <1 19202122> |
Author | |
fichot
Senior Member Joined: 02-Feb-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2602 |
Quote Reply #401 Posted: 07-Jan-2016 at 03:29 |
Сме прифатиле како не сме прифатиле. Триста години, па затишје од уште 150 години што се ако не прифаќање. Ќути трај. И на крај други „не ослободија“. И немало сетне неокласицизам, барок, ти реков ми рече. Епа немало. Немало кој да го направи и ради што.
Имаш право, туристите кај нас и онака се интересираат само за ефтина храна и да опнат нешо ако дае госпо. Глупости, зошто не срушиле се тогаш? Ристичева и околу, Арапска, Шкаперда, МЦМ, Бристол итн итн. Или може намерно ги оставиле овие неколку за да ни замачкат очи... ааааа ете ги фативме. На Запад од чиста мира ко ги рушеа викторијански или ривајвал објекти тоа ок си е. И овие полиуретански и гипскартонски паравани ти го овозможуваат тоа чувство? Да ти ја имам паметта да одморам малку. |
|
King
Senior Member Joined: 24-Apr-2015 Online Status: Offline Posts: 654 |
Quote Reply #402 Posted: 07-Jan-2016 at 12:05 |
Човеку цела Европа била под окупација, на двапати Виена била под опсада, што не значи дека сме ја прифатиле окупацијата, или можеби тебе не ти пречи позицијата на спомениците на Македонските херои, туку суштината на истите. Никој нас не не ослободил, Османлиското царство се распаднало одвнатре со Младотурската револуција. Бугарија, Србија и Грција имале одредена автономија и државност и не раскрчмиле меѓу себе, што со преговори што со меѓусебни војни. Се што било малку начнато комунистите го срушиле 1963, неможеле да ја рушат Ристичева зошто била нечепната. За туристите конечно се согласивме, дека ќе дојдат ќе се најадат, напијат и ќе опнат нешто, без да ги гледаат задните фасади. И откако се согласивме за туристите, пак се вртиме во круг со полиуретанските фасади, абе пријателе исто како и странците и нашинецот оди во центар да се прошета, да ужива, да лапне и пивне нешто, и успат ако договори нешто и да опне полна капа. Кој освен мене и тебе и десеторица други овде размислува дали фасадата требало да е полиуретанска, сива, или бела, им се допаѓаат на народот и си го буткаат магарето. Ако не беше така ќе се создадеше критична маса, сами ќе ги искршеа фасадите, овде се глупираа Соросовите Архи бригади и толку, па за ГТЦ не успеа референдумот, тоа треба да ти даде слика дека нема критична маса кај народот по оваа прашање, епа јас и ти нели сме дел од тој народ. Башка зградите на кои се менуваат фасадите мора имаат сопственици, зошто тие се согласуваат да се менуваат фасадите, јас знам дека досега само станарите на две згради не се согласиле со новиот изглед. Станари на четириесетина згради се согласиле да ја сменат фасадата на својата зграда во неокласична, епа они не ли се граѓани на оваа држава, не ли се луѓе, немаат ли чувство за историја, немаат ли елементарен вкус, имаат нормално дека имаат и секако дека правилно постапиле. Тоа е реалноста, тоа е народот, народот е во право и кога греши, што би рекол еден поранешен Ваш мецена. |
|
zabegan
Senior Member Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
Quote Reply #403 Posted: 07-Jan-2016 at 16:49 |
ако не бива нешто во дискусија, тогаш народот е крив, и ете, се што се прави магично е во ред ако има некое демократско мнозинство... шаблонов го повторуваш по не знам кој пат да те потсетам... истиот тој народ не се бунеше ниту кога граделе турците, ниту кога граделе комуњаите... баш напротив, го прифатиле тоа со раширени раце и си се помириле со судбината... како бе тогаш немало критична маса? ...во право си, народот за се си е крив, ама ај да ги гледаме работите малку пошироко и непристрасно сега ќе ми продаваат муда за бубрези колку не им бил убав градот сите оние кои си добија без пари станови во сите тие „одвратни“ и „комуњарски“ објекти... абе понекогаш ептен ми се гади од тоа каде живеам... |
|
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|
King
Senior Member Joined: 24-Apr-2015 Online Status: Offline Posts: 654 |
Quote Reply #404 Posted: 07-Jan-2016 at 18:21 |
Ти благодарам што денешното време го спореди со Турското ропство и Комунистичката диктатура, кој смеел да писне тогаш, каква критична маса бе, тогаш ако си одел во ВЦ требало да прашаш. Денеска со самото тоа што деноноќно се плука, што има сајтови кој го бројат секој потрошен денар за ск2014, што странски пари се истураат за кретенски емисии од типот контра вести, што се организираат референдуми, самото тоа што ти лупеташ што сакаш и кога сакаш на форумов говори не само за можност да протестираш, туку и со пари помогната пропаганда не ги буди македонските граѓани. Не ги буди зошто знаат каде е вистината, граѓаните не се глупи, 11 студенти протестираа затоа што ќе се градат два факултета, цели 14 кретени. Минатата есен излегоа на протести 5-7 илјади студенти на протест, кога реално имаше за што да се протестира, од тие илјадници сега се сведоа на 14. Народот не е глуп, кога нешто навистина нечини коа владата греши, народот реагира, за твоите плачења за фасадите ги заболе. Само таквите како тебе усвитени глави, политички мотивирани, неселективно плукаат се и сешто што ќе направи оваа влада, ако е пат тенок бил асфалтот, ако е зграда била мувлосана, ако е мост бил налево поставен, ако е автопат прескап бил, ако е фасада била само предна, ако е зграда била барокна, ако е друга зграда зошто е под калето, ако е бела зошто е бела, ако се засадат 10.000 дрва зошто се исечени 49, ако се прави кружен тек на две нивоа кој им дозволил, ако се прави нов преубав Клинички центар зошто имало дупка, вака можам да набројувам до утре. |
|
zabegan
Senior Member Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
Quote Reply #405 Posted: 07-Jan-2016 at 20:32 |
денешно време и тоа каква сличност има со комунистички доктрини, не можеш да се буниш против нешто што според тебе на сила и против воља е изградено пред повеќе од шеесетина години и истовремено да поддржуваш и оправдуваш нешто што се прави според сосема истата доктрина и верувај ми, мене ич не ми е гајле за фасадите, нити ги сметам за нешто посебно, едноставно мораш да разбереш дека тоа што не е во ред е што комплетно е напуштен било каков професионализам во работењето во урбанизмот и архитектурата... имаше милијарда цивилизирани начини како да се поправи незадоволството од изгледов на градов, ама ете, се излупаа безвезе фасади кај ќе се стигне, и притоа не се смени ништо еве ја упорно те прашувам што мислиш за тоа што на велелепниве барокни фасади, сеуште висат доградби и надградби, поткровја, клима уреди и произволна столарија, ама ништо како одговор немаш на тоа... еве и мене ми смета гетоизираната состојба не само на централното подрачје, туку на ниво на целиот град (затоа што јас за разлика од тебе сум свесен дека постојат и други населби и простори во градов)... ама градов сеуште е таков на г*мно ако му ставиш коринтски столб, тоа сеуште ќе си смрди... проблемот никогаш не бил во стилот нити во системот кога било нешто изградено и ти аргументацијата ја викаш неселективно плукање... ок... можеби сакаш да се расправаш, сеедно... ама еве јас ти кажувам дека конкретно немаш одговорено на ниедно слично прашање како ова што ти го поставив сега и немој народот ова, народот она... добро знам каков малограѓански и безрбетен состав има овој народ и не живеам на марс, не за џабе ти кажувам кој е најгласен поборник на денешната „антикомуњарска“ политика од тој аспек народот заслужува да си изгние во сопствените лајна, исто како што заслужил и вековно турско ропство и самоволие на нечиј систем... само мене ми е жал што морам да живеам меѓу такви луѓе, и што постојат многу шлајмови како тебе а јас на пример можам до утре да ти зборам за тоа какви штети има претрпено мојата фамилија по војната поради тој систем, ама сепак не се понашам како мало исфрустрирано дете према градов, нити следам нечија политичка идеологија... и затоа и немам потреба нешто да ти се правдам кога ми лупеташ за некакви протести, за тоа што кажале политичари и за тоа како се гласало на избори... |
|
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15235 |
Quote Reply #406 Posted: 11-Jan-2016 at 10:44 |
фото: Karsten Hamre (500px.com) |
|
За сè има вторпат
|
|
Staro Skopje
Senior Member Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
Quote Reply #407 Posted: 02-Jul-2016 at 18:04 |
centarnews.net |
|
Градот убав никна, но го откорнаа
|
|
Staro Skopje
Senior Member Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
Quote Reply #408 Posted: 07-Aug-2016 at 13:21 |
|
|
Градот убав никна, но го откорнаа
|
|
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15235 |
Quote Reply #409 Posted: 14-Sep-2016 at 08:45 |
За сè има вторпат
|
|
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15235 |
Quote Reply #410 Posted: 04-Oct-2016 at 08:54 |
За сè има вторпат
|
|
jyvation
Senior Member Joined: 11-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 4191 |
Quote Reply #411 Posted: 15-Nov-2016 at 01:47 |
Фото:Горан Анастасовски |
|
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15235 |
Quote Reply #412 Posted: 10-Jun-2017 at 09:17 |
За сè има вторпат
|
|
Zelenikovo
Senior Member Joined: 19-Oct-2017 Online Status: Offline Posts: 1631 |
Quote Reply #413 Posted: 03-Nov-2017 at 03:00 |
КОСМОГОНИЈА на Влада Ур. Празнината го родила морскиот полжав ... Морскиот полжав – вулканскиот остров. Вулканскиот остров – гуштерицата со кикиришка ... Гуштерицата со кикиришка – Молзачот на Облаците. Молзачот на Облаците – Крадачот на медот ... Крадачот на Медот – Градителот на Градовите. Градителот на Градовите – Собирачот на Даноци ... Собирачот на Даноци – Разурнувачот на Тврдини. Разурнувачот на Тврдини – дваесет илјади тенкови ... Дваесетте илјади тенкови биле неплодни и не можеле ништо да родат. Во нив одново се населила празнината размислувајќи дали вреди сè да се почне од почеток. |
|
Zelenikovo
Senior Member Joined: 19-Oct-2017 Online Status: Offline Posts: 1631 |
Quote Reply #414 Posted: 13-Nov-2017 at 11:13 |
зошто нема служби во Свети Спас може Гоце не заслужил па затоа, што пак отвора простор на Камбанеријата да закачиме некој Саат, можеби соларен врз плочата на Гоце .. шала на страна но мислам дека на градот му фалат вакви сувенири за в чаршија ако не на ул. Македонија ... ... и тоа пред се' за нас ... да има Литургии бар во дворот ако не во Црквата ... |
|
Staro Skopje
Senior Member Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
Quote Reply #415 Posted: 18-Feb-2018 at 22:00 |
Градот убав никна, но го откорнаа
|
|
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15235 |
Quote Reply #416 Posted: 21-Jul-2018 at 19:10 |
За сè има вторпат
|
|
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15235 |
Quote Reply #417 Posted: 21-Jul-2018 at 19:13 |
|
|
За сè има вторпат
|
|
Zelenikovo
Senior Member Joined: 19-Oct-2017 Online Status: Offline Posts: 1631 |
Quote Reply #418 Posted: 18-Oct-2018 at 23:23 |
https://www.telegraf.rs/english/2606068-beijing-is-nothing-compared-to-skopje-air-pollution-is-too-high-four-men-die-each-day-photo Revolted citizens bitterly say that the government doesn't care about the health of the people, nor they are taking any steps to prevent pollution https://twitter.com/seirdotmk/status/828333094482620416 http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=559&PID=228928#228928 Edited by Zelenikovo - 18-Oct-2018 at 23:32 |
|
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15235 |
Quote Reply #419 Posted: 09-Jan-2019 at 12:52 |
За сè има вторпат
|
|
Staro Skopje
Senior Member Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
Quote Reply #420 Posted: 17-Apr-2020 at 19:37 |
Градот убав никна, но го откорнаа
|
|
Post Reply | Page <1 19202122> |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |