Стадион „Тетекс“ - Тетово |
Post Reply | Page <12 |
Author | |
kliment
Groupie Joined: 18-Sep-2012 Online Status: Offline Posts: 55 |
Quote Reply #21 Posted: 02-Aug-2015 at 14:47 |
Стадионот во Тетово е изграден од комбинатот Тетекс за потребите на фк Тетекс меѓутоа за жал во тоа време бил заведен како општински или градска сопственост(во согласно со тогашното законодавство) таквата грешка доведе до тоа да фк Тетекс во самостојна Македонија го загуби правото да игра на сопствениот стадион бидејќи немаше финансии да плати користење на нешто што во суштина е негова сопственост.
П.С. немам точни информации меѓутоа можно е да и други, тогаш државни претпријатија донирале средства за изградбата. |
|
Staki
Senior Member Joined: 11-Oct-2014 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 125 |
Quote Reply #22 Posted: 02-Aug-2015 at 17:48 |
Да не има некој информација кога е крајниот рок за завршување на стадионот во Тетово ? Гледам дека е најавено Ренова и Шкендија да играат во Кичево, па претпоставувам ќе треба повеќе време додека го реконструираат.
|
|
SugarBlue
Groupie Joined: 02-Aug-2015 Location: Eindhoven Online Status: Offline Posts: 42 |
Quote Reply #23 Posted: 02-Aug-2015 at 19:50 |
Ајде тогаш да не градиме стадиони, може? Тоа што Централната Власт не е способна да ги спроведува законите не треба воопшто да биде пречка од изградба на стадиони и други спортски објекти ниту во Тетово и Струга, ниту во Битола, Пробиштип или некој друг град. |
|
Dragan
Senior Member Joined: 19-Feb-2009 Location: Tetovo Online Status: Offline Posts: 1172 |
Quote Reply #24 Posted: 03-Aug-2015 at 18:21 |
До 2016 Март треба да биде готов односно почетокот на вториот дел од фудбалската сезона, јас како што имам слушнато дека то тогаш статионот ќе биде пуштен да се играа фудбалски натпревари, а до 2017 година треба да биде комплетно завршен е сега што значи тоа незнам ваљда реновирање на трибините и поставување рефлектори и подтрибинскиот простор. |
|
jyvation
Senior Member Joined: 11-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 4191 |
Quote Reply #25 Posted: 09-Nov-2015 at 21:27 |
Стадионот во Тетово
|
|
Denko
Senior Member Joined: 14-Aug-2010 Online Status: Offline Posts: 2271 |
Quote Reply #26 Posted: 10-Nov-2015 at 17:49 |
Trevata da ostanatoto
|
|
pedza
Newbiе Joined: 27-Mar-2015 Online Status: Offline Posts: 0 |
Quote Reply #27 Posted: 25-Nov-2015 at 21:14 |
Ливада да беше - подобро ќе беше: „Реновираниот“ терен во Тетово ужасен, (под)трибините - гнасни! (ФОТО)
Линк |
|
Staro Skopje
Senior Member Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
Quote Reply #28 Posted: 25-Nov-2015 at 21:44 |
Сирија ли е
Чернобил ли е |
|
Градот убав никна, но го откорнаа
|
|
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15235 |
Quote Reply #29 Posted: 25-Nov-2015 at 23:53 |
Тетово ќе да е
|
|
За сè има вторпат
|
|
bitola16
Newbiе Joined: 06-Feb-2016 Online Status: Offline Posts: 0 |
Quote Reply #30 Posted: 31-Mar-2016 at 22:07 |
http://ekipa.mk/terenot-sveti-ostanaa-tribinite-ke-se-pushti-li-tetovo-za-fudbal/
|
|
Antonov
Groupie Joined: 10-Jan-2016 Online Status: Offline Posts: 72 |
Quote Reply #31 Posted: 31-Mar-2016 at 22:56 |
Добро ќе биде барем Македонија - Лихтенштајн да се игра тука... Секако доколку стадионот ги исполнува условите за меѓународни натпревари
|
|
Dragan
Senior Member Joined: 19-Feb-2009 Location: Tetovo Online Status: Offline Posts: 1172 |
Quote Reply #32 Posted: 11-Jul-2016 at 13:22 |
Поставени рефлектори на стадионот во ТетовоФудбалската федерација на Македонија со поставување рефлектори на Градскиот стадион во Тетово ги продолжи активностите од својата обврска од договорот меѓу ФФМ, општина Тетово и УЕФА поврзани со реконструкција на овој стадион. Откако официјално беше пуштен во употреба најмодерниот терен со тревна подлога во Македонија, работен според највисоките стандарди и критериуми на УЕФА, активностите се насочуваат кон поставување рефлектори за одигрување вечерни натпревари и исполнување на еден од критериумите за репрезентативен стадион. Поставувањето на рефлектори за осветлување на Градскиот стадион е обврска на Фудбалската федерација на Македонија. – Проектот „Хет Трик 4“ на УЕФА предвидува реконструкција на пет стадиони во државата. ФФМ се обврзува комплетно да ја реализира активноста околу поставувањето нова тревна подлога и осветлување на стадионите, а обврска на локалната самоуправа е изградба на покриена трибина со најмалку пет илјади столчиња, како и реконструкција на под трибинскиот простор каде треба да има модерни соблекувални и потребни простори за еден репрезентативен фудбалски стадион, информираат од ФФМ. http://lider.mk/2016/07/10/postaveni-reflektori-na-stadionot-vo-tetovo/ |
|
Dragan
Senior Member Joined: 19-Feb-2009 Location: Tetovo Online Status: Offline Posts: 1172 |
Quote Reply #33 Posted: 24-Dec-2016 at 17:22 |
Се извинувам за лошиот квалитет, сликите ги видов на фејсбоок не се мој. Стадионот во Тетово
[/img] [/img] Edited by Dragan - 24-Dec-2016 at 17:25 |
|
Patriot
Groupie Joined: 12-May-2016 Online Status: Offline Posts: 42 |
Quote Reply #34 Posted: 09-Dec-2017 at 15:28 |
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20753 |
Quote Reply #35 Posted: 26-Jun-2021 at 13:20 |
Стадионот на кој Али Ахмети го подигна трофејот е во мизерна состојба, Арифи три пати вети реконструкција
Со скршени стакла, отпадоци и натписи кои му даваат неатрактивен изглед, вака изгледа денес градскиот стадион во Тетово, чија реконструкција беше ветена во 2013 година од актуелната градоначалничка на Тетово, Теута Арифи, која истото ветување го повтори и во предизборната кампања од 2017 година. Оптимизмот на Арифи дека ветувањето ќе се реализира не опадна ниту во последните четири месеци од овој мандат. Потсетуваме, токму Али Ахмети, претседателот на ДУИ, партијата на Арифи, го подигна трофејот во мај оваа година кога ФК „Шкендија“ беше прогласен за шампион, иако во текот на две децении на власт на фудбалерите на „Шкендија“ не се обезбедени услови за тренинзи и мечеви, пишува Порталб.мк. Во лоша состојба и со купишта ѓубре околу него е градскиот стадион, во Тетово, град што, кога зборуваме за фудбалот имал тим што е прогласен државен шампион повеќе од еднаш, а последен пат во мај годинава. На новинарот на Порталб.мк не му било дозволено да влезе внатре, но околу стадионот ја регистрирал очајната состојба. Градоначалничката Арифи првично даде ветувања за реновирање на стадионот во текот на 2013 година, потоа во 2017 година како и сега во 2021 година. Во предизборната програма од 2013 година на актуелната градоначалничка на Тетово, Теута Арифи, на две места е ветено реновирање според европските стандарди на овој стадион. „Градскиот стадион (реновирање и исполнување на стандардите на ФИФА) бидејќи Тетово има над 3 клуба и има потреба за соодветен стадион“, пишува во програмата на предизборната кампања „Градиме заедно“ во 2013 година. Бидејќи ова ветување не беше исполнето за време на првиот мандат на Ариф, со целосно убедување таа го даде истото ветување во дебатата за Kallxo.com во соработка со Порталб.мк. каде што, меѓу другото, гарантираше дека и покрај (не)активноста на приватниот партнер, Општина Тетово ќе се вклучи во реализација на овој проект. „Мислам дека во рамките на следниот мандат ова ветување ќе биде исполнето, заедно со приватниот партнер. Ветувам во име на градоначалника и врз основа на договорот што го имаме со приватниот партнер “, рече Арифи во 2017 година. Сега сме 2021 година и на крајот на вториот мандат на градоначалничката Арифи, а ова ветување сè уште не е исполнето. Сепак, Арифи пред една недела изјави дека со добра волја на приватниот партнер, ова ветување, според неа, ќе биде исполнето. „Мислам дека, почнувајќи од сериозноста што ја имаат како компанија и интересот, нивната желба да дадат се од себе во однос на стадионот и градот Тетово, тие сепак ќе најдат форма и начин да го сторат тоа“, рече Арифи за Клан Македонија, на 16 јуни. „Всушност, тоа е прашање за кое на сите ни е јасни дека и некој друг должен во врска со ова, врз основа на оваа сериозност, јас сум многу убедена дека ќе го сторат тоа“, додаде Арифи. Стадионот на Тетово има статус на објект од државно ниво, кој со години наназад со одлука на владата беше пренесен на општина Тетово, а потоа беше пренесен на јавно приватно партнерство. Порталб.мк дознава дека приватниот партнер според договорот мора да инвестира 7 милиони евра на двата стадиониаво Тетово. Инаку, потсетуваме дека токму Али Ахмети го подигна трофејот кога ФК „Шкендија“ беше прогласен за шампион, иако стадионот во градот каде што се наоѓа е во мизерна состојба и властите не успеаја да обезбедат услови за играчите. https://meta.mk/stadionot-na-koj-ali-ahmeti-go-podigna-trofejot-e-vo-mizerna-sostojba-arifi-tri-pati-veti-rekonstrukcija/ |
|
my Macedonia
Senior Member Joined: 09-Oct-2008 Location: 🇲🇰🇨🇭 Online Status: Offline Posts: 4090 |
Quote Reply #36 Posted: 26-Jun-2021 at 15:53 |
Арифи треба конечно да си оди, ја пропасти и така веќе е*баната Општина. Теута ако прочиташ случајно: ТEUTA IK!
|
|
my Macedonia
Senior Member Joined: 09-Oct-2008 Location: 🇲🇰🇨🇭 Online Status: Offline Posts: 4090 |
Quote Reply #37 Posted: 23-May-2023 at 13:55 |
my Macedonia
Senior Member Joined: 09-Oct-2008 Location: 🇲🇰🇨🇭 Online Status: Offline Posts: 4090 |
Quote Reply #38 Posted: 12-Apr-2024 at 20:02 |
Dragan
Senior Member Joined: 19-Feb-2009 Location: Tetovo Online Status: Offline Posts: 1172 |
Quote Reply #39 Posted: 13-Apr-2024 at 10:14 |
Подгответе се Тетово да остане без стадион едно 15 години, како што е примерот со културниот дом што се гради веќе 10 год
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20753 |
Quote Reply #40 Posted: 13-Apr-2024 at 18:27 |
ПОЧНА ДА СЕ УРИВА СТАДИОНОТ ВО ТЕТОВО ЗА ИЗГРАДБА НА НОВ, ЌЕ ЧИНИ 10 МИЛИОНИ ЕВРА
Градоначалникот на Општина Тетово, Билал Касами, вчера на Градскиот стадион во Тетово ја најави изградбата на нов стадион на местото на постоечкиот. Потоа влезе во багерот и прв почна да го руши стадионот, велејќи дека ќе го исполни ветувањето да направи нов стадион бидејќи многумина пред него ветувале, но не го направиле. Покрај презентацијата како ќе изгледа новиот објект, на стадионот се одржаа ревијален фудбалски натпревар и концерт на кој се исполнуваа само албански песни. „До денес многу политичари и партии ветија дека ќе го изградат овој стадион, но ова ветување никогаш не се исполни. Доказ за тоа е моменталната состојба на овој стадион, кој е со уништен терен, застарени простори, без соблекувални, без услови за вежбање и без соодветни трибини за навивачи, но тетовци и Шкендија никогаш не се откажаа. Дојде денот да започнеме со изградба на спортска арена во Тетово со сите европски услови и стандарди“, истакна Касами. Во ноември 2023, Општина Тетово преку јавното претпријатие „Тетово транспорт“, кое долг период е во загуба, распиша тендер за изградба на стадионот, по што се склучи и договор со фирмата во март 2024. Реконструкцијата чини 600 милиони денари или околу 10 милиони евра. Градскиот стадион е отворен во 1981, кога ФК Тетекс влезе во Првата југословенска лига и имаше капацитет од над 15.000 седишта. Стадионот го градеше тогашниот текстилен гигант „Тетекс“, а учествуваше и државата. Во јули 2016, со одлука на Советот на Општина Тетово, стадионот е даден под концесија на фирмата „Еколог“, која е сопственик на ФК Шкендија и која се обврза да инвестира 7,7 милиони евра за реновирање на стадионот за да може да биде домаќин на меѓународни натпревари. Но, и покрај ова, Градскиот стадион пропаѓаше бидејќи никој не се грижеше за него, а од ветената инвестиција речиси ништо не беше реализирано. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/pochna-da-se-uriva-stadionot-vo-tetovo-za-izgradba-na-nov-ke-chini-10-milioni-evra/ |
|
Carpe diem
|
|
Post Reply | Page <12 |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |