build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Индустриски
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

ТИРЗ Струмица

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  12>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #1 Topic: ТИРЗ Струмица
    Posted: 21-Sep-2013 at 21:39
Камен темелник за ТИРЗ „Струмица“, регионот економски ќе заживее
Сабота, 21 Септември 2013 14:51

Со поставување камен-темелник денеска беше означен почетокот на изградба на инфраструктурата на Технолошко-индустриската развојна зона „Струмица", една од досега основаните девет ТИРЗ ширум Македонија.

ТИРЗ „Струмица" ќе има вкупна површина од 25 хектари и ќе се гради во катастарската општина Свидовица. Зоната е лоцирана на 50 километри од граничниот премин „Богородица" кон Грција и на 23 километри од граничниот премин Ново Село кон Бугарија.

- За изградбата на комплетната инфраструктура во зоната планираме да инвестираме околу 300 милиони денари со кои ќе се изгради сообраќајница, водоводна инсталација, атмосферска и фекална канализација, електроенергетска мрежа, телекомуникациска инфраструктура, како и улично осветлување. Со тоа ТИРЗ „Струмица" ќе стане функционална целина која со своите карактеристики ќе може да им посака добредојде на сите потенцијални инвеститори во овој регион, рече премиерот Никола Груевски по поставувањето на камен-темелникот.

Тој посочи дека местото на кое е лоцирана зоната на потенцијалните инвеститори ќе им овозможи добра комуникација со двете соседни земји, но и со меѓународниот пазар. Нагласи дека развојот на Македонија е комплексен процес исполнет со многу работа, ентузијазам, одговорност, инвентивност и исполнителност. Како Влада рече дека во изминатите години континуирано и напорно работат на сите полиња и во сите сегменти кои можат да донесат позитивни трендови и добри резултати во македонската економија.

- Да се отвори само едно ново работно место, една нова фабрика, да се намали само еден процент од нивото на невработеноста во земјата потребно е вклучување на многу органи на државната управа, но и вклучување и координација на повеќе чинители од различни сфери во општеството. Потребно е совесно и посветено да се изработат задачите за постигнување на зададените цели, истакна Груевски.

Рече дека една од областите во која Владата ја препознала можноста за отворање нови работни места и привлекување нови инвеститори е постојаното инвестирање во ТИРЗ-овите во државата. Истакна дека како резултат на нивните залагања наскоро странски инвеститор во Струмичко ќе отвори лабораторија за производство на семенски материјал за цвеќиња во која ќе се вработат од 250 до 300 луѓе и додаде дека очекува во наредните неколку години, кога зоната ќе биде готова, да дојдат значајни странски инвеститори.

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески посочи дека поставувањето на камен-темелник на ТИРЗ „Струмица" претставува реализација на уште едно ветување на Владата.

- Ова е голем проект кој ќе значи економско заживување за регионот на Струмица. ТИРЗ-от е дел од политиките на Владата на Република Македонија за нови инвестиции за отворање работни места. Само со отворање работни места може да се подобри животот на граѓаните, рече Ставрески.

Тој нагласи дека во буџетот за наредната година се обезбедени средства за изградба на ТИРЗ „Струмица" и додаде дека Струмица како регион е еден од приоритетите на Владата за привлекување странски инвеститори.

Директорот на Дирекцијата за ТИРЗ Виктор Мизо истакна дека изградбата на ТИРЗ „Струмица" заедно со другите ТИРЗ-ови во Македонија претставува реализација на визијата на Владата за изградба на зони со целосно изградена и развиена инфраструктура кои ќе можат да ги понудат сите потребни услови и поволности за производителите.

- Во високотехнолошките преработувачки капатцитети во ТИРЗ „Скопје 1", „Скопје 2" и „Штип" во текот на 2012 година инвестирани се 62 милиони евра. Оваа година само во постоечките капацитети ќе се реализираат вкупни инвестиции од над 70 милиони евра, рече Мизо.

Нагласи дека извозот од ТИРЗ-овите во 2012 година изнесувал над 20 отсто од вкупниот извоз во земјава, а годинава се очекува тој удел да се зголеми на над 25 отсто.

- Во 2012 година за потребите на компаниите лоцирани во зоните домашните компании доставиле стоки и услуги во вредност од околу 40 милиони евра. Досега во зоните се вработени 2.270 лица, а до крајот на годинава се очекува бројот на вработени да биде над 2.500, додаде Мизо.

ТИРЗ „Струмица" со основната патна мрежа ќе биде поврзана со крстосница на ниво со која ќе се овозможи безбедно вклучување и исклучување кон регионалниот пат Куклиш - Банско - Ново Коњарево. Во зоната ќе има два влезни коловоза со широчина од 3,75 и два излезни коловоза со иста широчина, како и тротоари од двете страни на коловозите од по 2,5 метра.

Во Македонија вкупно е предвидено изградба на 14 ТИРЗ-ови и градбата на сите треба да започне најдоцна до март или април следната година. Во моментов во функција се зоните ТИРЗ „Скопје 1", „Скопје 2" и „Штип", а во тек се градежните работи во ТИРЗ „Кичево", „Гевгелија" и „Прилеп". За останатите зони во моментов се изработува техничката документација.

Премиерот Груевски, кој денеска е во посета на струмичкиот регион, претходно го пушти во употреба новоизградениот локален пат што ги поврзува Струмица и селото Попчево и околните села Рич и Белотино. вј/хс/ 14:38
http://www.kurir.mk/makedonija/vesti/130784-Kamen-temelnik-za-TIRZ-Strumica-regionot-ekonomski-ke-zazivee
Back to Top
Navigator View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 678
  Quote Navigator Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 03-Nov-2015 at 14:56
Нова фабрика на Џонсон Контролс во Струмица, ќе отвори 1.500 работни места

По успешноста на фабриката во Штип, Џонсон Контролс отвора нов капацитет во Струмица. Станува збор за инвестиција вредна 20 милиони долари која ќе отвори 1.500 нови работни места.

Како што соопштија денеска директорот во „Џонсон Контролс“, Вили Ван Лои и директорот на Дирекцијата за Технолошко индустриски развојни зони Виктор Мизо по средбата со премиерот Никола Груевски, инвестицијата ќе стартува како браунфилд, во постоечка зграда, а потоа ќе прерасне во гринфилд.

- Се соочувавме со капацитетски предизвици во Европа поради што направивме опсежни анализи и заклучивме дека треба да инвестираме тука, рече Ван Лои.

Според Мизо, фактот дека Џонсон Контролс реинвестира во Македонија е потврда за успешноста на владините политики за креирање поволна бизнис клима.

- Џонсон Контролс трипати инвестира во Македонија, прво во Скопје во 2006 година, потоа во Штип во 2011, а сега и во Струмица, истакна Мизо и додаде дека веднаш ќе се пристапи кон активностите за адаптирање на индустриската зона во Струмица.

Инвестицискиот план предвидува првите вработувања да бидат до крајот на годинава.

Извор
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 03-Nov-2015 at 16:11
Konecno sansa strumicani da pocnat da ziveat od rabota mesto od "goli saltanati"
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 2271
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 03-Nov-2015 at 16:28
Originally posted by kultuzin

Konecno sansa strumicani da pocnat da ziveat od rabota mesto od "goli saltanati"
Ti koga posleden pat si bil u Strumica?
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 03-Nov-2015 at 16:31
Originally posted by Denko

Originally posted by kultuzin

Konecno sansa strumicani da pocnat da ziveat od rabota mesto od "goli saltanati"
Ti koga posleden pat si bil u Strumica?

Vo Strumica nema nitu eden silen industriski pogon. Gradot zivee od selata i dijasporata, ako ne se tie Strumica moze slobodno da stavi kluc. Se pukame samo vo gradi deka sme mnogu jaki i mnogu evropski no seto toa e napumpano i vestacki.Ovoj pogon barem ke otvori realni rabotni mesta vo prerabotuvacka industrija.
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 2271
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 03-Nov-2015 at 16:38
Originally posted by kultuzin

Originally posted by Denko

Originally posted by kultuzin

Konecno sansa strumicani da pocnat da ziveat od rabota mesto od "goli saltanati"
Ti koga posleden pat si bil u Strumica?

Vo Strumica nema nitu eden silen industriski pogon. Gradot zivee od selata i dijasporata, ako ne se tie Strumica moze slobodno da stavi kluc. Se pukame samo vo gradi deka sme mnogu jaki i mnogu evropski no seto toa e napumpano i vestacki.Ovoj pogon barem ke otvori realni rabotni mesta vo prerabotuvacka industrija.
Pa sto ima tuka sporno ako Strumica zivee od selata? Strumickiot region e zemjodelski i toa taka bilo otsekogas. Prasanjeto e dali ovie investitori ke najdat dobra rabotna sila za plata od 10.000 denari? Strumica e najbogat grad vo jugoistocna Makedonija i mozam da kazam deka retko koj od mladite bi rabotel za 10.000 den. vo vreme na internet i otvoreni granici. Sporedbata so Stip (najsiromasen grad vo Makedonija) e klasicno mesanje babi i zabi.

Edited by Denko - 03-Nov-2015 at 16:49
Back to Top
Navigator View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 678
  Quote Navigator Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 03-Nov-2015 at 16:52
Originally posted by Denko

Originally posted by kultuzin

Originally posted by Denko

Originally posted by kultuzin

Konecno sansa strumicani da pocnat da ziveat od rabota mesto od "goli saltanati"
Ti koga posleden pat si bil u Strumica?

Vo Strumica nema nitu eden silen industriski pogon. Gradot zivee od selata i dijasporata, ako ne se tie Strumica moze slobodno da stavi kluc. Se pukame samo vo gradi deka sme mnogu jaki i mnogu evropski no seto toa e napumpano i vestacki.Ovoj pogon barem ke otvori realni rabotni mesta vo prerabotuvacka industrija.
Pa sto ima tuka sporno ako Strumica zivee od selata? Strumickiot region e zemjodelski i toa taka bilo od sekogas. Prasanjeto e dali ovie investitori ke najdat dobra rabotna sila za plata od 10.000 den. Strumica e najbogat grad vo jugoistocna Makedonija i mozam da kazam deka retko koj od mladite bi rabotele za 10.000 den. vo vreme na internet i otvoreni granici. Sporedbata so Stip (najsiromasen grad vo Makedonija) e klasicno mesanje babi i zabi.
Уште подобро бе Денко. Значи од старт инвеститорот ќе биде приморан да дава 12000, 15000 или повеќе плата. Компанија плус, значи само конкуренција повеќе и шанса платите побрзо да пораснат. Освен тоа, оваа компанија добро ја знае ситуацијата во државава, тука се повеќе години. На ваква одлука претходат анализи, не ја одбрале Струмица на слепо. Како и да е, добро е што и во Струмица влегува голема компанија што ќе ја раздвижи локалната економија, а и ќе ја диверзифицира.
Back to Top
mackomk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 127
  Quote mackomk Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 03-Nov-2015 at 16:56
Што ќе произведуваат во оваа фабрика? не најдов податок.
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 2271
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 03-Nov-2015 at 17:05
Originally posted by Navigator

Originally posted by Denko

Originally posted by kultuzin

Originally posted by Denko

Originally posted by kultuzin

Konecno sansa strumicani da pocnat da ziveat od rabota mesto od "goli saltanati"
Ti koga posleden pat si bil u Strumica?

Vo Strumica nema nitu eden silen industriski pogon. Gradot zivee od selata i dijasporata, ako ne se tie Strumica moze slobodno da stavi kluc. Se pukame samo vo gradi deka sme mnogu jaki i mnogu evropski no seto toa e napumpano i vestacki.Ovoj pogon barem ke otvori realni rabotni mesta vo prerabotuvacka industrija.
Pa sto ima tuka sporno ako Strumica zivee od selata? Strumickiot region e zemjodelski i toa taka bilo od sekogas. Prasanjeto e dali ovie investitori ke najdat dobra rabotna sila za plata od 10.000 den. Strumica e najbogat grad vo jugoistocna Makedonija i mozam da kazam deka retko koj od mladite bi rabotele za 10.000 den. vo vreme na internet i otvoreni granici. Sporedbata so Stip (najsiromasen grad vo Makedonija) e klasicno mesanje babi i zabi.
Уште подобро бе Денко. Значи од старт инвеститорот ќе биде приморан да дава 12000, 15000 или повеќе плата. Компанија плус, значи само конкуренција повеќе и шанса платите побрзо да пораснат. Освен тоа, оваа компанија добро ја знае ситуацијата во државава, тука се повеќе години. На ваква одлука претходат анализи, не ја одбрале Струмица на слепо. Како и да е, добро е што и во Струмица влегува голема компанија што ќе ја раздвижи локалната економија, а и ќе ја диверзифицира.
Daj boze da bide kako sto velis. Nemam nisto protiv. Mojata reakcija bese na ovaa recenica : "Konecno sansa strumicani da pocnat da ziveat od rabota mesto od "goli saltanati"".
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 03-Nov-2015 at 17:11
Originally posted by Denko

Nemam nisto protiv. Mojata reakcija bese na ovaa recenica : "Konecno sansa strumicani da pocnat da ziveat od rabota mesto od "goli saltanati"".

Denko "goli saltanati" zatoa sto vo gradot nema "realni" rabotni mesta se e svedeno na trgovija i drugi usluzni dejnosti a site tie rabotat vrz grbot na selanite koi na grb zaedno so dijasporata ja nosat ekonomijata na gradot Strumica. Srumica e grad vo koj skoro i da nema rabita za visoko obrazoven inzenerski Kadar zatoa sto nema skoro nikakvi pogoni, nikakva industrija. Slikata se menuva vo posledno vreme so aktivnosti okolu rudnikot ilovica a eve verojatno i ovaa Firma ke ja razdvizi rabotata.
Back to Top
Navigator View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 678
  Quote Navigator Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 03-Nov-2015 at 17:22
Originally posted by mackomk

Што ќе произведуваат во оваа фабрика? не најдов податок.
Исто како во Штип - навлаки за седишта за автомобили.
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 2271
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 03-Nov-2015 at 17:24
Originally posted by kultuzin

Originally posted by Denko

Nemam nisto protiv. Mojata reakcija bese na ovaa recenica : "Konecno sansa strumicani da pocnat da ziveat od rabota mesto od "goli saltanati"".

Denko "goli saltanati" zatoa sto vo gradot nema "realni" rabotni mesta se e svedeno na trgovija i drugi usluzni dejnosti a site tie rabotat vrz grbot na selanite koi na grb zaedno so dijasporata ja nosat ekonomijata na gradot Strumica. Srumica e grad vo koj skoro i da nema rabita za visoko obrazoven inzenerski Kadar zatoa sto nema skoro nikakvi pogoni, nikakva industrija. Slikata se menuva vo posledno vreme so aktivnosti okolu rudnikot ilovica a eve verojatno i ovaa Firma ke ja razdvizi rabotata.
A koga imalo pogoni i industrija? Zatoa velam, Strumica e zemjodelski kraj i blagodarenie na toa gradot e megu najbogatite vo zemjata. Toa bilo otsekogas taka.
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 03-Nov-2015 at 17:33
Originally posted by Denko

Originally posted by kultuzin

Originally posted by Denko

Nemam nisto protiv. Mojata reakcija bese na ovaa recenica : "Konecno sansa strumicani da pocnat da ziveat od rabota mesto od "goli saltanati"".

Denko "goli saltanati" zatoa sto vo gradot nema "realni" rabotni mesta se e svedeno na trgovija i drugi usluzni dejnosti a site tie rabotat vrz grbot na selanite koi na grb zaedno so dijasporata ja nosat ekonomijata na gradot Strumica. Srumica e grad vo koj skoro i da nema rabita za visoko obrazoven inzenerski Kadar zatoa sto nema skoro nikakvi pogoni, nikakva industrija. Slikata se menuva vo posledno vreme so aktivnosti okolu rudnikot ilovica a eve verojatno i ovaa Firma ke ja razdvizi rabotata.
A koga imalo pogoni i industrija? Zatoa velam, Strumica e zemjodelski kraj i blagodarenie na toa gradot e megu najbogatite vo zemjata. Toa bilo otsekogas taka.

Imalo firmi vo gradot. Sankeram, metaloplast, nemetali ograzden, ZIK Strumica, Grozd, imalo golema predilnica (predara) i drugi firmi koi vo tranzicijata bea ili unisteni ili dovedeni do minimalna egzistencija. Zatoa vo 60, 70, 80 tite ima golema migracija selo - grad.
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 2271
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 03-Nov-2015 at 17:41

Sankeram raboti i denes ako ne se lazam, Grozd isto taka, nemetali Ograzden e rudnik (priridno bogatstvo), na mestoto na ZIK Strumica denes ima uspesni zemjodelci koi proizveduvaat planski i sekoj denar go investiraat so zdrav pamet. Nakratko, ne ti drzi voda prvicniot stav od koj i pocna ovaa debata. Za se drugo, poveke ili pomalku, moze da se soglasam.    
Back to Top
Obedineta Makedonija View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 23-Aug-2011
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 1742
  Quote Obedineta Makedonija Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 03-Nov-2015 at 18:15
Originally posted by kultuzin

Konecno sansa strumicani da pocnat da ziveat od rabota mesto od "goli saltanati"

Да си жив и здрав, потпис и печат имаш за реченицата - џабе те кртикуваат другите, од а до ш се ти е точно во реченицата во една реченица го опиша начинот на кој функционирааат Струмичани!
Создаваме за да имаме, а и тоа што го имаме треба да го чуваме такво какво што е !!!!
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 2271
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 03-Nov-2015 at 18:46
Originally posted by Obedineta Makedonija

Originally posted by kultuzin

Konecno sansa strumicani da pocnat da ziveat od rabota mesto od "goli saltanati"

Да си жив и здрав, потпис и печат имаш за реченицата - џабе те кртикуваат другите, од а до ш се ти е точно во реченицата во една реченица го опиша начинот на кој функционирааат Струмичани!
Ti sekade mora da se umesas. Mnogu jak stav iznese, nema sto. I bogovite gi zamolci. Namesto da doprineses za razvoj na debatata, kako i sekogas kolku da kazes nesto.
PS: Koga prasuvavme i se cudevme zosto ne moze online da se chekira karta na Wizzair na skopskiot aerodrom nigde te nemase. Zatoa prv si so komentar koga nikoj nisto ne te prasuva!
Back to Top
Navigator View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 678
  Quote Navigator Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 27-Jan-2016 at 14:06
„Џонсон контролс“ се проширува во Струмица

Американската компанија „Џонсон контролс“ денеска потпишува нов договор за изградба на втора фабрика во Република Македонија, објави денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Новиот капацитет на „Џонсон контролс“ ќе произведува навлаки за седишта за автомобилската индустрија, а инвестицијата е во вредност од најмалку 20 милиони долари и ќе се реализира ТИРЗ Струмица.

Нашата програма за привлекување странски инвестиции и отворање нови работни места дава резултати и ќе продолжи да дава уште повеќе. Нека е со среќа, објави Груевски на Фејсбук.

"Изградбата на фабриката треба да започне во април годинава, а во погоните е предвидено да се вработат околу 1.500 наши сограѓани од Струмица и Струмичко. Тоа ќе значи и поголем број индиректни нови вработувања во владината слободна економска зона во Струмица.
Денешното потпишување е практична потврда на тоа што го најавив уште во август во Струмица. Тоа е практична потврда и на напорите што ги вложувавме за подобрување на бизнис-климата. Потврда дека тоа што го ветуваме и говориме, навистина го остваруваме.
„Џонсон контролс“ знаат зошто одлучуваат да одат со втора инвестиција во Република Македонија.Со оваа инвестиција во „Џонсон контролс“ ќе се вработат вкупно околу 3000 лица. Разговорите со американската компанија не беа ниту кратки ниту едноставни и се водеа од април до октомври. Еден од круцијалните моменти веројатно беше состанокот кој заедно со Виктор Мизо и нивните претставници го остваривме на почетокот на мај минатата година.
Нашата програма за привлекување странски инвестиции и отворање нови работни места дава резултати и ќе продолжи да дава уште повеќе. Нека е со среќа."

Извор
Back to Top
Navigator View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 678
  Quote Navigator Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 19-May-2016 at 14:02
Почна изградбата на новата фабрика на Џонсон Контролс во ТИРЗ Струмица

Американската компанија „Џонсон Контролс“ почна да ја гради својата нова фабрика во ТИРЗ Струмица. По Штип, американската компанија лоцира производствен погон во Струмица. Инвестицијата е тешка 20 милиони долари, ќе донесе нови 1.500 работни места. Дејноста останува иста, производство на покривки за автомобилски седишта.

-Отворањето на новата фабрика е важен настан. Ова не е само значајна инвестиција од 20 милиони долари, туку истовремено и можност за нови вработувања, кои заедно со оние во фабриката во Штип изнесуваат над 3.000 работни места, вели директорот во „Џонсон Контролс“, Питер Хајфт.

На поставувањето на камен темелникот присуствуваа претседателот на Владата Емил Димитрев, вицепремиерот Владимир Пешевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 878
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 19-May-2016 at 17:41
Па добро, им текнало дека е „новата фабрика“, бидејќи не може баш да се нарече „третата“
Back to Top
Navigator View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 678
  Quote Navigator Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 20-May-2016 at 09:10
Слободно може да се нарече третиот проект на Johnson Controls во Македонија. Ама добро, штом именувањето на третите фабрики на една компанија е главната замерка, на коњ сме.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  12>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down

This page was generated in 0.886 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.