build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Привремени и напуштени објекти

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 14>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Привремени и напуштени објекти
    Posted: 17-Apr-2008 at 01:51
Мислам дека времените објекти заслужуваат да ги разгледуваме во посебна тема. На многу места имаме постови во врска со ова. Иако има адекватни теми кај што можам да ја сместам веста ја еве отворив нова тема.


Чистка на времените објекти кај "Дрводекор"
Времените објекти треба да се расчистат бидејќи Општината следниот месец ќе почне да го уредува Кејот во шеталиште

Реконструкцијата на Кејот од десната страна на Вардар, на потегот од хотелот "Холидеј ин" до раскрсницата пред Народна банка, Општина Центар најавува дека ќе почне во текот на следниот месец. Проектантската куќа ИНПУМА следната недела треба да го предаде главниот проект за уредување на Кејот, а како што велат од Општината, веднаш потоа ќе стартуваат со градежните работи. Лидија Неделковска, шеф на кабинет на градоначалничката на Центар Виолета Аларова, вели дека додека да почне реализација на проектот, и официјално ќе побараат од сопствениците на времени објекти да ги отстранат киосците, за да можат да почнат со уредување на просторот. Овој дел од Кејот на диво се користи како стојалиште за меѓународни автобуси, познато под името "Дрводекор". Во времените објекти се продаваат билети од разни туристички агенции, а дел се претворени во кафеани, сендвичарници и во трафики.
"Ги известивме луѓето дека годинава ќе го уредуваме Кејот и оти ќе мора да ги тргнат времените објекти, но следната недела и официјално ќе побараме од нив да го направат тоа. Верувам дека самите ќе ги тргнат киосците и оти нема да треба да интервенира нашата инспекција", вели Неделковска.
Со проектот е предвидено да се стават нови плочки, нова подземна електрична инсталација, атмосферска канализација, просторот хортикултурно да се уреди, да се стават клупи и канти за отпадоци, како и реквизити за забава на децата. Градоначалничката Аларова на стартот на градежната сезона најави дека годинава планираат да го уредат Кејот од двете страни на Вардар, но сега од Општината велат дека ќе работат само на десната страна.
"Со овој проект ќе се работи десната страна, а потоа ќе се види што точно ќе се прави на левата страна на Кејот, иако делови околу новата црква 'Света Богородица' веќе ги уредивме. Кејот од оваа страна сакаме да го претвориме во вистинско шеталиште каде што свое катче ќе имаат и дечињата", вели Неделковска.
(Е.А.)

http://www.vest.com.mk/default.asp?id=150249&idg=8&idb=2351&rubrika=Skopje
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 08-Oct-2008 at 23:26

Продолжи уривањето на ресторанот „Македонска куќа“

По налог на Градежната инспекција на Општина Центар вчера продолжи уривањето на ресторанот „Македонска куќа“ на Јужен булевар. Објектот што беше од привремен карактер се урива заради реализација на Детаљниот урбанистички план, кој на тоа место предвидува изградба на катна гаража. За истата цел летово се урнаа и угостителскиот објект „Врти сучи“, автосервисот за миење возила, а наскоро ќе мора да се урне и дисконтот на „Тинекс“. Од Центар вчера не знаеја да кажат кога истекува рокот за целосно расчистување на локацијата. Сепак, објаснија дека тоа треба да го сторат во најбрз можен рок, додека Министерството за транспорт и врски распише тендер за продажба на земјиштето. (Дс.Т.)

http://utrinski.com.mk/?ItemID=C618BF7C1C287A46ABED2D5D7B15FC22

Македонска куќа под урнатини


На оваа локација е предвидено да се гради катна гаража со што во голема мера ќе се растерети сообраќајниот метеж во центарот на градов


Кафеаната Македонска куќа од Јужен булевар замина во историјата. Пред два дена почна уривањето на бараките и расчистување на земјиштето сопственост на државата на коешто е предвидено да се изгради катна гаража. Акцијата ја спроведуваат сопствениците на кафеаната, под надзор на градежната инспекција на Општина Центар.

Главниот градежен инспектор Милан Пижула информира дека сите локали на овој потег се уредно известени, а решенијата за дислокација им се врачени пред речиси една година.
- На оваа катастарска парцела, според Деталниот урбанистички план е предвидено да се изгради катна гаража. Ние го расчистуваме, а потоа Министерството за транспорт и врски на јавно наддавање ќе го продаде државното земјиште - вели Пижула.
Расчистувањето на земјишето започна пред четири месеци кога беа урнати кафеаната Врти Сучи и Автопералната до неа, а деновиве се очекува да почне и дислокацијата на бараките на дисконтот Тинекс.

Овие објекти се од времен карактер и некогаш припаѓале на Македонски железници, а досегашните сопственици велат дека многу вложиле во нивната преадаптација. Еден од нив е Божидар Ивановски, кој по цели 11 години работа во Автопералната, добил извршно решение и самиот ја урнал бараката. Сега, заедно со уште тројца работници останал без работа.
- Откако го добив решението поднесов жалба, ама пресудата беше негативна за мене. Не добив ниту обесштетување ниту пак ми понудија резервна локација. Само од мојот локал четири семејства останаа без основни средства за егзистенција - се пожали тој.

Од Министерството за транспорт и врски информираат дека набрзо по расчистувањето на локацијата, земјиштето ќе го оттуѓат на јавно наддавање. Оттаму додаваат дека со изградбата на катната гаража во голема мера ќе се растерети сообраќајниот метеж во центарот на градов, односно ќе се обезбеди поголем паркинг простор, кој во моментов недостасува.

http://vecer.com.mk/?ItemID=4D1D36F0B7CFAF498C797084A71B1BDF

Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 08-Oct-2008 at 23:29
Кога била најавена оваа катна гаража!? И каде точно е Македонска куќа на Јужен Булевар?
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 08-Oct-2008 at 23:34
Некаде на форумов имав постирано слика од рушењето. Ја сликав истиот ден кога ги ставив и рендерите од резидор! Ај ако не ја најдам ќе ја препостирам, ама е стара месец дена!
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 08-Oct-2008 at 23:42

Еве ја сликата! Ја има и на друго место ама сега неможам да најдам каде!
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 08-Oct-2008 at 23:52
А дали некој од вас знаеше дека се гради катна гаража тука?  Јас прв пат слушам сега.
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 09-Oct-2008 at 02:42
@ linea

41°59'21.27"N  21°25'54.69"E
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 04-Feb-2009 at 00:52

Киосци ги окупираа тротоарите

Граѓаните се жалат дека општинските инспекции не казнуваат и премолчено на газдите на трафики им ги „продаваат“ пешачките површини


Само Градот ќе издава согласност за поставување привремени објекти, урбана опрема и мебел

Проширени трафики со сталажи за весници или пак со тенди им го одземаат просторот на пешаците низ Скопје. Но, не само тие. Тука се и фрижидери за сокови и сладоледи, сендвичарници што распослале надвор столови и маси, рекламни паноа закачени за киосците, автомати за кафе.

- Нема веќе човек каде да помине. Локалните власти не казнуваат, а некои за пари и мајките ќе си ги продадат. Таму каде што тротоарите се узурпирани, од авион се гледа дека нешто е дадено под рака - револтирано коментира Јован Димовски, пешак на булеварот Јане Сандански. Ситуацијата со привремените објекти низ Скопје е доста комплицирана, објаснуваат надлежните во општините. Некои од сопствениците имаат некакви дозволи за проширувања, издадени на времето од подрачни единици на Министерството за транспорт и врски. Но, обично и тие стандарди запишани во одобренијата редовно ги злоупотребуваат. Други пак воопшто немаат дозволи, општинските инспекции со години не ги санкционираат, па редовно малку по малку се шират на диво.

Киосците обично се поставени на тротоарите на автобуските постојки, а таму се од пред неколку децении. Оттогаш им се и дозволите на сопствениците кои се' уште им важат. Законот им дозволува на пешачката површина да останат се' до реализација на урбанистичкиот план, односно имаат право да го користат просторот се' додека некој нешто не изгради на таа површина. Изминативе години, поради немање регулатива, не се издаваа дозволи за поставување нови привремени објекти на подрачјето на Скопје.

Но, во наредниот месец конечно се очекува Градот да го усвои правилникот за поставување урбана опрема и привремени објекти. Требаше лани, но од непознати причини тој не стапи во сила. Со усвојувањето, од општините очекуваат поголем ред во Скопје како со урбаната опрема така и со привремените објекти. Сепак, досегашната практика покажа дека ретко кој ги есапи правилниците на Градот.

- Град Скопје ќе изврши корекција на стариот Правилник, во согласност со направените измени во законите за градење и за градежно земјиште. Согласно со Законот за градењето, општините треба да донесат програма за поставување привремени објекти во која ќе бидат нагласени локациите и условите под кои ќе може да се поставуваат привремени објекти на оние површини што се во надлежност на соодветната општина. Програмите на Град Скопје и на општините во градот треба да бидат усогласени, а за сите нив треба да даде согласност Министерството за транспорт и врски. Одобренија за поставување привремени објекти согласно со законот ќе издаваат општините, а Град Скопје ќе издава согласност за поставување привремени објекти, урбана опрема и мебел на подрачјето на градот. Општинските инспекции ќе ги казнуваат тие што не ги почитуваат донесените програми - изјавија градските власти.

Од општините објаснуваат дека измените во новиот Правилник ќе овозможат поставување нови киосци низ Скопје. Со таа разлика што нема да изгледаат како оние што се поставуваа порано, туку би биле типизирани. И во нив е предвидено да се продаваат само весници и спакувани производи.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=2016B037B623CE408DBED9CF8BFE9D71
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 27-Feb-2009 at 00:09

Се уриваат бараките на Здравствен дом „Бит-пазар“

Деновиве почнаа да се уриваат бараките на Здравствен дом „Бит-пазар“, а Општина Чаир дури вчера го достави решението за уривање. Единственото известување од општината дека бараките треба да се урнат било испратено во септември минатата година. Рушењето го запреле вработените од Здравствениот дом. Бараките, во кои со години беше администрацијата на оваа медицинска установа, зафаќаат површина од околу 400 квадратни метри и 800 квадрати слободен простор, се' државно земјиште. Според ДУП, на ова место ќе се гради катна гаража и училиште.

Боби Бојчевски, координатор во Здравствениот дом и советник за финансии, вели дека уште во септември побарале Министерството за здравство да го реши проблемот. Никој нема имотен лист за земјиштето, бидејќи тоа е сопственост на Република Македонија.

„Пред една година ја урнавме библиотеката ’Браќа Миладиновци‘ и со претставниците на Здравствениот дом договоривме да ја преселат и архивата, а потоа да уриваме. Сега тие направија случај од сето ова, иако целта е да се реализира ДУП“, вели градоначалникот на Чаир, Изет Меџити.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=F39F7DC17AF0734E8190BD7C22CFA76A
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 27-Feb-2009 at 22:56
Previous
Колко знам тоа е сопственост на Р. Македонија со дадено користенје на Здраствен дом, но изгледа кај има сила нема ...
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 26-Apr-2009 at 00:50
Се расчистува просторот за рекреативна зона во Аеродром
Скопје
Градежната инспекција на општината Аеродром почна да ги отстранува елементите од базата на градежната фирма „Маврово“ покрај кејот на реката Вардар, на потегот од спортската сала „Јане Сандански“ до мостот „Близнак“. Општинарите објаснуваат дека со отстранувањето на овие погони ќе се овозможело просторот да се уреди и на него да се изградат нови модерни и атрактивни содржини, како што е предвидено во деталниот урбанистички план за тоа подрачје. На таа локација уште од поодамна се предвидува да се направат спортско-рекреативни содржини, а досега имало и најави за инвестиции.

Иницијативата за отстранувањето на елементите од оваа градежна база била на граѓаните што живеат во блиските сини згради во близина на реката Вардар, кои барале просторот да се уреди соодветно, а тоа било и дел од предизборната програма градоначалникот Ивица Коневски.

Со деталниот урбанистички план на местото се предвидуваат спортски содржини, како игралишта, трим-патеки, терени за разни спортови, базени и слично. Идејата целиот потег покрај Вардар во Аеродром да се направи спортски комплекс потекнува уште додека оваа населба беше дел од општината Кисела Вода, кога градоначалник беше Љупчо Димов. Во изминатиов период неколку заинтересирани инвеститори се сретнаа со поранешниот градоначалник на Аеродром Кирил Тодоровски, кој им ја нудеше локацијата за да изградат свои објекти. Турската фирма „Пол Кар“ пројави интерес да најде инвеститор за на тоа место да направи аквапарк. Оваа компанија постои 32 години и досега направила повеќе од 7.000 базени и аквапаркови во Русија, Украина, Грција, Тунис и во други земји, а ја произвела и опремата за 80 отсто од водните забавни паркови во матичната земја. За просторот покрај Вардар интерес покажаа и тајвански инвеститори што ја разгледувале можноста да произведуваат соларна енергија, како и да направат погони за производство на компјутери и на мобилни телефони.
http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=3&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=378&ArticleID=23280
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 27-Apr-2009 at 20:08
јас мислам дека на тој дел убаво ќе дојде едно убаво уредено паркче (иако ги има доста во Аеродром)
а терените и останатите работи мислам да ги остават на просторот до МЗТ
или пак обратно
Back to Top
zpp View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 25-Feb-2009
Location: zaerodrom
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote zpp Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 27-Apr-2009 at 21:11
jas ziveam vo zgradite kaj mavrovo,i mislam krajno vreme bese da se resi najgrdata slika na aerodrom. za toa mesto mislam deka se predvideni fudbalski,teniski igralista kako i izgradba na diskoteki(ne sum siguren). 
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 07-May-2009 at 11:54
Се уриваат трафиките на Водњанска, ќе се гради деловен објект

Општина Центар вчера почна да ги урива трафиките на улицата Водњанска, во близина на Средното медицинско училиште. Инспекторите од Општината, со интервенција на полицијата, вчера со багер ги отстрануваа единаесетте трафики кои педесетина години се наоѓаат на оваа локација. Од Општина Центар велат дека трафиките ги уриваат бидејќи на овој простор, според Деталниот урбанистички план, е предвидена изградба на деловен објект. Овие објекти биле од времен карактер и за нивното отстранување сопствениците биле известени уште лани во ноември.

http://www.vest.com.mk/?ItemID=3D33BC5DA924BD4E8384FD88457CD552
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4091
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 07-May-2009 at 18:13
znae li nekoj kade e tocno lokacijata??
Back to Top
46&2 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-Jan-2008
Location: Куманово
Online Status: Offline
Posts: 347
  Quote 46&2 Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 07-May-2009 at 18:38
Originally posted by my Macedonia

znae li nekoj kade e tocno lokacijata??
 
41°59'29.50"N
21°25'21.80"E
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 09-Jun-2009 at 02:27

Во Аеродром место само за типски киосци

Во Нацрт-програмата што ја усвои Советот на општината се прецизирани локациите, изгледот и условите за поставување и за користење на привремените објекти

Сите трафики на територијата на Општина Аеродром до крајот на годинава треба да добијат ист, унифициран изглед. Вака одлучи Советот на општина Аеродром на последната седница, со изгласувањето на Нацрт-програмата за поставување привремени објекти и урбана опрема за 2009 година. Целта на програмата е детаљно да се утврди на кои локации каква урбана опрема ќе се поставува и да се воспостави ред во оваа област. Наведени се само основните правила според кои ќе се третираат летните тераси и трафиките, но не е прецизирано кој ќе го поднесе трошокот за набавка на новите киосци, дали општината или сопствениците.

Градоначалникот на Аеродром, Ивица Коневски, објаснува дека со програмата за поставување на привремените објекти и урбаната опрема ќе се направи нивна евиденција, ќе се подобри естетскиот впечаток за општината и ќе се уреди и облагороди просторот.

- Со оваа програма Општината ги утврди сите видови привремени објекти и урбана опрема што ќе се поставуваат во Аеродром, нивните локации, како и начинот и условите за нивното поставување, дислоцирање и отстранување. Голем дел од постојните привремените објекти воопшто не беа евидентирани и закупците и да сакаа, не можеа да си ги намируваат обврските кон Општината. Наша идеја е со овој правилник точно да се знаат локациите на сите трафики и нивната точна квадратура. Со програмата не е предвиден конкретниот изглед на трафиките, но е наведено дека ќе бидат типски. За нивниот изглед ќе распишеме посебен тендер и општинска комисија ќе го одбере најповолното решение. Се' уште не сме решиле кој ќе ги плати новите типски објекти, дали тоа ќе биде во договор со закупувачите или, пак, чисто општинска инвестиција. Но, како и да е, Општината нема намера ниту размислува да ги избрка старите закупци на објектите. Оваа програма се носи само за да се воведе ред во општината - вели Коневски.

На територијата на Аеродром има стотици трафики. Многу од сопствениците го зафаќаат и јавниот простор околу трафиките со фрижидери за сладолед, клупи за седење и дополнителни тезги за разновидна стока. Некои киосци, наместо да се користат за продажба на весници и друг вид стока, се пренаменети во ќебапчилници или вршат други видови угостителски дејности.

Со новата програма, Општината ќе се обиде да ја спречи оваа појава и строго да ја ограничи дејноста што може да се врши во трафиките. Наведено е дека привремените објекти треба да бидат приземни, со максимална висина на венец од 3,5 метри. Не се дозволува надградба, доградба и други надворешни и внатрешни интервенции. Во врска со летните тераси на кафетериите е наведено дека сета опрема што ќе биде поставена треба да е во согласност со микролокациските услови, со високоестетски вредности, вклопена во пејзажот на околината. Опремата не смее да ја нарушува безбедноста во сообраќајот. Во Нацрт-програмата стои и дека трошоците за одржување, дислокација и отстранување на привремените објекти и на урбаната опрема паѓаат на товар на инвеститорот. А за привремените објекти и урбаната опрема што ги поставува Општина Аеродром, трошоците ќе се платат од општинска каса.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=5B62054A5149F7418908DA1905EE3248
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 11-Aug-2009 at 14:52

http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=58&PID=44823#44823

оваа вест ме натера да размислувам како утсвари треба да изгледаат и каде да се постават ваквите објекти (трафики). Мислам дека град како Скопје треба да пропише критериум како треба тие да изгледаат и да се инсистира на нивна униформност. Друго со план точно треба да се знае каде смее да има вакви трафики, дури и не би ги нарекол времени објекти бидејќи на некои локации каде што е целосно изграден ГУП (како на пример Бул.Јане Сандански), со убаво планирање, изглед и дозвола до колку метри околу секоја од нив смее да користи, не гледам причина таквите објекти да не бидат и трајни. Проблемот со неуниформноста на трафиките, нивните договори и надокнади кои тие ги плаќаат на градот сметам дека се исто така нетранспарентни. Дали на пример Тобако во аеродром плаќа за целиот простор кој го користи?

Инаку се согласувам со акцијата, доколку е планирана сообраќајница, и ваквите објекти сметаат, сепак и да се трајни треба да се отстранат, а понатака сопствениците нека се расправаат дали треба или не да бидат обесштетени. Па во случајот со Водњанска и траен објект прави повеќе од 10 години вистинска тортура на цело Скопје и пошироко имајќи во предвид колку е фрекфентна Водњанска.


Edited by Cloverstack - 11-Aug-2009 at 23:23
Back to Top
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 11-Aug-2009 at 21:57
Originally posted by UrbanFreak

...како утсвари треба да изгледаат и каде да се постават ваквите објекти (трафики). Мислам дека град како Скопје треба да пропише критериум како треба тие да изгледаат и да се инсистира на нивна униформност. Друго со план точно треба да се знае каде смее да има вакви трафики....

Добра идеја. Нешто слично сакавме да напраиме уште додека бевме на факултет, со неколку колеги, поточно сакавме да направиме некој дизајн, униформиран, модуларен во кој што ќе влезат трафиките и автобуските постројки, со тоа што денес ова поинаку го гледам. Тогаш дури и размислувавме пр. да имаат и скараџилниците (спикани во трафики) да имаат униформиран оџак и сл., ама кога поубаво ќе се изанализира, прво што е погрешно е што се дозволува во овие објекти да се продава што ќе им текне на сопствениците,  а се знае дека тие со својот капацитет тоа не можат да го поднесат (само како пример ќе земам една такозвана „скара на кило“ во моја близина што праеше крш во едно време и се чекаше ред за маса, а во исто време немаше wc). Прво треба да се ограничи една листа на производи што би можело да се продаваат во овие објекти, нешто што се користи кратко (марамчиња, цигари, мастики, весници...) и да се забрани продажба на пиперки, пиво или шампони. Тоа што е посебно важно е тоа што овие објекти не смее да имаат голема димензија во однос на ширината на тротоарот и поради тоа што влегуваат во уличниот профил треба прецизно да се одредат локации (проширени делови од улицата, дел од коридорот каде што е зеленило и сл.) каде што може да се постават. Сега сме навикнати да бидат нараснати по ширината на целиот тротоар и да мора како пешаци да се движиме по улица, што е тотално безвезе и никаде во светот не може да се сретне. Ова е случај и со едни понови автобуски постројки што се заградени од сите страни и што зафаќаат 80% од ширината на тротоарот.

Може звучи носталгично, ама со старите скопски трафики и автобуски станици имаше ред. Требаше да се задржи концептот, а да се обноват објектите кои беа застарени...

А за овие од Илинденска, мислам дека сега се поравнува сметката. Во еден период беа главен снабдувач на малолетници со алкохол во летниот период во паркот, па и не ми е толку жал, а и без тоа изгледаа катастрофално на влезот во паркот...

MAKE CAPITALISM HISTORY
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 12-Aug-2009 at 06:00
Некои градови низ свет па воопшто ги изоставаат трафиките како опција. Прават гужва голема, едноставно трн у здрава нога и тотално непотребна глупост. Обично тоа многу решно се дешава низ свет, а и скопје им апредиспозииции, односно се практикува деловниот простор во зградите доле. Е сега проблем кај нас е пречката поради која во станбена зграда со деловен простор доле неможе да се одобри работно време за 24ч.

Не сум точно сигурен, но мислам дека во Париз се отстранети трафиките и се оставаат само едни многу мали трафики во кои исклучиво се продава цигари, со тоа што сигарите се забранети за продажба во редовни колонијали и продавници туку исклучиво во ваквите трафики. едноставно автомати за цигари со човек во нив. И толку од трафики.

Локацијата за трафика е привилегија, а не право! И да се спуштат на земја малку сопствениците зашто не се во право. Па уште види, пак ќе спомнам, барале нив општината да им докажува дека ќе го спроведад ДУП-от. Не се они ниту суд, ниту инспектори ниту ревизија. Да се спаковаат додека се уште на добра воља од општина.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 14>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.219 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.