Author |
Topic Search Topic Options
|
dejan
Senior Member
Joined: 01-Sep-2007
Location: Australia
Online Status: Offline
Posts: 672
|
Quote Reply
#1 Topic: Градски парк Скопје Posted: 29-Jan-2008 at 12:58 |
Od Vreme, prv pat slusham za ova ВО ГРАДСКИОТ ПАРК
Ќе се гради отворен театар
Отворен
театар со летна сцена и со гледалиште за разни манифестации, предвидува
нацрт-деталниот урбанистички план за централниот дел од Градскиот парк.
Покрај тоа, во план е и изградба на изложбен салон, терени за спорт и
рекреација, водни површини. Исто така, ќе се прават и улици и пешачки
патеки, а ќе се уредува и зеленило за паркот и како заштита. Планот,
кој опфаќа површина од 34, 88 хектари, беше усвоен на последната
седница на советот на Општина Карпош. Во овој дел од паркот веќе постои
јапонската градина со бонсаи, објект на кајакарскиот клуб, кој доби
можност за проширување и маркичка за приземје и за еден кат.
|
|
gotsomekicks
Senior Member
Joined: 01-Sep-2007
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 305
|
Quote Reply
#2 Posted: 29-Jan-2008 at 21:16 |
Ууу па ова е кон крајот на паркот, накај Палас. Е тој дел стварно е штур и дефинитвно би му дошло супер едно фино уредување. Одлична идеја е ова отворен театар. Паркот во лето е преполн, па зошто да нема некои културни занимации. Може ептен звучи идеалистички али од секогаш сум замислувал онака едно катче така у парк со отворен театер каде млади аматери (а богами и професионалци) си организираат претстави и се забавља народ. Школка е закон фора, зашто да не се проба и нешто вакво?
|
|
Supervisor
Senior Member
Joined: 28-Jan-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 1220
|
Quote Reply
#3 Posted: 29-Jan-2008 at 21:18 |
добра идеја дефинитивно
|
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
|
|
dejan
Senior Member
Joined: 01-Sep-2007
Location: Australia
Online Status: Offline
Posts: 672
|
Quote Reply
#4 Posted: 30-Jan-2008 at 01:48 |
Sto se pravese vo toj del na parkot...jas koga bev vo 2006, vidov nekoj mnobu ubavi cvekinja, nesto se ureduvase...
|
|
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#5 Posted: 30-Jan-2008 at 01:51 |
Originally posted by dejan
Sto se pravese vo toj del na parkot...jas koga bev vo 2006, vidov nekoj mnobu ubavi cvekinja, nesto se ureduvase...
|
Веројатно bonsai градината, тогаш се довршуваше
|
|
dejan
Senior Member
Joined: 01-Sep-2007
Location: Australia
Online Status: Offline
Posts: 672
|
Quote Reply
#6 Posted: 30-Jan-2008 at 01:55 |
Ahh da.
|
|
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#7 Posted: 29-Apr-2008 at 19:17 |
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=956D89628760DF43AB1A1A01F8F65CB5
„ПАРКОВИ И ЗЕЛЕНИЛО“ НАЈАВУВА ОБНОВА НА ГРАДСКИОТ ПАРК
Цветна алеја околу Споменикот на Делчев
Ќе се поплочи просторот пред отворената сцена и ќе се реновира фонтаната „Лотосов цвет“
„Паркови
и зеленило“ годинава планира да го „свете“ првиот дел од Градскиот парк
и да го збогати со нови содржини. Најголем акцент ќе биде
ставен на просторот кај Споменикот на Гоце Делчев, кај ресторанот
„Кермес“ и кај фонтаната „Лотосов цвет“.Во првата фаза од проектот ќе
се изврши поплочување на просторот пред отворената сцена,
таканаречената „школка“ и ќе се реновира фонтаната „Лотосов цвет“. Од
претпријатието најавуваат дека ќе биде комплетно обновен и целиот
простор околу неа, со површина од 2.718 квадрати, кој со години е
запуштен. Таму плочките одамна се искршени, а од клупите се останати
само мали парчиња штици, кои потсетуваат на „златните времиња“ на овој
атрактивен градски простор.Ќе биде уреден и просторот кај Споменикот на
револуционерот Гоце Делчев, а кај ресторанот „Кермес“, чија изградба е
запрена, ќе биде подигнат растителен лавиринт во барок-стил. На крајот
ќе се формира и алпинетум со македонска флора. Кај Споменикот на Гоце
Делчев ќе засадиме двоен дрворед, а постојниот ќе го дополниме со нови
дрвја. Ќе направиме алеи од Споменикот до Градскиот стадион, што ќе ги
поврзат платото, фонтаната, стадионот, објектот „Кермес“ и приодот од
улицата Наум Наумовски-Борче. Целата алеја ќе биде направена со
потпорни ѕидови и цветни површини во различни бои, а на постојните
тревни површини во околината ќе биде насадена богата вегетација во
живописни комбинации. Со тоа ќе му се стави акцент на Споменикот на
Гоце Делчев, околу кој се предвидува мало плоштатче со места за седење
- објаснуваат од „Паркови и зеленило“.Делот од паркот што се граничи со
улицата Наум Наумовски-Борче ќе се засади со жива ограда и со други
насади, кои ќе ја редуцираат бучавата и загадувањето од фреквентниот
сообраќај. Од претпријатието велат дека дрворедите, алпинетумот и
живата ограда ќе бидат засадени наесен бидејќи тогаш за нив е
најповолниот период.Освен проектите на „Паркови и зеленило“, и
градските власти најавија дека годинава ќе вложат во обновата на
паркот. Тие ќе ја финансираат замената на тревата, која е засадена пред
повеќе децении и чиј рок на траење е поминат.Ќе бидат нанесени нови
слоеви тампон и хумусна земја. Замената на тревата ќе почне по
завршувањето на ребалансот на буџетот, со кој за оваа интервенција ќе
бидат одвоени околу еден милион евра - велат од Градот.Оттаму додаваат
дека за партерно уредување на просторот околу Споменикот на Гоце Делчев
веќе е распишана јавна набавка.Градскиот парк е најголемата зелена оаза
во Скопје и се протега на површина од околу 600.000 квадратни метри.
Анела Петрова |
|
|
La Linea
Senior Member
Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
|
Quote Reply
#8 Posted: 29-Apr-2008 at 20:47 |
Не знам дали сте приметиле, ама на споменикот на Гоце Делчев никаде не го пишува неговото име
|
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
|
se_manda
Senior Member
Joined: 15-Nov-2007
Online Status: Offline
Posts: 259
|
Quote Reply
#9 Posted: 30-Apr-2008 at 14:26 |
ovie resile cel park so beton da go napraat izglea.ke poplocuvale pred skolka,ke poplocuvale okolu gocka.ok si e on,taman koa vlagas u park pred tebe e.valjda sakaat sea da go istaknat poise poso site ke buljaat u WCto (kermes) na trifun
|
|
zabegan
Senior Member
Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
|
Quote Reply
#10 Posted: 18-Aug-2008 at 19:54 |
не знаев каде да го кажам ова, па си реков тука кај споменикот на Гоце Делчев во паркот се менуваат плочките и се неадевам и мермерот на самиот споменик, поминав минатиов викенд одтаму, беше заградено со лента и беа извадени старите плочки ова доста ме радува не можев да најдам инфо или слики, но сепак..........
|
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#11 Posted: 19-Aug-2008 at 22:21 |
Еве поткрепа за ова што го збориш. Бидејќи се работи за целосна реконструкција на влезот во паркот а и најава за обнова на градскиот парк ти го префрлив постот во нова нишка. Самата вест е одлична. Имаме многу убав парк и би било одлично малку подобро да се уреди и одржува. Одличен старт и на вистинско место.
ГРАД СКОПЈЕ ПОЧНА ДА ГО РЕКОНСТРУИРА ГРАДСКИОТ ПАРК
Травертин ќе го разубави грдиот влез
Ќе се
реконструира осветлувањето, ќе се постави нова урбана опрема, ќе се
уреди алејата околу споменикот на Гоце Делчев и ќе се санираат клупите
за одмор околу фонтаната
Стариот
и руиниран Градски парк ќе добие нов лик. Градежни работници веќе два
дена работат на целосна реконструкција на партерот околу фонтаната
Лотос и на влезот во паркот пред алејата на споменикот на Гоце Делчев.
За уредувањето, Град Скопје ќе издвои околу три милиони денари. -
На површина од 2800 метри квадратни ќе се отстранат искршените плочи и
на нивно место ќе се постават нови травертински плочки. Истовремено ќе
се изврши реконструкција на осветлувањето, ќе инсталираме нова урбана
опрема, ќе ја уредиме алејата, а ќе ги санираме и клупите за одмор
околу фонтаната - информираше Љупчо Пандиловски, одговорен во
Одделението за односи со јавност на Град Скопје. Скопјани се задоволни што по неколку години ветување почна уредувањето на нивното омилено место за одмор и рекреација. -
Паркот изгледа многу грдо, а наедно и многу тажно. Обезглавени
споменици, искршени клупи и корпи за отпадоци... а влезот од
Илинденска, скалите кон споменикот Гоце Делчев и чкртаниците на него,
срамота! Видете колку пешачки патеки се оставени без асфалт. Убаво што
почнаа ама, заедно со ова треба да се преземат мерки и за спречување на
дивеењата што редовно се случуваат во ноќните часови - вели
пензионерката Ратка Спировска, која живее во близина. И стариот
маџирмаалец, чичко Ванчо, секој слободен момент го користи за прошетка
и одмор во паркот. - Јас имам фотографија од 50-тите години кога
го поставуваа споменикот, да видите како тогаш изгледаше. Шаренило од
цвеќе, негувана трева, мали но, уредени патеки. Ова сега е ругло" -
вели тој. Градските власти најавуваат дека ќе ги избришат и
недоличните графити на спомениците, а ги чекаат измените на неколкуте
најавени закони за комунален ред за да воведат нови, урбани норми на
однесување на јавните површини. Сметаат дека предвидените санкции и
казни ќе придонесат за воспоставување на нов куќен ред. Со
реконструкцијата на влезот, почнува првата фаза од проектот за
комплетно уредување на целиот парк.
| http://www.vecer.com.mk/?ItemID=70BADCB81511D64A8F12F0D4B11F1E08
|
|
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#12 Posted: 19-Aug-2008 at 23:35 |
Треба да се рамислува и за реновирање на патеките низ градскиот парк. И тоа цел парк, сите патеки да бидат исти. Мислам на сите делови од паркот, од Лотос до Балканика. Сооглед на тоа што асфалтното решение на почеток убаво изгледа има маано што после неколку години асфалтот се рони и не изгледа на ништо. Бекатон.... преку глава од бекатон, поготово црвен. Земјеното, песочното решение се покажа како неуспешно порани нужното редовно оддржување. Сметам дека најдобро решение е како на плоштад со оние црно-сивите плочки, гранит се мислам. Само што ова е најскапо решение, инаку е најцрвто, најдобро личи, едноставно за местење и санација.
|
|
zabegan
Senior Member
Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
|
Quote Reply
#13 Posted: 29-Aug-2008 at 14:45 |
да не знае некој што се случи со плочките што ги извадија околу споменикот на Гоце
|
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#14 Posted: 30-Aug-2008 at 17:37 |
|
|
zabegan
Senior Member
Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
|
Quote Reply
#15 Posted: 31-Aug-2008 at 15:09 |
нели може да се заменат и плочките на самиот споменик, наместо да ги чистат, но сепак не им се мешам многу, само нека го средат па ќе коментираме
|
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#16 Posted: 02-Sep-2008 at 12:57 |
ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАВА
Искршените мостови во Градскиот парк ќе добијат нов лик
За реконструкцијата на мостовите ќе бидат потребни околу 10 милиони денари, кои се обезбедени од буџетот на Градот
Градските власти ќе ги реконструираат мостовите во Градскиот парк.
Според програмата на Градот, во првата фаза машински и рачно ќе се
отстранува оштетениот асфалт пред мостовите. Со тампонски слој ќе се
пополнат деловите од кои ќе се отстрани асфалтот, а потоа со камени
плочи ќе се поплочат скалите и платото пред нив. Во втората фаза ќе се
зајакнува постојната метална конструкција со профили и ќе се
реконструира оградата со поставување украсни орнаменти, со што ќе се
разубави постојниот лик. Потоа ќе се врши комплетна промена на дрвените
греди на мостовите, кои се целосно оштетени. Проектот ќе финишира со
изведба на инсталација за осветлување на мостовите, кои сега се без
светло.
За реконструкцијата на мостовите ќе бидат потребни околу 10 милиони
денари, кои се обезбедени од буџетот на Градот. Мостовите во Градскиот
парк, според најавите од Градот, треба да добијат нов лик до крајот на
годинава. Градски власти пред неколку години ги обновија мостовите, но
обновените делови беа со краток век. Штиците на мовчињата се искршени,
оградата, онаму каде што ја има, е оштетена, а уништени се и скалите и
асфалтот околу нив. |
http://www.vest.com.mk/default.asp?id=156409&idg=8&idb=2464&rubrika=Skopje
|
|
maestro
Senior Member
Joined: 02-Aug-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 505
|
Quote Reply
#17 Posted: 04-Sep-2008 at 19:26 |
алелуја! имаме златен градски парк, само уште да го одржиме како што треба!
инаку веста за реконструкција е повеќе од супер!
и да има помасовна контрола навечер...
|
|
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#18 Posted: 22-Sep-2008 at 06:29 |
Ќе се реконструираат мостовите во Градскиот парк |
|
|
|
Автор: Гоце Трпковски |
|
Градските власти во соработка со јавното претпријатие „Паркови и
зеленило“ целосно ќе ги реконструираат мостовите во првиот и во вториот
дел на Градскиот парк. Градот веќе подготви програма во пет фази според
која ќе се врши реконструкцијата, а таа беше усвоена и од градскиот
совет на последната седница. Според процените, за оваа активност ќе
бидат потребни околу десет милиони денари од градскиот буџет, а таа
треба да биде изведена до крајот на годинава.
Од градот најавуваат дека новите конструкции ќе бидат потешки за оштетување и за крадење, па очекуваат тие да траат подолго.
- Распространетоста на каналската и на езерската мрежа го прават
паркот пријатно место за рекреација. За движењето на посетителите се
изградени асфалтни патеки и мостови. За жал, премините се во лоша
состојба поради несовесните посетители што ги оштетуваат или ги крадат
дрвените греди и другите елементи. Поради тоа се предвидува нивна
реконструкција и санација што ќе оневозможи лесни оштетувања. Со неа ќе
им дадеме и нов и поубав лик на мостовите - велат оттаму.
КАМЕНИ ПЛОЧИ НАМЕСТО АСФАЛТ
Во првата од петте фази треба да се отстрани асфалтот од
површините на и околу мостовите и да се транспортира на 20 километри од
паркот. Потоа ќе се постави слој од тампон на платоата пред скалите и
косините на влезовите од мостовите. Овие површини се планира да се
обложат со камени плочи со боја што одговара на околниот амбиент. Тие
што имаат бетонска конструкција ќе се бетонираат за да се зацврстат.
Зајакнувањето на металната конструкција ќе се изврши во втората
фаза со поставување однапред изработени шипки. Тие ќе бидат широки по
пет и по 15 сантиметри. Ќе се заварат и ќе се точат на самите места.
Таму каде што има потреба, со метални шипки ќе се продолжат оградите за
да се обезбеди заштита и на скалите и на косите рампи. Се предвидува на
страничните огради да се постават украсни орнаменти за да се разубави
ликот на мостовите, а за тие во првиот дел од паркот ќе се прави
целосно нова украсна метална ограда.
По овие активности ќе следи менувањето на старите дрвени греди со
нови. Сите греди ќе се отстранат и ќе се донесат нови со дебелина од
пет сантиметри, кои ќе бидат претходно подготвени според соодветните
димензии на секој мост. Тие ќе се прицврстат за постојните конструкции.
Изолацијата и боењето ќе следуваат во претпоследната фаза. Гредите ќе
се премачкаат со средства за заштита на дрвото во повеќе слоеви, а врз
металните делови ќе се нанесат антикорозивни премази и потоа тие ќе се
бојадисаат со мрсни бои. На крајот од оваа програма се предвидува да се
осветлат мостовите во првиот дел од Градскиот парк, со тоа што на нив
ќе се постави целата потребна инсталација.
В ГОДИНА ОБНОВА И НА ЗЕЛЕНИЛОТО
Во градскиот буџет за наредната година ќе се предвидат пари за
целосна обнова на зеленилото во Градскиот парк, рече градоначалникот
Трифун Костовски на една од последните седници на советот наменета за
советнички прашања. Тој го најави тоа откако беше запрашан од
советникот Коле Манев зошто тревата во паркот е сува, а таа околу
градските бараки е зелена и редовно се одржува.
- На што се должи таа состојба? Зарем нашиот двор е поважен од паркот што го користат сите граѓани - праша Манев.
Костовски на тоа одговори дека потребата од обнова на зеленилото постоела уште поодамна.
- И додека Љупчо Димовски управуваше на јавното претпријатие
„Паркови и зеленило“ беше утврдено дека паркот не бил реконструиран
цели четири децении. Поради тоа тој треба целосно да се обнови. Во
годинешниот буџет не се предвидени пари за таква инвестиција, но ќе се
обидеме да ги предвидиме во тој за наредната година - додаде Костовски. |
http://novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=188&ArticleID=7507
|
|
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#19 Posted: 07-Oct-2008 at 22:17 |
Подготвен терен за нови плочки
На
потегот од улицата Илинден кон платото пред споменикот на Гоце Делчев,
на влезот во Градски парк, екипи на ЈП "Улици и патишта", деновиве
завршија со поставување на армирано -бетонска подлога врз која ќе се
редат нови плочки. -Дотраените и оштетените мермерни плочки околу
фонтаната Лотос се отстранети и поставена е нова подлога. Во Градот во
моментот тече тендер за поставување на плочки. Со активностите е
опфатена површина од околу 2.800 квадратни метри, велат во Градот.
Оттаму додаваат дека по уредување на партерот, ќе го обноват и
постаментот на споменикот Гоце Делчев.
Во рамките на реконструкцијата на влезната партија во Градскиот
парк, Град Скопје веќе постави и нови канделабри околу платото пред
фонтаната Лотосов цвет и покрај споменикот на Гоце Делчев.
http://vecer.com.mk/?ItemID=F5ACE51A8DE3F74AB66CBF51278DB422 |
Зарем само до тука е работата?! By the way едитирајте го последниот пост на вардар има некоја грешка што се коси со html кодот. Грешката е во предходниот пост!!!
Edited by lslcrew - 07-Oct-2008 at 22:18
|
|
zabegan
Senior Member
Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
|
Quote Reply
#20 Posted: 07-Oct-2008 at 22:55 |
и јас се зачудив кога поминав од таму пред некој ден зошто волку бавно? барем вакви работи (мислам само на плочките) брзо да се завршуваат П.С. Не мора сега за секоја плочка да не известуваат
|
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|