build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Административни
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Обнова на Офицерскиот дом

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1234 27>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 19-Apr-2008 at 13:38
@Joans doticniot proekt e na Slobodan Zivkovski

@mitatos rimska arhitektura e ubava no koga e od rimsko vreme . Vakva novokomponirana pripadja vo nekoj tematski park ili vo Las Vegas eventualno. Sigurno ne na nasiot glaven plostad
Back to Top
JoAnS View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 18-Apr-2008
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote JoAnS Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 19-Apr-2008 at 13:42
Фала за информацијата Smile
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 19-Apr-2008 at 14:00
Интервју со Слободан Живковски. Сега сум сигурен дека станува збор за пародија http://www.forum.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=172&EditionID=118&ArticleID=3762&Page=1


ЕДИТ: Какво разочарување. Си имаме работа со уште еден Вангел Божиновски уствари.
http://www.kapital.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=65&EditionID=561&ArticleID=12610
  • Кажете ни нешто повеќе за вашиот проект. Што треба да претставува тој?

Живковски: Композицијата на објектот е составена од три волумена кои треба да ги  симболизираат трите периоди на македонската државност –античка Македонија, Самоиловото царство и современа Македонија. Тие треба да го симболизираат континуитетот на македонскиот идентитет и покрај сите неповолни историски околности.

Архитектонскиот стил е избран од повеќе причини. Неопходноста да се изгради и афирмира свеста кај граѓаните дека овој стил не е е туѓ, туку е дел од нашата градителска и естетска традиција.  

Тоа е стил кој во својата основа ја има идејата за вечноста и константните вредности, стил кој воедно симболизира моќ, елеганција и дисциплина. Поради тоа целокупната западна цивилизација, кога имала потреба од објекти од вонвременски карактер со константни естетски вредности.

Содржински овој примарно треба да биде национален музеј. Секундарната содржина треба да биде мултимедијален простор.




Edited by La Linea - 19-Apr-2008 at 14:07
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 19-Apr-2008 at 14:50

Живковски: Композицијата на објектот е составена од три волумена кои треба да ги  симболизираат трите периоди на македонската државност –античка Македонија, Самоиловото царство и современа Македонија. Тие треба да го симболизираат континуитетот на македонскиот идентитет и покрај сите неповолни историски околности.

Архитектонскиот стил е избран од повеќе причини. Неопходноста да се изгради и афирмира свеста кај граѓаните дека овој стил не е е туѓ, туку е дел од нашата градителска и естетска традиција.  

 
Doh Suicide 
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 19-Apr-2008 at 16:52
Crazy

Bonk
Back to Top
shyes View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2007
Location: Australia
Online Status: Offline
Posts: 259
  Quote shyes Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 21-Apr-2008 at 10:21
Мене ми изгледа супер,  
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 30-Jun-2008 at 15:13
Офицерскиот дом бил место за забава на српските офицери

Некогашниот Офицерски дом во Скопје го изградила српската војска како место за забава на офицерите, другите воени лица и на нивните пријатели. Камен-темелникот на Офицерскиот дом бил ставен во 1925 година, а бил комплетно изграден во 1929 година на местото на Бурмали џамија. Бил граден по проект на рускиот архитект Вилием Баумгарген. Тој претставувал најимпозантна градба со многу сали, простории за забава и разонода, раскошен инвентар и опрема, лустери со огромни димензии кои биле подарок од кралот Александар Караѓорѓевиќ и со саатен механизам на кулата што можел да се чуе и види од цел град.
Офицерскиот дом бил еден вид градска куќа со огромна и светла сала во која се организирале најубавите забави и балови. Во него обично се свирела воена музика, но имало и забави со џез-музика и модерни танци. Гости во Офицерскиот дом биле луѓе кои во градот важеле за елита, кои биле претставници на градската класа. За да можат скопјани да влезат во Офицерскиот дом требале да бидат негови членови. За зачленување пријавите морале да бидат заведени од одредени комори и признати здруженија. Сите членови при доаѓањето на забавите во Офицерскиот дом морале да ја носат со себе членската карта. Членовите можеле со себе на баловите и матинеата да носат и свои гости.
Скопјани во Офицерскиот дом оделе и да играат шах и билијард. Во него имало и читалница со странски и домашни весници.
Офицерскиот дом бил урнат во катастрофалниот земјотрес во 1963 година. Наскоро Владата ќе почне да гради нов Офицерски дом на местото на поранешниот. Надворешно новиот Офицерски дом ќе биде идентичен на стариот, различен ќе биде внатре. Во него ќе се смести Градска куќа, сала за матично, а ќе има и други простории за свечености.


http://www.vest.com.mk/default.asp?id=153503&idg=8&idb=2411&rubrika=Skopje

Back to Top
evolutionary View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 198
  Quote evolutionary Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 30-Jun-2008 at 16:55
Na toa mesto srpskite oficeri se zabavuvale so prostitutki, i toa e ok. Ama deneska vo Makedonija ne postoi nikakva vojska, pa i da receme deka postoi, taa pak si ima go ima Domot na ARM (koj go iskoristuvaat "maksimalno"), taka da ne znam koja bi bila pricinata da se vozobnovi toj objekt? Ako se gradi nesto na ovaka vazno mesto, neka bide nesto sto pod itno mu e potrebno na gradov, a ne da vozobnovuvaat bezvredni spomenici...

Edited by evolutionary - 01-Jul-2008 at 04:36
Knowledge Reigns Supreme Over Nearly Everyone
Back to Top
dejan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Australia
Online Status: Offline
Posts: 672
  Quote dejan Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 01-Jul-2008 at 03:36
Daj pazi si gi zborovite plz.


Back to Top
evolutionary View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 198
  Quote evolutionary Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 01-Jul-2008 at 04:36
Vo red, se izvinuvam. Dobro e sega?
Knowledge Reigns Supreme Over Nearly Everyone
Back to Top
dejan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Australia
Online Status: Offline
Posts: 672
  Quote dejan Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 01-Jul-2008 at 05:51
Dobro e fala!
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 01-Jul-2008 at 22:01
немаше да биде за АРМ, можам да си го замислам во денешно време како музеј, простор за некои мали свечености, изложби итн , ама тоа само во моите мисли Nuts








Edited by zabegan - 01-Jul-2008 at 22:03
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 02-Jul-2008 at 10:19
Originally posted by zabegan

немаше да биде за АРМ, можам да си го замислам во денешно време како музеј, простор за некои мали свечености, изложби итн , ама тоа само во моите мисли Nuts



Па за тоа ќе му биде и новата намена... Канцеларија на градоначалникот, сала за венчавки и сала за свечености/изложби/приеми.
Back to Top
evolutionary View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 198
  Quote evolutionary Quote  Post ReplyReply #34 Posted: 02-Jul-2008 at 10:54
Sala za vencavki e eufemizam za sala za turbo-folk svadbi od malogragjanska vrsta:(
Knowledge Reigns Supreme Over Nearly Everyone
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #35 Posted: 02-Jul-2008 at 10:59
Originally posted by evolutionary

Sala za vencavki e eufemizam za sala za turbo-folk svadbi od malogragjanska vrsta:(


Мислев на церемонијалната сала што сега се наоѓа во бараките во парк Не за сала за прослави
Back to Top
evolutionary View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 198
  Quote evolutionary Quote  Post ReplyReply #36 Posted: 02-Jul-2008 at 11:09
Ne sum razbal ubavo. Btw koga sme kaj park, sto e so Kermes?
Knowledge Reigns Supreme Over Nearly Everyone
Back to Top
dejan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Australia
Online Status: Offline
Posts: 672
  Quote dejan Quote  Post ReplyReply #37 Posted: 02-Jul-2008 at 11:51
Dedomi mi imal kazhano deka vo negovo vreme, koga bese igraorec vo Tanec, mnogu pati bil pokanat da igra tamu.
Back to Top
evolutionary View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 198
  Quote evolutionary Quote  Post ReplyReply #38 Posted: 04-Jul-2008 at 04:51
More da ne ima posebna nishka za Kermes?
Knowledge Reigns Supreme Over Nearly Everyone
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #39 Posted: 26-Aug-2008 at 23:27
ГРАДОТ НЕМА ПАРИ ЗА РЕПРЕЗЕНТАТИВЕН ОБЈЕКТ


Градска куќа останува само желба

Градската администрација и градоначалникот останувааат во просториите на старите и дотраените бараки во рамките на Градскиот парк, а изградба на репрезентативен објект засега останува само желба на градските власти. Иако уште од седумдесеттите години се распишуваа тендери за изработка на проекти за нова градска куќа и се утврдуваа можни локации, најава за изградба на нов објект за градската администрација нема.
- Градот не е во состојба финансиски да издржи изградба на една сопствена куќа. Фактот што преземавме низа мерки да го оспособиме функционирањето на градската администрација во рамките на постојните објекти, при што извршивме репарација на бараките, воведување на клима уреди и реконструкција на санитарните јазли, говори дека се уште не сме подготвени да зборуваме за нова градска куќа, изјави вчера Костовски. Тој смета дека услов за изградба на ваков објект е вистинска фискална децентрализација со која треба да се овозможат поголеми приходи за Градот, кој би ја креирал изградбата на градската куќа. Тој потенцира дека во моментот не постои проект, локација ниту идеја за градската куќа.


http://vecer.com.mk/?ItemID=B7D1FBFB0DE3B84A809594C0DC9896C7


Градските власти без идеја и без локација за градска куќа

Проектот за адаптирање на Старата железничка станица беше отфрлен пред повеќе од три години

Сања Наумовска


Градот Скопје нема ниту проект, ниту пак идеја за локација каде би требало да се изгради градска куќа. Градоначалникот Трифун Костовски на последната седница на Советот на Скопје соопшти само дека градската власт не е финансиски моќна да се зафати со ваков проект, поради што и не размислува за тоа. На забелешката на советникот Коле Манев дека годинава се навршија 45 години од катастрофалниот земјотрес, колку што и Скопје е без репрезентативен градски дом, Костовски заклучи дека проблемот лежи во неспроведувањето на финансиската децентрализација.

„За ова прашање не треба ниту да разговараме, затоа што ниеднаш во текот на нашиот мандат проект за градска куќа не влегол во буџетот. Градот нема моќ да се зафати со ваков проект сам, затоа што нема средства. Овие години се занимаваме само со реконструкција на бараките за да им овозможиме на вработените пристојни услови за работа“, истакна Костовски.

Тој го посочи и проектот на Владата градската администрација да се смести во нов објект на местото на некогашниот Офицерски дом на плоштадот „Македонија“, што за него не е добра идеја. „Градска куќа треба да си направи Градот сам, а за тоа услов е да се спроведе вистинска фискална децентрализација и Градот да добие поголем прилив на пари. Иако мандатот ни е на изминување, можеби треба да почнеме да размислуваме за ова прашање“, рече Костовски.

Своевремено, во почетокот на градоначалничкиот мандат, Костовски ја отфрли идејата на неговиот претходник Ристо Пенов, Старата железничка станица да се изгради во нов градски дом. Според идејата, требаше автентично да се обнови урнатиот дел на источната страна на станицата, во големина во која бил поред повеќе од четири децении, но со посовремени материјали и осветление. Фасадата требаше да ги задржи сите одлики на старата станица, влезовите, столбовите, венецот и изведбата на страните, додека внатрешноста да биде приспособена на потребите на градската администрација. Делот на зградата во кој се наоѓа Музејот на Скопје беше предвидено да се вклопи во целината и да биде дел од градската куќа. Објектот, според идејата на тогашните градски власти, требаше да биде и функционален и да остане споменик на културата истовремено.


http://utrinski.com.mk/?ItemID=09C80FA13A4FD147AD36F81BA8EA53F7
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #40 Posted: 29-Aug-2008 at 00:15
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=FA08C19349FC224AA6AEC8BBCF0832FB

ДВЕ ГОДИНИ ПРОЕКТОТ СТОИ НА ХАРТИЈА

Нема ниту цигла од новата Градска куќа

Владата требаше да го обнови Офицерски дом за таму да се смести градската администрација, но тоа сега е заборавено и никој не го споменува, вели градоначалникот Костовски

Нема никаков проект, ни локација, ни идеја за изградба на Градска куќа, која требаше да биде во обновениот Офицерски дом, изјави вчера градоначалникот Трифун Костовски, одговарајќи на советничко прашање на седница на Советот на град Скопје.

- Проектот не е ставен во програмата за оваа година бидејќи градската власт нема финансиска моќ да влегува во една ваква авантура - вели градоначалникот Костовски.Градската куќа, потсети градоначалникот Костовски, требаше да ја прави Владата во центарот на Скопје, но тоа прашање е заборавено и сега повеќе никој не го споменува. Сиве овие години се занимаваме само со реконструкција на бараките за администрацијата да има нормални услови за работа. Мандатот е на минување, а немаме ништо од ветената програма за изградба на Градска куќа - рече градоначалникот Костовски. Според него, Градот не е во можност да влегува во ваков зафат поради тоа што не е спроведена вистинска фискална децентрализација. Барањата на Костовски во овие две години беа во градскиот буџет да се слеваат поголем дел од приходите на скопјани, а не да завршуваат во владината каса или во други општини. За ова градоначалникот веќе спроведе и кампања во корист на градот Скопје, но досега ништо не е сменето.

- Доколку се зголемат приходите во нашата каса, ќе имаме можност сами да го реализираме овој проект - вели скопскиот градоначалник.Наспроти изјавите на градоначалникот, од Министерството за култура пред неколку месеци рекоа дека проектот за обнова на Офицерскиот дом е готов, но не најавија негова изградба за годинава. Годинава не се предвидени пари за да почне да се гради. Во буџетот на Министерството за култура нема ставка со доволно средства за воскреснување на репликата на овој објект, кој беше оштетен, а потоа урнат по земјотресот во 1963 година. Предвидени беа само два милиона денари, односно 32.000 евра.Новиот Офицерски дом, како што најави Владата, треба да биде Градска куќа, односно седиште на градската администрација, која со децении работи во бараки на булеварот Илинден, во Градскиот парк. Во обновениот Дом треба да биде сместена и нова матична служба. Како можен датум за почеток на изградбата беше најавен ланскиот септември, но се' остана само на најава.

Проектот за изградба на Градската куќа на плоштадот Македонија лани по јавниот конкурс му беше вратен на доработка на професорот Коста Мангаровски. Објаснувањето беше дека неговиот предлог не соодветствувал доволно со намената што треба да ја има објектот, како седиште на градските власти. На конкурсот не беше доделена прва награда, затоа што Комисијата оценила дека ниту еден од осумте предлози не ги задоволува барањата за автентичност и за функционалност на објектот. За проектот на Мангаровски беше кажано дека е најдобро решение што потсетува на стариот Офицерски дом.

Јорданка Ивановска


Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1234 27>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.418 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.