Author |
Topic Search Topic Options
|
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#1 Topic: Фасади (општо) Posted: 31-Jan-2008 at 18:59 |
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=E3E288C112EFC1428B3612D1D8783C4B
ОД КУЌНИОТ СОВЕТ НА КУЛИТЕ ВО КАРПОШ 2 СЕ ЖАЛАТ ДЕКА СЕ ИГНОРИРАНИ
Градоначалникот Петров ги одбегнува станарите од излупените кули
Куќниот
совет од вториот влез на сината кула со излупена фасада, која се наоѓа
на „Октомвриска револуција“, број 10 не може да најде разбирање со
општинските власти од Карпош за обнова на фасадата. Претседателот на
куќниот совет, Миле Златевски, вели дека единствената причина поради
која не може да се обнови фасадата е немањето комуникација со
општинските власти. - Во два наврата се обидував да стапам во контакт и
да бидам примен кај градоначалникот Андреј Петров, но не успеав.
Комуникацијата засега се сведува само преку медиумите. Од нивните
информации ние знаеме дека е донесена одлука фасадата на кулите да се
обновува со пари од Општината и од Градот и тоа по половина од
потребната сума - објаснува Златевски.Тој вели дека повторно преку
средствата за јавно информирање дознале за новата одлука, според која
за обновата на фасадите, освен Градот и Општината, треба да плаќаат и
станарите, односно сите по една третина од потребното.
- Ние сме
обични луѓе, во нашата зграда 70 отсто од станарите се пензионери и
немаме пари за учество. Од каде да најдеме 50.000 евра, од вкупно
потребните 150.000 евра за една фасада - вели Златевски.Од куќниот
совет бараат средба со градоначалникот Петров за да најдат заеднички
јазик. Тие би сакале да учествуваат во конкурсот за изведувач и да
имаат одреден увид и влијание врз изборот.
- Иако првично
одредената цена од Општината е 150.000 евра за обнова на фасадата, од
кои само за поставувањето на скелето се потребни 100.000 евра, ние
разговаравме со луѓе што ни потврдија дека целата работа може да се
заврши и за 100.000 евра. За се' може да се договориме со Општината, но
немањето комуникација е единствениот курцшлус во случајов - тврди
Златевски и додава дека недоразбирањата со останатите куќни совети од
кулите се надминати.Од Општина Карпош велат дека се подготвени веднаш
да реновираат две од трите сини кули, што се наоѓаат на булеварот
Партизански одреди, само чекаат да се усогласат куќните совети.
-
Еден од куќните совети бара да стопанисува со фасадата, односно да
наплатува за поставување реклами. Тогаш, зошто и тие да не учествуваат
во обновата со одредена сума - велат во Општина Карпош. Според Законот
за домувањето, обврската за одржување и обнова на фасадите е на куќните
совети. Фасадите на сините кули во населбата Карпош 2 се комплетно
руинирани и ја нагрдуваат околината во тој дел од градот.
(А.П.)
|
Нема да навлегувам во другите аспекти на ова (кое патем се најавува веќе цела година), туку сакам само да се задржам на резонирањето и свеста на нашите граѓани. Според болдираните делови може да се заклучи дека: 1. Обврската за одржување на фасадата е нивна, значи тие се и одговорни за моменталното ругло. 2. Сепак не сакаат ни делумно финансиски да учествуваат во обновата. 3. Ама затоа сакаат да имаат увид и влијание во целата работа. 4. Како капак сакаат тие да стопанисуваат со фасадата како рекламен простор. Ако е ова навистина вака, тогаш е поразително. Не знам веќе како да се работи на свеста за заеднички интерес... Еве се согласувам дека учеството што се бара од нив е преголемо, но тоа можам да го прифатам само ако не се толку нападни во другиот дел - профитниот. Како тоа друг да инвестира, а они да печалат? Навистина сум изреволтиран од вакви „финти“. Не дека ради овој конкретен случај ќе пропаднеме, ама сепак пропаѓаме затоа што вакви примери има премногу...
Edited by Cloverstack - 31-Jan-2008 at 19:00
|
|
Supervisor
Senior Member
Joined: 28-Jan-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 1220
|
Quote Reply
#2 Posted: 01-Feb-2008 at 14:31 |
Да браво за постот ова е без сомнение точно! Значи на крај сепак целта е да се заработи. Поразителни факти. Инаку се согласувам само со тоа дека и општината треба да помогне во реконструкцијата на фасадата.
|
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
|
|
UrbanFreak
Senior Member
Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
|
Quote Reply
#3 Posted: 05-Feb-2008 at 23:27 |
Сепак ќе светнат кулите на Партизанска
Убавиците дочекаа дотерување
Финансиските средства ќе ги обезбедат Општина Карпош и Град Скопје, а станарите ќе партиципираат преку фирмата "Еуро кидс", која се рекламира на зградата и која за возврат ќе обезбеди бесплатни часови по странски јазици и компјутери за 50 деца од општината
Трите сини кули на "Партизански одреди" спроти бензинската пумпа на "Макпетрол" во Карпош 1, конечно ќе добијат нови фасади. Финансиските средства ќе ги обезбедат Општина Карпош и Град Скопје, а станарите ќе партиципираат преку фирмата "Еуро кидс", која се рекламира на зградата и која за возврат ќе обезбеди бесплатни часови по странски јазици и компјутери за 50 деца од општината.
Договорот паднал завчера доцнапопладне, на средбата меѓу претставници на Општина Карпош со куќниот совет на кулата број "10", на која биле расчистени сите нејаснотии што во изминатиов период ги кочеа активностите. Имено, на неколкуте барања на станарите, Општина Карпош им нудеше да им помогне ако самите партиципираат со една третина од вкупниот износ, или пак средствата да си ги обезбедат сами од издавањето на рекламниот простор. Овие опции беа неприфатливи за станарите од финансиски причини.
По средбата, претставникот на куќниот совет Александар Коневски, изјави дека е задоволен што конечно на своите соседи им соопштил добра вест.
- Многу сме благодарни што градоначалникот Андреј Петров пројави добра волја да се реши овој за нас навистина голем проблем. Ние му презентиравме дека има фирми кои фасадите ќе можат да ги изработат за цена од 40 до 60 илјади евра, што се речиси за двојно пониско од понудите кои пристигнале во Општината, така што Петров прифати и се обврза во најкус можен рок да го распише тендерот за избор на изведувачот - рече Коневски.
Реконструкцијата на надворешниот изглед на некогашните "скопски убавици", кои по катастрофалниот земјотрес беа гордост и украс на Партизанска, беше неопходна не само од естетски аспект, туку парчињата од фасадата паѓаат и се опасни за минувачите. Токму затоа, вели градоначалникот Петров, нема да се чека ниту еден ден за започнување на тендерските процедури. Ќе се распише и конкурс за идејно решение и избор на бојата на фасадата за трите кули, кои и натаму ќе останат симбол на овој дел од градот.
- Некогашните општествени станови во кулите сега се во приватна сопственост, па согласно со Законот за домување, трошокот би требало да падне на грбот на сопствениците. Бидејќи тие самите не беа во можност да издвојат толку средства, неколку пати бараа да им помогнеме во решавање на проблемот. Сега кога конечно се договоривме, можеме да очекуваме дека градежните работи ќе почнат до почетокот на април - рече Петров.
Фасадите ќе се работат истовремено на трите кули.
|
Извор: Вечер
Edited by UrbanFreak - 05-Feb-2008 at 23:28
|
|
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#4 Posted: 05-Feb-2008 at 23:43 |
Само да не биде некој кич. Во последната акција на Пенов за светнување на фасадите по градот, зажалив што некои објекти воопшто ги чепнаа.
|
|
blejdsk
Senior Member
Joined: 05-Feb-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 320
|
Quote Reply
#5 Posted: 05-Feb-2008 at 23:45 |
Slusnav deka ke gi pravele zeleni celite .... )))))
|
|
blejdsk
Senior Member
Joined: 05-Feb-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 320
|
Quote Reply
#6 Posted: 05-Feb-2008 at 23:46 |
|
|
gotsomekicks
Senior Member
Joined: 01-Sep-2007
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 305
|
Quote Reply
#7 Posted: 06-Feb-2008 at 10:51 |
Ејј одлична вест, само да не биде како онаа зграда во Софија што е офарбана лила и пишува „Милка„ .
|
|
La Linea
Senior Member
Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
|
Quote Reply
#8 Posted: 06-Feb-2008 at 19:39 |
Originally posted by gotsomekicks
Ејј одлична вест, само да не биде како онаа зграда во Софија што е офарбана лила и пишува „Милка„ .
|
Подобро од ова, во секој случај...
|
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
|
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#9 Posted: 16-Jun-2008 at 23:12 |
Се обновуваат фасадите на сините кули во Карпош
Проектот се реализира со задоцнување од 1,5 година поради несогласувања помеѓу станарите и Општината
Деспина Трајковска
По едногодишни најави,
општинарите од Карпош во соработка со градските власти почнаа со
акцијата за обнова на фасадите на сините кули на булеварите
„Партизански одреди“, „Октомвриска револуција“ и на улицата „Орце
Николов“. И покрај тоа што интервенција е најнеопходна на кулата што се
наоѓа на булеварот „Октомвриска револуција“, прва на листата за обнова
се најде фасадата на кулата спроти Технолошкиот факултет. Таму деновиве
привршува монтирањето на скелињата, по што ќе се пристапи кон
пребојадисување на фасадата, на која претходно не и' се неопходни некои
поголеми зафати за санација. Се очекува кулата да го добие новото руво
за еден месец.
Градоначалникот Андреј Петров вели дека
редоследот на фасадите за обнова е извршен сосема случајно и зависел од
ангажманот на избраната фирма што ќе ги врши планираните активности.
Најмногу работа ќе има на кулата на „Октомвриска револуција“, со оглед
на тоа дека таа фасада е најоштетена.
„Најбитно е тоа што
конечно почнавме да ги реализираме активностите на терен. Ги надминавме
недоразбирањата што ги имавме со некои од куќните совети и сега на
заедничко задоволство почнавме со работа на терен“, вели Петров, според
кого сите три кули конечниот обновен лик ќе го добијат до крајот на
летото. Фасадата ќе ја задржи истата боја.
За обновата ќе се
потрошат околу 300.000 евра, сума која половично ќе ја делат Градот и
Општината, со оглед на тоа дека станува збор за заеднички проект.
Инаку, тој требаше да биде реализиран пред повеќе од една и пол година,
но поради одредени несогласувања со станарите, се пролонгираше. Откако
од Карпош го најавија проектот, станарите од кулата на „Октомвриска
револуција“ се пожалија дека градоначалникот Петров побарал и тие да
учествуваат во финансирањето, иако од Општината потенцираа дека
обновата ќе се изведе на сметка на Карпош и на Градот. Станарите се
жалеа дека општинарите им укажале оти тие мора да дадат пари, бидејќи
сметале дека е недозволиво Куќниот совет да зема пари од издавање
рекламен простор на фасадите, а Општината да им ја обновува без тие да
вложат ниту денар. Сепак, по неколкумесечни преговарања, се најде
компромис. Беше договорено Општината да ги преземе трошоците за
неопходните интервенции, а за возврат фирмата што ќе ја користи
фасадата за рекламни цели да обезбеди бесплатни часови за англиски
јазик и за информатика за 50 деца од социјални семејства од Карпош. | http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=137207EC36B7FC40B9F12583CE333F78
|
|
La Linea
Senior Member
Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
|
Quote Reply
#10 Posted: 16-Jun-2008 at 23:56 |
Закон, видов како го поставуваат скелето пред да одам. Во очајна состојба се куливе, добро би дошло реновирање и на многу други комиблокови. Лсл таа кулата што е во Кисела Вода кај тебе можеш да ја сликнеш.
|
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
|
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#11 Posted: 17-Jun-2008 at 06:20 |
Ок важи ќе ја сликнам, ама не е во толку лоша состојба.
|
|
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#12 Posted: 15-Jul-2008 at 15:28 |
|
|
zabegan
Senior Member
Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
|
Quote Reply
#13 Posted: 15-Jul-2008 at 20:25 |
добро ќе биде да ги реновираат зградите, еве и моите кули имаат излупена или изронета фасада, па се надевам ќе им текне и на нив
|
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#14 Posted: 15-Jul-2008 at 20:38 |
А да му текне на куќниот совет и на самите станари? Знаеш дека тое според прописи е единствено нивна надлежност и обврска? Али веќе загазивме во непринципиелното пристапување кон ова прашање и тоа очигледно ќе ги заплетка работите за во иднина... Нормално, ако може нивната, зошто не и нашата...
Edited by Cloverstack - 15-Jul-2008 at 20:42
|
|
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#15 Posted: 12-Aug-2008 at 21:00 |
Жештините ја замрзнаа обновата на фасадата
Дел од
станарите ги одложиле плановите за годишен одмор бидејќи се плашат
некој да не се качи по скелето и да им влезе во становите
Обновата на фасадите ја финансираат Општина Карпош и Град Скопје
Високите температури ја прекинаа на неколку недели
обновата на фасадата на кулата на улица Никола Тесла во населбата
Карпош, велат општинските власти.Околу кулата е поставено скеле, но
веќе подолго време нема работници што вршат фасадерски работи. Досега е
обновено половина од фасадата.Станарите од зградата се жалат дека
градежните работи се одвиваат бавно и дека поради скелето не можат да
отворат прозорец. Дел од станарита ги одложиле плановите за годишен
одмор бидејќи се плашат некој да не се качи по скелето и да им влезе во
становите.Во Општина Карпош велат дека градежните активности на кулата
почнале во јуни и дека е предвидено целата работа да се заврши за три
месеци. Општинарите велат дека е можно да се пролонгира рокот поради
големите жештини што го зафатија Скопје.Не ми е јасно како може во
период кога градежната сезона е во полн ек, да се запрат работите на
нашата зграда. На други градилишта гледам дека интензивно се ѕида,
фасадира и молерисува. Останавме со скелето поставено околу зградата.
Сега не можеме прозорец да отвориме цел ден. Навечер ни е страв да
оставиме отворени прозорци за некој да не се прекачи преку скелето и да
не' опљачка. Поради тоа не отидовме на одмор, во ваква ситуација стан
не се остава празен - вели една станарка.Обновата на фасадите ја
финансираат Општина Карпош и Град Скопје. За идната година е предвидено
да се санираат фасадите на кулите на булеварите Партизански одреди и
Октомвриска револуција. Санацијата на секоја кула ќе чини по 6,6
милиони денари.Беше планирано реконструкцијата да заврши за три месеци,
но поради високите температури можно е да се пролонгира рокот. Според
Законот за домувањето, обврската за обнова на фасадата е на станарите.
Поради лошата состојба во која се наоѓаат кулите и се' почестите
одрони, Општината и Градот одлучија со заеднички пари да ги обноват
фасадите - вели Стефанија Макаровска, портпарол на Општина Карпош.Во
Општината велат дека плаќањето на работниците ќе се изврши откако
целосно ќе се завршат градежните работи. Плаќањето ќе се изврши откако
целосно ќе се реконструираат фасадите, односно во рок од 30 дена по
завршувањето на работата - вели Макаровска.Реконструкцијата на фасадата
ја врши фирмата „Темон“, која беше избрана на јавен повик. | http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=91967C7BE72CE74D977E92A54235C05D
|
|
gotsomekicks
Senior Member
Joined: 01-Sep-2007
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 305
|
Quote Reply
#16 Posted: 18-Aug-2008 at 15:16 |
Епа дечки, конечно ми стигна дигиталниот апарат па еве направив неколку фотки низ маало. Прво, неколку слики од кулава за која зборевте. 1. 2. 3. 4. 5.
|
|
Cibi
Senior Member
Joined: 06-May-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 167
|
Quote Reply
#17 Posted: 22-Aug-2008 at 15:05 |
konecno i ovaa zgrada da zalici na nesto.No mislam deka ovaa rabota treba da si ja zavrsat stanarite na ovaa zgrada a ne gradonacalnikot na opstina karposh ili na grad skopje.
|
|
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#18 Posted: 29-Aug-2008 at 00:20 |
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=D4B5EC517C220649B803727FC04BAF0D
Фасадите на сините кули во Карпош останаа необновени
Градот се повлече од проектот, а од Карпош се' уште не одлучиле дали сами ќе ги санираат трите фасади Деспина Трајковска
Фасадите
на трите сини кули во Карпош се' уште се оштетени и покрај тоа што пред
речиси два месеца едната од нив, лоцирана на улицата „Орце Николов“
спроти Технолошкиот факултет, почна да се обновува. Интервенциите на
фасадата беа стопирани само неколку дена откако се изврши нејзина
делумна санација и едно пребојосување.
„Точно е, обновата се
прекина, а скелињата уште стојат. Дали и кога ќе продолжи санацијата на
таа и на другите две фасади, засега не можеме да кажеме“, ни изјави
Стефанија Макаровска, одговорна за информирање во Општина Карпош.
Општината
заедно со градските власти го започна проектот за санација на
излупените фасади на сините кули. Општинарите потврдуваат дека Градот
се повлекол од проектот во кој, според потпишаниот протокол, и двете
страни требаше да учествуваат со половина од предвидените 300.000 евра
потребни за акцијата. „Градот не го испочитува договорот, односно се
повлече од проектот. Неодамна имавме средба за да го разрешиме
проблемот, но конечен епилог се' уште нема. Деновиве планираме да
одржиме уште еден состанок и се надеваме дека акцијата ќе продолжи
онаму каде застана“, додава Макаровска.
Од Градот, пак, рекоа
дека дефинитивно се повлекуваат од договореното, без да ги прецизираат
причините за донесената одлука. Не објаснија ниту зошто воопшто се
нафатиле на заедничката акција, кога на самиот старт се повлекуваат.
„Ниту Градот, ниту Општината немаат обврска да ги обновуваат фасадите.
Првичните планови за акцијата отидоа во друга насока. А, кажано со еден
збор, зошто да ставаме трн во здрава нога“, накусо коментираат
градските власти, алудирајќи на немањето обврска да се грижат за
изгледот на фасадите на станбените објекти.
Од Карпош велат
дека засега не се во ситуација да информираат дали општината сама ќе го
заврши тукушто започнатиот проект. Тие се сигурни дека фасадите
годинава нема да се обноват, а дури е неизвесно и дали ќе се дозаврши
онаа на зградата спроти Технолошкиот факултет.
Инаку, проектот
требаше да се изведе уште пред речиси две години, но се пролонгира
поради одредени несогласувања помеѓу куќните совети и општината. |
Зошто да ставате трн во здрава нога? Да, прашањето држи... Но прашање кое уште повеќе се наметнува во ситуацијата е зошто воопшто се почнуваше?!? Честитки, се надминавте
|
|
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#19 Posted: 29-Aug-2008 at 08:07 |
Многу сум им љут и на карпош и на градот што им даваат пари на овие за фасадите. Ај нека ми дадат пари ја дома сакам да си сменам прозори за да не ја нагрдувам фасадата! Може ли?!
Не е ниту на градот ниту на карпош обварска да реновириаат нечии приватни објекти. Тоа е обврска на куќните совети и станарите и на никого повеќе. Е сега што цел град ги гледа грдите фасадаи, тоа можеме да го решиме со законско решение. Може да има стручна комисија која ќе утврди дали некоја фасада е за санација или не. Или па да има неколкугодишни интервали во кои ќе биде задолжителна санација. Така сопствениците ќе бидат обврзани на извршат санација, а со тоа градот нема да губи пари, а башка и ќе се реши проблемот.
|
|
Vladimir P
Senior Member
Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
|
Quote Reply
#20 Posted: 09-Nov-2008 at 21:37 |
Еден контраст кој денес на проваѓање го приметив на улица „Македонија“
Прекрасен балкон со цвеќиња и плех за настрешница
и
одлична настрешница која ја прати линијата од фасадата но никаков балкон
|
|
|