build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Останати теми
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Книжара

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1234>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3664
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 12-Aug-2011 at 23:55

К. Балабанов, А. Николовски и Д. Ќорнаков  СПОМЕНИЦИ НА КУЛТУРАТА НА МАКЕДОНИЈА
266 страни, А5 формат, 67 колор илустрации 
Цена: 900 денари
http://www.kalamus.com.mk/mak_order_e_book.asp-item=book.htm

http://books.google.com/books/about/Spomenici_na_kulturata_na_Makedonija.html?id=06IMAAAAIAAJ

СПОМЕНИЦИ НА КУЛТУРАТА НА МАКЕДОНИЈА од авторите Коста Балабанов, Антоние Николовски и Димитар Ќорнаков, и понатака останува да биде референтно и неодминливо дело кое на едно место ги дава базичните податоци за спомениците на културата во Македонија. Овој материјал ни нуди ретка можност, да преку текстовите на нашите еминентни стручњаци, од првата генерација на историја на уметноста во Македонија, се запознаеме со најзначајните споменици од нашето богато културно наследство, каде на еден синтетички начин имаме увид во 170 археолошки локалитети, манастири и цркви, отомански градби, бедеми, градски калиња, средновековни кули, мостови, староградска архитектура и историјат за позначајните градски јадра во Македонија со што ни се пружа единствена прилика, на едно место, да добиеме целосна слика за историско-културните премрежја на почвата на Македонија низ вековите.

Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3664
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 14-Aug-2011 at 14:51

  Гоце Ангеличин - Жура ПЕШТЕРНИТЕ ЦРКВИ ВО ОХРИДСКО-ПРЕСПАНСКИОТ РЕГИОН - http://www.ni.rs/byzantium/doc/zbornik4/PDF-IV/Zure.pdf [1][2

Гоце Ангеличин ПОГЛАВАРИ НА ОХРИДСКАТА ЦРКВА - http://www.scribd.com/doc/37092460/Poglavari-na-Ohridskata-Crkva [1]



Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3664
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 15-Aug-2011 at 23:45

Добро е да ја резидадат монографијата од д-р Илија Велев Средновековни Цркви и Манастири во Македонија издание на Наша Книга од 1990 [1

Нови 130 книги за културното наследство на Македонија

Археологот Паско Кузман открива дека се работи за научно-популарни публикации за археолошките локалитети, цркви и манастири, џамии и амами, природни вредности... На почеток ќе бидат печатени на англиски, македонски, германски, француски и руски јазик, а потоа и на турски, српски...

"Тоа ќе бидат мали книшки и ќе се користат за презентација на Македонија во светот. Ќе бидат печатени во повеќе јазици. За почеток на англиски, македонски, германски, француски и руски, а потоа планираме да се печатат и на турски, српски и други јазици", вели Кузман, директор на Управата за заштита на културното наследство.
Археологот Кузман открива и дека во прво време ќе се испечатат по околу 2.000 примероци. "Сега сме во фаза на подготовки. Авторите до крајот на годинава ќе ги подготват содржините и текстовите, кои нема да бидат многу големи, бидејќи ќе преовладуваат фотографии во колор", вели Паско Кузман, додавајќи дека првиот тираж на новите 130 книги за Македонија, веројатно, ќе се испечати во 2012 година. Носител на проектот е Управата за заштита на културното наследство.

http://www.vecer.mk/default.asp?ItemID=58F65610C5756640B79FB9295EDFE1E0



Edited by Max - 16-Aug-2011 at 16:31
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3664
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 16-Aug-2011 at 16:54

Инженерски Конструкции во Архитектурата

автор: Љубомир Томиќ
издавач: Сигмапрес
страници: 276

трето издание УКИМ 2010 (страна 40)

Ако сакаш да бидеш добар лекар, мора да го познаваш човечкото тело. Ако сакаш да бидеш добар архитект, мора добро да ја владееш конструкцијата и структурата на објектот во нејзините најситни делови“, вели професорот Љубомир Томиќ

http://www.porta3.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=2735&Itemid=73



Edited by Max - 16-Aug-2011 at 16:56
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3664
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 17-Aug-2011 at 12:01
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3664
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 20-Aug-2011 at 11:50


ИЕСМО-Охрид ПРЕПОРАКИ ЗА РАЗВОЈ НА ПАТНАТА И ЖЕЛЕЗНИЧКАТА ИНФРАСТРУКТУРА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - http://6thstar.com/oi/upload/PREPORAKI-ZA-RAZVOJ-zavrsna%20verzija.pdf

книгата содржи препораки за промени во финансирањето, технологиите и менаџирањето на транспортниот систем кај нас, а   e подготвена од д-р Зоран Кракутовски, м-р Љупчо Тодоровски и  м-р Горан Мијоски при ИЕСМО-Охрид [1]



Edited by Max - 11-Mar-2024 at 17:29
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3664
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 21-Aug-2011 at 21:08

[1] Прорачун коштања радног сата грађевинских машина - http://www.grf.bg.ac.rs/mm/files/learnmat/99Predavanje%205%20-%20Kostanje%20radnog%20sata%20masine.pdf

[1] Prostorne drvene konstrukcije - http://seminar.tvz.hr/materijali8/G-05.pdf





Edited by Max - 21-Aug-2011 at 23:04
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3664
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 22-Aug-2011 at 13:54

Еко-Свест Публикации http://www.ekosvest.com.mk/publications_mac.html 


Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3664
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 08-Sep-2011 at 11:51


д-р Цветановски Иле - СОВРЕМЕНИ ТРАНСПОРТНИ ТЕХНОЛОГИИ - http://www.tfb.edu.mk/files/rezultati/47f5d50513469.pdf  

д-р Цветановски Иле - ИНТЕГРАЛЕН ТРАНСПОРТ - http://www.tfb.edu.mk/files/rezultati/integralentransport.pdf

д-р Цветановски Иле - СТОКОВНО ТРАНСПОРТНИ ЦЕНТРИ - http://www.tfb.edu.mk/files/rezultati/STOKOVNO_TRANSPORTNI_CENTRI.pdf



Edited by Max - 08-Sep-2011 at 14:21
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3664
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 11-Oct-2011 at 15:56
Промовирана книгата „Интегрирана заштита на културното наследство - правни аспекти“

„Интегрирана заштита на културното наследство - правни аспекти“ од Јован Ристов во издание на Конзерваторскиот центар - Скопје беше промовирана денеска во Музеј на Македонија. Публикација на оваа тема првпат се објавува кај нас, а е новина и за поширокиот регион во Југоисточна Европа. 

- Обработува комплексна проблематика за односот кон недвижните добра и нивното опкружување, од аспект на просторното и урбанистичкото планирање, градењето во заштитени подрачја, експлоатација на минералните суровини, развојот локален, регионален, рурален, како и развојот на туризмот, користење на правните и финансиските инструменти на државата за да го помогне правилниот однос кон културното наследство. Оваа книга го прави тој интерсекторски пресек, доближувајќи го тоа и кон стручните, но и кон луѓето што сакаат да бидат информирани за оваа проблематика, изјави Ристов.

Според него, државата има солидна законска основа, приближена до меѓународните стандарди, но дека е друга сликата ако се анализира примената на законите. - Во тој поглед заостануваме, но, на нормативно рамниште имаме причина да се гордееме, рече Ристов.

За казнената политика, додаде тој, Македонија важи за земја со умерен пристап. - Во последните неколку години само во прекршоците имаме поголеми казни, но во кривичниот третман сме во земјите со умерен пристап кон деликвенцијата поврзана со културното наследство. Проблемот во односот кон него не е во репресивните мерки. Ние може да имаме и големи казни, но што со тоа ако го загубиме самото наследство. Акцентот е на превентивата, а репресивната мерка само дополнува нешто што општеството не би можело да го премолчи и мора да возврати како казна, рече Ристов.

Промовирајќи го обемниот труд со 580 страници и богата библиографија, рецензентот Јордан Спасески истакна дека изданието е водич за стручната јавност во функција на навремена едукација за градење свест и однос кон културното наследство и предупредување за опасности од негова злоупотреба или присвојување.

- Во Уставот и во другите закони културното наследство се вбројува во темелните вредности со национално значење. Тоа ја детерминира потребата за соодветна правна регулатива која ќе ги воспостави обврските, одговорностите и правата, рече Спасески, посочувајќи дека во книгата аргументирано е изложена комплексна проблематика што досега не е обработувана. Со тоа, додаде промоторот, Ристов е втемелувач на нова правна дисциплина во Македонија.

Трудот на Ристов е осми од мегапроектот за македонското споменичко право, во кој треба да бидат објавени уште два за да биде целосно заокружен.
http://www.idividi.com.mk/vesti/makedonija/713253/index.html
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3664
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 21-Feb-2012 at 14:14


се понадевав ќе најдам бар некое книжуле за протомајсторот Андреја Дамјанов (1813 – 1878), но освен инфо друго нема [1][2]3] но нема ни книга каде да се купи, евентуално да се изнајмат двата труда за неговото дело, првиот од акад.Крум Томовски и вториот од Ј.Х.Алексиева, E.Касапова и Б.Гардановски[1][3] иако вториот понов(од 2001) можно е да има останато копија кај издавачот http://www.jugoreklam.com.mk наоколу има нешто извадоци од труд на токарев, но и тоа 'тнко
Стилските карактеристики на архитектурата на Андреја Дамјанов на релацијата исток-запад. Маѓународен симпозиум Делото на протомајсторот Андреја Дамјанов МАНУ, 1992

Градителската активност на мајсторската тајфа Рензовски – Дамјанови, започнува во времето кога строгиот неокласицизам веќе ги беше преплавил западноевропските престолнини и се беше вгнездил дури и во далечниот Санкт Петербург. Нео-класицизмот го претпочитаа и средновековните монархии, Германија и Автроунгарија, преку кои тој направи извесни рефлексии и на Балканскиот полуостров, особено во неговиот северен дел. Меѓутоа, неокласицизмот во тие краеви пристигна со задоцнување и не доживеа прочистени интерпретации, туку тој се јавува во спој со некој друг романтичен стил, а најчесто со необарокот.

Карактеристично е тоа, што романтизмот во архитектурата на севернобалканските краеви се појавува речиси истовремено со оној во западноевропските и има многу слични претензии. Тој бара инспирација од христијанството и неговата уметност во национален дух и не се однесува на некој одреден стил, туку на едно одредено сваќање, кое може да се изрази на разновиден начин.

И преку архитектурата на Рензовски – Дамјанови се докажува дека романтизмот всушност претставува обнова или повторно откривање и примена на дотогаш запоставените облици, чиј број практично е неограничен. И нивната ослободена творечка имагинација, слично како и кај останатите европски мајстори, придонесува често пати врз ист објект да бидат применети по 2-3 стила истовремено.

Во овој труд се прави компаративно согледување на архитектонското творештво на браќата Дамјанови, во споредба со главните романтичарски тенденции во европската архитектура на XIX век, при што се изведува заклучок дека меѓу нив пос-тои совпаѓање во творечките методи, изразените претензии и поставените цели.

Со подетална елаборација се констатира дека творештвото на Дамјанови произлегува и се гради врз темелите на македонската архитектонска школа, која има специфични карактеристики по однос на содржината, формата и конструкцијата. Сето тоа е поткрепено и со направените анализи на истакнати меѓународни истражувачи во таа област. Воспоставениот систем на градење од таа школа, на специфичен начин се рефлектира врз изградбата на цркви, создавани според заеднички принципи во поголем број објекти, што јасно упатува на дефинирана архитектонска школа.

Користејќи ги поуките од домашната архитектонска традиција, Дамјанови нив ги трансформираат за задоволување на актуелните социо-функционални потреби и вкусови и согласно техничко-економските можности на епохата. При тоа, тие селективно ги прифаќаат елементите на западноевропската романтичарска архитектура и нив на уметнички начин ги вградуваат во својата трансформирана традиционална архитектура од византиско потекло, создавајќи оригинална урамнотеженост на композицијата. На таков начин, Дамјанови стануваат значајни претставници на најпознатата балканска градителска школа на XIX век, македонската.

Низ анализата на бројни изградени објекти се докажува тезата дека со својата творечка постапка, Дамјанови воспоставуваат и посебен стил во областа на црковната архитектура. Тој стил добива извесни варијации, кога тие објекти ги градат во областите северно од Македонија, задоволувајќи ги тамошните потреби и вкусови. На таков начин нивното творештво се дефинира и како културна врска меѓу народите.
http://www.mihailtokarev.mk/trudovi.html


Edited by Max - 29-Feb-2012 at 17:21
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3664
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 22-Feb-2012 at 16:51

архитект и револуционер Стојан Везенков (1808-1897) - од Др. Максим Стојаноски - http://books.google.hr/books/about/Stojan_Vezenkov_1808_1897.html?id=TSrYJAAACAAJ&redir_esc=y издание на http://www.mnd-bitola.mk

Стојан Везенков (1828 Крушево, Македонија - 1897 Одеса, Русија)

Стојан Иван Везенков е роден во Крушево во 1828 година. Одредени автори ја оспоруваат оваа година и сметаат (врз основа на изградбата на битолската касарна во 1837 г.) дека вистинската година на неговото раѓање е 1808 година. Неговите родители, мајката Илинка и таткото Иван Везенкови, како и многу други семејства од тоа време имале пет деца. Од нив тројца биле синови: Стојан, Петре и Константин и две ќерки: Руса и Мара. Татко му Иван Везенков, по потекло Мијак од селото Тресонче, Дебарско, бил познат мајстор кој изградил голем број на куќи во Крушево. Иван Везенков бил прото мајстор, устабашија при изградбата на црквата „Св. Никола“, сместена на влезот од јужната страна на градот а уништена во пожарот во 1903 година.

Стојан Везенков израснал во родната куќа во Мијачкото маало во Крушево, која била една од најубавите во тоа време. Како прв син и најголемо дете во семејството Везенкови, Стојан морал да го придружува и да му помага во работата. Така го учи ѕидарскиот занаат и ќе израсне во мајстор кого луѓето ќе го паметат. Наследувајќи ја семејната традиција, Стојан Везенков станува ѕидар-мајстор кој каменот и дрвото ќе ги претвора во уметност. Набргу Крушево ќе стане претесен за неговите градителски способности. Стојан Везенков продолжувајќи ја долгогодишната семејна ѕидарско-градителска традиција на своите предци, ќе започне да гради не само во Крушево и Македонија туку и низ целот Балкански Полуостров. Во периодот помеѓу 1840 и 1870 година, Стојан Везенков се сретнува како градител во Србија, Бугарија и Босна и Херцеговина.

...

По порачка од турската влада гради клучни градежни објекти: воената касарна во Битола, мост на р. Марица кај Одрин и на р. Нишава кај Ниш.

- http://www.mn.mk/makedonski-legendi/3147
- http://mk.wikipedia.org/wiki/Стојан_Везенков
- http://www.monitor.bg/article?id=75090


Edited by Max - 27-Feb-2012 at 00:53
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3664
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 29-Feb-2012 at 18:22
за неимарите од егејска Македонија не се наоѓа книга, сигурно нешто инфо има во книгите на Ѓорѓи Констанивоски, но доколку некој има абер за ваква книга нека посочи, во архивата на кобис http://www.vbm.mk пребарувајќи под поимот градители не наидов на наслов кој се однесува на егејски или од егејските градови... единствено има нешто инфо на нет за раселените егејци во Бугарија по балканските војни - БЛАГОСЛОВЕНАТА МАЈСТОРСКА МИСТРИЈА - http://www.ego.com.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=736:blagoslovenata-majstorska-imperija&catid=175:294&Itemid=53

за средновековен градител од егејот немам чуено, но за антички да, личниот архитект на Александар, Динократ Македонецот познат по изработката на урбанистичкиот план за Александрија, а избран заради идејата за Александровата планина... за него знаеме преку 10те писанија за архитектурата од Витрувиус [1][2]

впрочем за името на архитектонскиот факултет во Скопје во деведесетите дилемата беше помеѓу Дамјанов и Динократ



Edited by Max - 01-Mar-2012 at 00:37
Back to Top
mladen_s View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-May-2010
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 407
  Quote mladen_s Quote  Post ReplyReply #34 Posted: 10-Apr-2012 at 09:55
Долго време ја барав оваа книга, а сега е достапна на интернет. Бидејќи се работи за книга од српски автор, апсолутно е применлива и кај нас..

Мислам дека е добро да ја разгледаат многу форумаши кои подготвуваат свои решенија од областа на сообраќајот и јавниот превоз.

Maletin,Mihailo. Planiranje i projektovanje saobracajnica u gradovima. Beograd, 2009
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3664
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #35 Posted: 23-Sep-2012 at 00:00
Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3588
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #36 Posted: 13-Oct-2013 at 23:24
HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3588
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #37 Posted: 01-Dec-2013 at 14:00
HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3588
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #38 Posted: 11-Dec-2013 at 12:11


ако кинџурењето е својствено за рококо односно екстремен ли егзотичен барок, посекако мора да постои и нормален барок, занос кој кај нас ко нерафиниран продуцираше свој локален отсјај, најнапред по профаните и сакралните ентериери во 18 и 19 век, а во 21-ов век истоварен ко инстуционално архитектонско будење - изматено со маниризам [1][2][3]

може за се е крива книгата за Аце [1] ко урнек кој ги озарил скулпторите и архитектите за Ск-14, ех и за тајван и за барок пак кусурот кај Циле, туку никој не ни е крив што незнаеме да премериме и пресечиме, а може се воделе од помислата дека се е минливо на овој свет па зошто и премногу да му се замараме, но бар малку од малку да се освежеле со барокен идеализам ако може така да се каже, она да се подготват и инспирираат за потфатот, пример да земеа совет од некој нормален кој живееле сред изворниот барок

еден од нормалните во тоа време е Балтазар Грацијан, кој ако скитал со коњо по Шпанија на млади години, би бил еквивалент на Че со моторот по латинска америка, и двајцата бунтовници и двајцата шпански говореле, само што првиов здраво распалил со зборои http://en.wikipedia.org/wiki/Baltasar_Gracián#The_Art_of_Worldly_Wisdom 



Извор на мудроста или правила за животот - Балтазар Грасијан

“На праведникот не му треба закон, ни на мудриот совет. Па, секак, сè уште никој не знаел колку што му е потребно.“

Да, токму така цел живот учиме, учиме од туѓите но, и од нашите грешки. Па сепак грешиме. Нема совршен човек, нема некој кој не страдал поради своите грешки.

Затоа во оваа книга на Грасијан ќе се сретнете со околку триста епиграми кои ќе ви помогнат полесно да го сфатите барконото сфаќање кон светот и човекот. Но, не само барокното, неговите епиграми можат да ви помогнат да го сфатите животот и денес, животот воопшто.

http://web.archive.org/web/20140212211237/http://www.sakamknigi.mk/index.php/ostanati-knigi/drugi?start=8

шпанскиов конфучие ќе ви се најде особено како урбан прирачник додека се возите по скопските автобуси, жичари и трамваи, а и во охрид на плажа ке ви плакне очи, иако секоја поговорка, мудрост или афоризам можат чоек да го освежат, но ако истите се срочени од озарен чоек знаат и да разбудат,  а кога се пропратени со слика и да здрмаат [1][2]

извадок

  • Внимателното молчење е светиња на мудроста.
  • Се’ да надминеш е омразено, а да го надминеш својот господар токму е или лудост или горчлива судбина.
  • Нема поголема власт од онаа над самиот себе и над својата судбина.
  • Животот е човекова војна против човековите зла.
  • Играчот никогаш не ја одигрува онаа карта која протвникот ја очекува, а уште помалку онаа која противникот ја сака.
  • Големите луѓе зависат од времето. Не се затекнале сите во она време коешто го залужиле, а многумина навистина се затекоа, но немаше кога да го искористат.
  • Некои ги оценуваат книгите по нивната дебелина, како да се пишувани за вежбање на рацете, а не на главата.
  • Никогаш не ја отворај вратата ниту на најмалото зло, оти со него ќе се вовлечат многу други и поголеми.
  • Многумина не го губат разумот, затоа што го немаат.
  • Мислењето е слободно и на него не може и не смее да се врши никакво насилство.
  • Никогаш не заборави дека човекот треба самиот себе да се почитува.
  • Ласкањето е поопасно од омразата, оти тоа ги скрива флеките, кои омразата сака да ги исчисти.
  • Има клеветници кои побрзо уништуваат некој добар глас со некаква досетка, отколку со отворена и дрска расправа.
  • Убавицата нека биде паметна, па уште на време нека го искрши огледалото, за да не мора тоа подоцна да го стори од огорченост, оти ја тргнало од измамата.
  • Да се говори вистината и да се одржи дадениот збор, се чини како да се работи од некое минато време.
  • О, несреќно столетие, во кое доблеста е непозната, а расипаноста е на дневен ред.
  • Подобро е да бидеш со сите будала, отколку сам паметен.

http://www.tema1.net/?p=123

 

се изнамолчевме внимателно по форумов LOL и никој не се праи паметен па и сеирџиите




Edited by +Protagorist - 11-Mar-2024 at 18:33
HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3588
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #39 Posted: 29-Mar-2014 at 00:07



dali seushte e vo prodazba nekoe parche od amalgamot na Kire Ilievski beshe izdanie na fond.Ramkovski

www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=334&PID=14447#14447

ova e neshto ko "tao of physics" samo od makedonski slatkar ili pekar, iako Kire mi lichi ko za dvete a raboti plus sosem treto
HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15235
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #40 Posted: 29-Mar-2014 at 09:19
Македонски проект за е-книги. Треба да се регистрирате и да си отворите свој профил. На страницата ќе најдете исклучиво македонски автори. Книгите не можат да се симнат, туку само да се читаат. Бројот на книги постојано се зголемува. Уживајте!

http://www.makedonika.mk/index.html
За сè има вторпат
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1234>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.266 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.