Автопат Прилеп - Битола |
Post Reply | Page 123> |
Author | |
The Wild Boy
Senior Member Joined: 19-Jan-2020 Online Status: Offline Posts: 497 |
Quote Reply
#1 Topic: Автопат Прилеп - Битола Posted: 03-Nov-2024 at 22:20 |
Знае ли некој која година е изграден патот Прилеп - Битола? 79-та, 80-та, 81, 82?
Имав наидено на едно видео од 83-та или 82-ра за Градот Прилеп, каде што кажуваат дека неодамна била изградена обиколницата на Прилеп, најверојатно почетокот на 80 - те. Тогаш може и да е изграден целосниот пат од Прилеп до Битола а и до Ресен. |
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20760 |
Quote Reply #2 Posted: 02-Nov-2024 at 19:49 |
Carpe diem
|
|
nikolakoco
Groupie Joined: 26-Dec-2021 Online Status: Offline Posts: 41 |
Quote Reply #3 Posted: 10-Oct-2024 at 08:33 |
https://kanal5.com.mk/prenasochen-soobrakjajot-prilep-bitola-od-kluchka-topolchani-po-r1101-do-deponija-alinci/a663274
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20760 |
Quote Reply #4 Posted: 07-Sep-2024 at 18:38 |
Ниска цена за експропријација на земјоделско земјиште за новиот автопат Прилеп - Битола
Нови проблеми околу изградбата на автопатот Прилеп – Битола. Жителите чие земјиште треба да биде експропреирано за потребите на автопатот револтирани поради ниската цена која им се нуди за метар квадратен започнуваат судски постапки. Според Основниот суд во Прилеп тие во моментов се 62, а според ЈПДП 50. Но бројот секојдневно се зголемува. Според адвокатот Кирил Топчиоски кој застапува поголем дел од овие граѓани, тие не се против автопатот, само сакаат да им се плати реалната цена. Понудените надоместоци во атарот на село Тополчани биле 32 денари, а за областа кај селата Алинци и Беровци 70 денари за метар квадратен. „Тие износи не соодејствуваат со реалната вредност на земјоделското земјиште кое им се кеспропреира. На жителите на овие населени места им се одзема високо квалитетно земјиште, прва/втора/трета класа земјиште, притоа им се одземаат поголеми површини од неколку илјади метри квадратни на секој поединечно, сите жители на овие населени места примарна дејност им е земјоделието и тоа им е основен извор на приходи, поради што и се појавува одреден револт кај нив“, истакна Кирил Топчиоски, адвокат. Жителите се жалат и на тоа дека земјиштето за екпропријација во Гостиварско се исплаќало и по 10-кратно повисоки износи. Од ЈПДП велат дека проценката за експропријација се вршела од страна на Биро за процена, во кое според Закон за процена се определува и цената и дека во секоја општина имало утврдена цена од страна на Бирото. „Голем дел од земјоделците и жителите на овие населени места се надеваат дека во иднина во соодветна судска постапка пред надлежниот суд ќе имаат можност со изведување на соодветни докази за утврдување на вредноста на земјиштето, со вршење на нова проценка од страна на вешти лица, да добијат повисока и реална пазарна вредност на одземеното земјиште“, додаде Топчиоски. За регионот околу самиот град Прилеп се вршеле подготовки за изработка на основен проект за тој дел од автопат и затоа таму се уште нема експропријација https://sitel.com.mk/niska-cena-za-eksproprijacija-na-zemjodelsko-zemjishte-za-noviot-avtopat-prilep-bitola |
|
Carpe diem
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20760 |
Quote Reply #5 Posted: 26-May-2024 at 18:31 |
Спречена работата на “Бехтел и Енка” во изградба на автопатот Прилеп - Битола
Да престанат минирањата на Бехтел и Енка, поради кои ни се уриваат куќите, а во опасност се и изворите на питка вода за Прилеп. Со вакви барања неколку дена протестираат жителите на прилепското села Ореовец, кои денеска го блокираа локалниот пат кон селото, не дозволувајќи на механизацијата да влезе кон градилиштето. Тие обвинуваат дека никој не ги известил оти Бехтел и Енка тука ќе врши ископ на суровини, за изградба на автопатите до коридорите 8 и 10Д. Жителите велат дека од минирањето, еден од деветте извори на вода за пиење е неупотреблив. Во опасност се и ректите инсекти кои ги има во овој предел, но и црквата, која веќе е оштетена. Од Државни патиша велат дека ископот е согласно добиените лиценци, одобренија и концесии. Оттука ќе се вади камен за изградба само на автопатот Прилеп - Битола, велат од ЈПДП и негираат дека минирањата се вршат толку блиску до објектите, како што жителите велат. „Фирмата која го врши минирањето, и покрај тоа што не е нејзина обврска, постапувајќи одговорно, 24 часа пред самото минирање вербално ги известила и жителите на с. Ореовец. Исто така, се проверува и влијанието на секое минирање. Најблискиот објект од местото на минирање е оддалечен точно 706 метри, во која точка се поставени мерни инструменти кои мерат бучава и вибрации, согласно кои може да се види дека и вибрациите и бучавата се минимални.“ - велат од Државни патишта. Во меѓувреме, жителите на Ореовец поднесоа претставка до Уставниот суд, со која ќе бараат преиспитување на законот кој на Бехтел и Енка им овозможува минирање, а од судот ќе бараатр проценка на досегашните штети. Пред неколку месеци, жителите на гостиварските села Горна и Долна Бањица протестираа против изградбата на базата на Бехтел и Енка, поради која им се одзеде земјоделско земјиште. https://24.mk/details/sprechena-rabotata-na-bekhtel-i-enka-vo-izgradba-na-avtopatot-prilep-bitola |
|
Carpe diem
|
|
regional
Newbiе Joined: 29-Feb-2024 Location: Prilep Online Status: Offline Posts: 14 |
Quote Reply #6 Posted: 03-May-2024 at 18:55 |
Здраво дали има некакви градежни активности да знаете негде за овај автопат ?
Пошто веќе како што разбрав во близина на Прилеп Бехтел направиле Рудник за ископ на тампон па сакам да прашам дали некој нешто има забележано ? |
|
nikolakoco
Groupie Joined: 26-Dec-2021 Online Status: Offline Posts: 41 |
Quote Reply #7 Posted: 29-Apr-2024 at 22:13 |
Моментално се реновира/проширува мост од стариот пат Битола - Прилеп на реката Шемница, во близина на село Могила. Сообраќајот е целосно во прекин во тој дел. Стариот мост беше лента и пол широк и реално беше тесно за разминување на две коли. Претпоставувам дека оваа репарација е за во иднина сообраќајот да се одвива по овој пат при потреба при изградбата на автопатот
|
|
Théoden
Senior Member Joined: 31-May-2018 Location: Р. Македонија Online Status: Offline Posts: 563 |
Quote Reply #8 Posted: 02-Feb-2024 at 21:29 |
Ова само го ископав: |
|
Théoden
Senior Member Joined: 31-May-2018 Location: Р. Македонија Online Status: Offline Posts: 563 |
Quote Reply #9 Posted: 02-Feb-2024 at 21:11 |
Според објавениот, но недостапен, урбанистички проект на страницата на министерството за транспорт и врски, ќе се работи на 30-на од ветените 40 km (7+825.81 – 37+072).
Дали некој успеа да го виде проектот пред да го скријат?
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20760 |
Quote Reply #10 Posted: 20-Jan-2024 at 16:23 |
Локалитет Црн Камен
За изградба на автопатот од коридорот 10д, „Бехтел и Енка“ почнале да експлоатираат материјали токму од ова место https://360stepeni.mk/video-banichkiot-kromid-i-unikatniot-mineral-makedonit-kurban-za-avtopatite-na-behtel-i-enka/ Edited by stef4o - 20-Jan-2024 at 16:23 |
|
Carpe diem
|
|
Théoden
Senior Member Joined: 31-May-2018 Location: Р. Македонија Online Status: Offline Posts: 563 |
Quote Reply #11 Posted: 14-Nov-2023 at 20:32 |
Текстот како да го пишувал некој среде срцев напад. Но нешто ми го привлече вниманието и при претходните изјави: се спомнува вкупна должина од 40-на km. 40 km е растојанието од сегашната клучка за северниот влез на Битола, до источниот влез на Прилеп. Ако автопатот се изведува на оваа делница, тогаш ќе ја опфаќа и прилепската обиколница. Но според претходно претставениот проект, битолската обиколница треба да започне кај Могила, некои 5-6 km северно од сегашната клучка.
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20760 |
Quote Reply #12 Posted: 14-Nov-2023 at 18:19 |
Се дупчи и испитува почвата за автопатот Прилеп-Битола
БИТОЛА – Се дупчи почвата на неколку позиции покрај патот Прилеп-Битола каде треба да биде изграден автопатот во Пелагонија. На терен затекнавме поставена механизација која прави бушотини во земјата како дел од подготвителните работи и геотехнички истраги. Вработените од ЈП за државни патишта кои денеска беа на терен потврдуваат дека испитувањата се започнати и дека се работи извесен период наназад. Автопатот ќе се гради со проширување на сегашениот магистрален пат Битола-Прилеп ќе биде помеѓу кое ќе биде кон стариот пат за Прилеп. Ако се движите од правецот на Битола кон Прилеп проширувањето ќе биде од десната страна на коловозот и е многу блиску до стариот пат, на само неколку метра. Делот каде што треба да се прошири патот за да биде автопат е исполнет со ниви, меѓи, канали и дрвја, а на повеќе позиции се приклучуваат и земјени селски патишта. Стариот пат е понизок од сегашниот пат Битола-Прилеп по кој се одвива сообраќајот. Новото модерно автопатско решение од Прилеп кон Битола ќе биде во должина од 39,3 километри. Автопатската делница е дел од коридорот 10д. Според најавите на министерот Благој Бочварски оваа автопатска делница е приоритетна за Прилеп, за Крушево, за Битола, Могила, Новаци, Ресен и за сите останати од Пелагонија кои живеат или транзитираат од тука и ќе значи развој на Пелагонискиот регион. Овој автопат ќе се надоврзе на новиот експресен пат Прилеп-Градско кој е во градба, како и поврзување со патот од Битола до грчка граница, кој е во завршна фаза на рехабилитација. Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми информираше дека на сите планирани траси на Коридите 8 и 10д непречено се одвиваат геомеханички испитувања, а до проектната единица веќе се доставени инфраструктурни проекти речиси за сите делници. „Доставени се и елаборати за експропријација за Тетово-Гостивар и Гостивар-Букојчани, а се очекуваат и елаборатите и за Прилеп-Битола“, изјави директорот Рустеми пред два месеца кога заедно со премиерот Димитар Ковачевски и претставници на „Бехтел и Енка“ беа на локација на патот Прилеп-Битола каде се вршеше минирање за изведбата на овој патен правец. https://nezavisen.mk/se-dupchi-i-ispituva-pochvata-za-avtopatot-prilep-bitola/ |
|
Carpe diem
|
|
FiLo
Senior Member Joined: 26-Apr-2015 Online Status: Offline Posts: 142 |
Quote Reply #13 Posted: 20-Aug-2023 at 16:32 |
Па во најмала рака една рехабилитација нека има на сегашниот, да не биде калдрма.
Второ, премногу идиоти има по овој пат што возат 60 км/ч. А имаат уште еден стар пат, па иди вози по тој, не кочи сообраќај на овој пат со 60 брзина |
|
hcitrS
Senior Member Joined: 27-Nov-2015 Online Status: Offline Posts: 878 |
Quote Reply #14 Posted: 20-Aug-2023 at 15:33 |
За 150 милион Бехтел ни од дома не излегва. Ко ќе му допрефрлат уште 700 милиони еур, ќе пуштат еден авион да фрли една лопата со падобран.
|
|
FiLo
Senior Member Joined: 26-Apr-2015 Online Status: Offline Posts: 142 |
Quote Reply #15 Posted: 20-Aug-2023 at 14:25 |
Ниту активности некакви за автопат, камоли барем за некаква си рехабилитација на постоечкиот магистрален пат Прилеп-Битола.
Во цела должина асфалтот е во очајна состојба, како да возиш по коцка а не по асфалт, постојано е со грпки и удира на цела кола. Катастрофа од пат. |
|
pekson
Newbiе Joined: 06-Jun-2023 Online Status: Offline Posts: 1 |
Quote Reply #16 Posted: 06-Jun-2023 at 14:55 |
Браћо Македонци,
Одраће вас Американци (Bechtel). У Србији уговорено за 900 милиона еура (уговор криминалан). Са накнадним радовима тренутно око 2 милијарде. |
|
CHE91
Newbiе Joined: 05-Mar-2015 Online Status: Offline Posts: 14 |
Quote Reply #17 Posted: 17-May-2023 at 17:14 |
Донесоа машини. Донесоа бина. Кренаа знаменце и си заминаа. Ден 5ти, нема ништо.
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20760 |
Quote Reply #18 Posted: 12-May-2023 at 16:47 |
Carpe diem
|
|
The Wild Boy
Senior Member Joined: 19-Jan-2020 Online Status: Offline Posts: 497 |
Quote Reply #19 Posted: 01-May-2022 at 10:29 |
Како што објавив во темаите за автопатот од Тетово до Гостивар, и за автопатот од Гостивар до Кичево ќе објавам и овде.
Подолу ви се сликите кои што успеав да ги сликам од едно од видеата на ДУИ од изборната кампања: Ова се слики, мислам за еден дел од овој проект. Се гледа убаво дека ќе се искористи веќепостоечката обиколница кај Прилеп, со тоа што веќепостоечкиот пат ќе се пренасмери во еден правец, ќе се прошири(нешто слично како што се планира за автопатот Тетово - Гостивар), а блиску до веќепостоечкиот пат само ќе се изгради нов, и со тоа Прилепската обиколница ќе се претвори во автопат. Интересно ќе биде да се види како ќе завршува Прилепската обиколница, дали ќе се остави продолжеток да се продолжи автопатот да оди преку Бабуна. Можеби некаква клучка на влезот од Прилеп, каде што е таа бензинската. Гледам и дека не се оди со другата варијанта за поголема обиколница која што би имала поголем бенефит, особено за фабриките во близина како витаминка. Ама што друго да очекуваш од истите идиоти на власт кои што секојдневно ни ја рушат економијата и крадат се повеќе и повеќе. Инаку видеото го имате подоле, на фејсбук објавено: https://fb.watch/cK27u1mTQC/ А ова беше пратено од еден член на SkyScraperCity форумот. Обично не гледам и паѓам на такви политички реклами, но оваа пат кога го погледнав видеото ми го привлече вниманието, бидејки ги покажаа плановите и тоа не само за овој автопат, туку и за автопатот од Тетово до Гостивар, и за автопатот од Гостивар до Кичево. Кога ќе седнам на компјутер, ќе пробам повтроно да ги сликам да видам дали ќе испаднат во поголема резолуција. Жално што сеуште ги немаме официјалните планови, а со овој автопат теба да се почне со градба оваа година... Edited by The Wild Boy - 01-May-2022 at 10:48 |
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20760 |
Quote Reply #20 Posted: 02-Apr-2021 at 16:06 |
БОЧВАРСКИ ОЧЕКУВА ГОДИНАВА ДА СЕ ГРАДИ АВТОПАТ ПРИЛЕП-БИТОЛА
Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски најави дека е потпишан меморандумот за соработка за изградба на автопат Битола-Прилеп и дека очекува годинава да почне да се гради. Токму тоа што нема автопатско поврзување со Скопје е еден од најголемите инфраструктурни проблеми со кои се соочува Битола. Од тој пат составен дел е и делницата Битола-Прилеп која сега е двонасочна со две-три ленти, а потоа продолжува превојот Плетвар кој е еден од најризичните за минување со возила. Битолчани за Скопје уште патуваат по три часа во еден правец. „Првиот чекор до изградбата на автопатот Битола-Прилеп е меморандумот за соработка што го потпишавме пред два дена, следниот чекор претставува навлегување во техничките детали поврзани со договорот кој во иднина би се случил. Со нашите експерти транспарентно ќе ја разгледаме целата постапка и на крај ќе одиме во Собрание за одобрување на тој договор. Во минатото, во државата пробавме на многу начини да градиме патишта, најчесто низ редовната постапка, но често се мачиме, ги губиме проектите, а парите остануваат нереализирани и затоа сега сакаме да се обидеме на еден нов начин, низ нов принцип, првпат да покажеме дека можеме брзо и ефикасно и јасно да покажеме дека ќе градиме инфраструктура за граѓаните како национален интерес број еден за државата“, рече Бочварски. Битолчани повеќе од 15 години чекаат автопатско поврзување со Прилеп, Велес и Скопје, а изградбата на патот е предизборно ветување на сите политички партии. Иако во изминатиот период и кај сегашната власт, а и кај таа претходно министерите за транспорт и врски беа од Прилеп, покрај ветувањата не успеаја автопатски да го поврзат Пелагонискиот Регион за Скопје. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/bochvarski-ochekuva-godinava-da-se-gradi-avtopat-prilep-bitola/ |
|
Post Reply | Page 123> |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |