Колектори и пречистителни станици |
Post Reply | Page 123 9> |
Author | |
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15235 |
Quote Reply
#1 Topic: Колектори и пречистителни станици Posted: 10-Jan-2024 at 18:33 |
Уплатени 10 милиони евра за почеток на градбата на пречистителната станица
Пречистителната станица во Скопје е еден од поголемите капитални проекти каде што е вклучена и државата, иако директната имплементација e обврска на Град Скопје и на ЈП „Водовод и канализација“. Министерката за животна средина Каја Шукова минатата недела рече дека е започнато со авансна исплата за да може изведувачот да започне со работа. Станува збор за 603,5 милиони денари или 10 милиони евра што од Министерството за животна средина, на крајот од минатата година, му се префрлени на скопски „Водовод и канализација“, кој, пак, ги уплатува на германско-македонскиот конзорциум „ВТЕ Васертехник“ и „Жикол“, со кои беше потпишан договор лани во април. Се работи за капитален проект вреден 200 милиони евра, од кои 70 милиони се грант. Над 130 милиони евра се пари обезбедени од Европската инвестициска банка и од Европската банка за обнова и развој и со него треба трајно да се реши проблемот на отпадните води во Скопје, од кои најмногу страда Вардар. Тендерот за изградба на скопската пречистителна станица беше започнат во летото 2020 година, а со одолговлекувањето на процедурите од страна на Град Скопје, се одложи и почетокот на градежните работи на терен. Првичниот краен рок за завршување на изградбата на овој капитален објект беше 2026 година. Овој проект му е итно потребен на главниот град, затоа што со зголемувањето на населението и со брзите урбанизација и индустријализација, континуирано се зголемува количеството отпадни води што домаќинствата и фирмите ги испуштаат во Вардар. Пречистителната станица ќе опслужува над 500.000 жители, а урбаните води ќе се филтрираат во согласност со стандардите на Европската Унија. Ова е уште еден чекор кон подобрувањето на квалитетот на животот на граѓаните, а придобивки ќе имаат и сите оние што живеат по текот на Вардар. Пречистителната станица за отпадни води во Скопје треба да се гради во близина на населбата Трубарево, а со неа ќе се овозможи примарен и секундарен третман на отпадните води од Скопје. Објектот ќе има капацитет да ги задоволи потребите на 540.000 жители. Третираната вода ќе има врвен квалитет, со што ќе се подобри и хемискиот и бактериолошкиот квалитет на речните води на Вардар. Во моментов, фекалиите на жителите од главниот град се испуштаат како непречистени директно во реката Вардар, а се изградени помали пречистителни станици за отпадни води во Сарај за реката Треска и во Ново Село за реката Лепенец, преку кои треба да се врши третман на отпадните води од населените места што гравитираат околу овие реки. Министерката Шукова информира и дека тендерот за изградба на пречистителна станица во Тетово е објавен во декември 2023 година, а во фаза на подготовка е тендерот за изградба на пречистителна станица во Битола. (С.Бл.) https://www.vecer.press/%d1%83%d0%bf%d0%bb%d0%b0%d1%82%d0%b5%d0%bd%d0%b8-10-%d0%bc%d0%b8%d0%bb%d0%b8%d0%be%d0%bd%d0%b8-%d0%b5%d0%b2%d1%80%d0%b0-%d0%b7%d0%b0-%d0%bf%d0%be%d1%87%d0%b5%d1%82%d0%be%d0%ba-%d0%bd%d0%b0-%d0%b3/ |
|
За сè има вторпат
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20753 |
Quote Reply #2 Posted: 25-May-2023 at 14:26 |
ЕВРОПСКИТЕ БАНКИ ГО ЗАМРЗНАА ПРОЕКТОТ ЗА ПРЕЧИСТИТЕЛНА СТАНИЦА ВО СКОПЈЕ ОТИ ПРЕТСТАВНИЦИТЕ НА ГРАДОТ НЕ ДОАЃААТ НА СОСТАНОЦИТЕ
Градоначалничката Данела Арсовска и директорот на ЈП „Водовод и канализација“ Драган Илиевски поставен од нејзе и понатаму го кочат проектот за изградба на пречистителната станица за отпадни води во Скопје. Како што дознава САКАМДАКАЖАМ.МК, претставниците од Градот не се појавуваат на состаноците и разрешен е раководителот на проектната единица за имплементација на проектот. Поради овие причини, претставнците на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и на Европската инвестициска банка (ЕИБ) кои го финансираат проектот, доставиле писмено известување дека нема да учествуваат во натамошните редовни неделни и месечни состаноци додека Градот и јавното претпријатие не обезбедат соодветни претставници. Тие исто така бараат образложение зошто е сменет раководителот на проектната единица. Тоа значи дека сега проектот е во застој, односно не можат да почнат да се реализираат никакви актвности за да се почне со градба на пречистителната станица. Дека проектот и понатаму се кочи и има забелешки од европските банки потврдува и министерката за животна средина Каја Шукова, која за САКАМДАКАЖАМ.МК вели дека претставници од Градот отсуствуваат од редовните состанови. „Има загриженост кај банките дека претставниците на Град Скопје и ЈП ‘Водовод и канализација‘ отсуствуваат од редовните состаноци кои се важни за успешно спроведување на проектот. Исто така, согласно потпишаниот договор со ‘Водовод и канализација’, не треба да се менува член на проектната единица за имплементација на проект, без согласност на банките. И на оваа тема банките имаат загриженост и бараат образложение од претпријатието зошто и како е можно без нивна согласност да се смени член на проектната единица“, вели министерката Шукова. Директорот на ЈП „Водовод и канализација“ Драган Илиевски не одговараше на нашите телефонски повици ниту на пораката во која му поставивме прашања зошто е сменет раководителот на проектната единица, како е можно да донесат таква долука без согласност на европските банки и зошто не учествуваат на состаноците за што реагираат од ЕБОР и ЕИБ. Градоначалничката Арсовска и директорот Илиевски со месеци не го потпишуваа договорот за изградба на пречистителната станица иако процесот беше спроведен без ниту една забелешка. Договорот со германската фирма „ВТЕ Васертехник“ беше потпишан минатиот месец, откако претходно ЕУ додели неповратен грант за проектот и јавно ја повикаа Арсовска да го потпише договорот. Ни Град Скопје ниту „Водовод“ не ја соопштија оваа информација. Иако станува збор за капитален проект за градот вреден 200 милиони евра и за кој се обезбедени европски пари, не беше одржана прес-конференција, не беше испратено соопштение до медиумите ниту пак таква информација има на веб страните на Град Скопје и на „Водовод и канализација“. Медиумите ова информација ја дознаа од свои извори, а ја потврди министерката Шукова бидјеќи од Градот и претпријатието не одговараа ниту на поставените прашања. Постапката за пречистителна станица за отпадни води започна во декември 2019 кога градоначалник на Скопје беше Петре Шилегов, а директор на „Водовод и канализација“ Душко Весковски. Тендерот беше распишан во јуни 2020 и тогаш беше кажано дека во 2025 Скопје ќе ја добие пречистителната станица, со што трајно ќе се реши проблемот на отпадни води од кои најмногу страда реката Вардар. Дел од парите односно 136 милиони евра се кредит од Европската инвестициска банка, а 70 милиони евра се неповратен грант од Европската унија. Арсовска токму за овој тендер се скара и со ВМРО-ДПМНЕ откако го обвини тогашниот директор на претпријатието Златко Перински дека ја местал постапката. Од партијата пак тогаш ѝ одговорија на Арсовска дека таа сака да го намести тендерот во корист на турската фирма. https://sdk.mk/index.php/naslovna/evropskite-banki-go-zamrznaa-proektot-za-prechistitelna-stanitsa-vo-skopje-oti-pretstavnitsite-na-gradot-ne-doagaat-na-sostanotsite/ |
|
Carpe diem
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20753 |
Quote Reply #3 Posted: 14-Apr-2023 at 16:46 |
Која е германската фирма која со ЖИКОЛ за 200 милиони евра ќе ја гради пречистителната станица на водите од Скопје
Градела пречистителни станици во Будва и во Москва. Фирмата со седиште во Есен во Германија е избрана за изведувач на проектот на пречистителната станица на водите од Скопје. Во проектот како локален изведувач, Германците го избрале Жикол. Големиот проект од 200 милиони евра ги раздели Данела Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ поради меѓусебни обвинувања за финансиски злоупотреби со скопскиот водовод. По многу перипетии и контроверзи со проектот финансиран со европски пари, во седиштето на скопски Водовод е депониран договорот за изградба на пречистителната станица на скопските води. Договорот во тајност е потпишан пред два дена, а според информации на Телма, за двесте милиони евра пречистителната станица кај Трубарево ќе ја гради германската фирма WTE Wassertechnik GmbH заедно со домашната компанија Жикол. Тие на тендерот ја победиле турската фирма Кузу груп и доставиле покомплетна понуда. Поради овој тендер, во градската коалициона власт во Скопје, градоначалничката Данела Арсовска се разведе од партнерите од ВМРО-ДПМНЕ, при што ја обвини партијата и Мицкоски за ставање на рачиња во медот. Но, иако таа зад кулоарите навиваше за турската Кузу, сепак изборот паднал на германската компанија која е многу поискусна во изградба на пречистителни станици за вода. WTE и Жикол покрај поквалитетна понуда имале и соодветна банкарска гаранција додека Турците понудиле банкарска гарнација не од банка туку од финансиска институција со седиште во Монако. Откако Народната банка одговорила дека не постои таква банка , на турската компанија и било понудено да достави нова гаранција, но не биле во можност поради војната во Украина. На тој начин, Германците останале единствени во трката и го добиле тендерот. WTE е германска компанија која има многу слични проекти пред се во државите во источниот дел на ЕУ, како Полска и Литванија, но имаат и претставништво и проекти и во Москва. Еден од поголемите проекти на компанијата е пречистителната станица во Будва која е пуштена во употреба во 2014-та година. Проектот за скопската пречистителна станица вреди над 200 милиони евра, 136 милиони се кредит од Европската инвестициска банка, а 70 милиони евра се неповратен грант од Европската унија. Пречистителната станица ќе биде лоцирана во месноста Пласница во близина на Трубарево веднаш до Вардар. Ќе бидат прочистувани отпадните води, а корист ќе имаат над половина милион жители во главниот град и околината. Досега не е објавена ниту информацијата дека е потпишан договорот ниту пак градот Скопје или скопски Водовод го објавија договорот со германците. Директорот на Водовод Драган Илиевски не одговори на нашите повици. https://telma.com.mk/2023/04/14/koja-e-germanskata-firma-koja-so-zhikol-za-200-milioni-evra-kje-ja-gradi-prechistitelnata-stanica-na-vodite-od-skopje/ |
|
Carpe diem
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20753 |
Quote Reply #4 Posted: 14-Apr-2023 at 13:57 |
ПОТПИШАН ДОГОВОРОТ ЗА ПРЕЧИСТИТЕЛНАТА СТАНИЦА ОД 200 МИЛИОНИ ЕВРА, АРСОВСКА НЕ ОБЈАВИ НИТУ СВИКА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА
Потпишан е договорот за изградба на пречистителната станица за отпадни води во Скопје. Проектот е вреден 200 милиони евра, од кои 136 милиони евра се кредит од Европската инвестициска банка, а 70 милиони евра се неповратен грант од Европската унија. Како што дознава САКАМДАКАЖАМ.МК, после неколку месеци одлагање без причина, договорот со фирмата изведувач и фирмата која ќе го врши надзорот е потпишан пред неколку дена. Градоначалничката Данела Арсовска не објави, ниту пак закажа прес-конференција за да ги соопшти деталите од договорот за овој капитален проект за градот. На тендерот понуди имаа доставено две фирми, германска и турска, а според нашите информации договорот е склучен со германската фирма која беше подобро бодувана во текот на целата постапка што ја спроведуваше посебно формирана проектна единица. Градоначалничката Арсовска не одговараше на нашите телефонски повици да одговори дали е склучен договорот за пречистителната станица и зошто тоа не го соопштува на јавноста и граѓаните. Дека договорот е склучен за САКАМДАКАЖАМ.МК потврди министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова. „На 12 април во Министерството за животна средина и просторно планирање пристигна официјален меил од проектната канцеларија во ‘Водовод и канализација’ која ја спроведуваше постапката. Нè известија дека тендерот е успешен и склучени се договорите за градба и надзор. Со тоа, завршени се сите постапки и наскоро треба да почне реализацијата на овој голем и капитален проект за главниот град“, ни изјави Шукова. Ваков меил од проектната канцеларија стигнал и до останатите партнери во проектот, односно до Европската инвестициска банка и Европската банка за обнова и развој. Постапката за пречистителна станица за отпадни води започна во декември 2019 кога градоначалник на Скопје беше Петре Шилегов, а директор на „Водовод и канализација“ Душко Весковски. Тендерот беше распишан во јуни 2020 и тогаш беше кажано дека во 2025 Скопје ќе ја добие пречистителната станица, со што трајно ќе се реши проблемот на отпадни води од кои најмногу страда реката Вардар. Со доаѓањето на функција на Арсовска постапката беше закочена. Најпрво го разреши од функција директорот Златко Перински, кој е кадар на ВМРО-ДПМНЕ, велејќи дека го фатила со „рачето во мед“ и тврдеше дека спречила криминал, иако европските партнери во проектот кажуваа дека нема никакви сомнежи во постапката. Потоа, со месеци не сакаше да го направи изборот на фирмата за надзор и фирмата изведувач иако бодувањата беа направени и тие автоматски го покажуваат победникот на тендерот. Пречистителната станица за отпадни води ќе се простира на површина од 13 хектари, во општина Гази Баба, на левиот брег на реката Вардар, во областа Трубарево. Откако ќе биде пуштена во функција, ќе може безбедно да ја третира и прочистува водата за 540.000 жители. Третираната вода ќе има врвен квалитет, согласно европските стандарди. Ќе се намали и протекувањето, па 70 проценти од искористената вода ќе може да се употреби, што е од суштинско значење во период на климатски промени и зголемување на урбаното население. Тоа ќе помогне и водата од реката Вардар да биде помалку загадена. https://sdk.mk/index.php/naslovna/potpishan-dogovorot-za-prechistitelnata-stanitsa-od-200-milioni-evra-arsovska-ne-objavi-nitu-svika-pres-konferentsija/ |
|
Carpe diem
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20753 |
Quote Reply #5 Posted: 12-Mar-2023 at 14:06 |
СЕ ОТСТРАНУВААТ ПОСЛЕДНИТЕ ПРЕЧКИ ЗА ИЗГРАДБА НА ПРЕЧИСТИТЕЛНА СТАНИЦА ВО ВЕЛЕС, ПРОЕКТ НА ЕУ ВРЕДЕН 24 МИЛИОНИ ЕВРА
Продажбата на парцелата на која требаше да се гради пречистителна станица во Велес заедно со колекторски систем ја сопре постапката за нејзината изградба. Таа треба да ги собира отпадните води од домовите во Велес. Се бара решение за нова локација. Од Министерството за земјоделство најавуваат дека до крајот на месецов правните работи кај нив ќе бидат завршени. Со проектот треба да се прифатат сите отпадни води од левата страна на градот, да се постави цевка под Вардар близу автобуската станица и тие да се префрлат на десната страна. Потоа ќе се носат до пречистителната станица. Таа е планирана под вливот на Бабуна во Вардар, низводно од Велес. „Очекувам за еден месец земјиштето каде што треба да биде лоцирана станицата да биде чисто, за да можат да продолжат постапките“, изјави градоначалникот на Велес, Марко Колев. Според проектната документација, вредноста е околу 24 милиони евра, средства обезбедени од ЕУ, а реализацијата би почнала годинава. Поради комплексноста и специфичноста на теренот, би траела подолг временски период. Пред 20-ина години имаше обид со кредит од Португалија да се реши проблемот со отпадните води во Велес, кои директно се влеваат во Вардар, но тоа пропадна. Подолго време се работеше на проектот, но кога Португалците дошле во Велес, виделе дека градот е распослан на два брега, а правеле пресметка само за една страна, па се повлекоа. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/se-otstranuvaat-poslednite-prechki-za-izgradba-na-prechistitelna-stanitsa-vo-veles-proekt-na-eu-vreden-24-milioni-evra/ |
|
Carpe diem
|
|
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15235 |
Quote Reply #6 Posted: 02-Feb-2023 at 10:30 |
Пречистителни станици – надградба на криво насаден систем
Автор: Гоце Трпковски Објавено на 01 февруари 2023 Реката Кумановка се влева во Пчиња на почетокот од живописната Бислимска клисура, подрачје препознаено по своите природни богатства и сѐ попопуларно меѓу туристите. Еден километар погоре, пак, во Кумановка се влева прочистената вода од кумановската канализација. Тука се наоѓа пречистителната станица, една од постарите и поголемите во земјава. Водата прво минува низ решетка за да се запрат отпадоците. Сешто може да се најде тука – од пластични шишиња до цели парчиња мебел. Потоа оди во базените за таложење, за да се собере тињата. На крајот, со помош на големи машини, т.н. мамут-ротори, се врти во круг додека бактериите ги разградуваат органските материи. На крајот таа истекува во реката без ѓубре и без фекални остатоци. Сето тоа изгледа многу едноставно гледано од страна, но за да функционира и да спречува фекалната вода директно да се излева во реките и во езерата, е потребно многу. Пречистителните станици се најголеми потрошувачи на струја во јавните комунални претпријатија и се голем товар по нивните буџети. Опремата мора да се одржува и да се менува кога ќе застари, а замена на еден дел може да чини илјадници евра. Им недостигаат и стручни кадри и општи работници. Седум не работат, другите со проблеми И покрај нивната важна улога за заштитата на водите, на речниот жив свет и на здравјето на луѓето, особено во услови на климатски промени со кои водата ќе станува сѐ поскапоцен ресурс, пречистителните станици се ретко тема во јавноста. Тие делумно се актуализираа откако токму проектот за изградба на пречистителна станица за Градот Скопје, вредна 136 милиони евра, беше повод за распад на коалицијата во локалната самоуправа меѓу ВМРО-ДПМНЕ и градоначалничката Данела Арсовска – судир што ескалираше со хаотични состојби во повеќе сфери на функционирање на градската управа. Додека се чека почетокот на изградбата на скопската станица, а Европската комисија во последниот извештај за напредокот во земјава констатира дека градењето нови станици е бавно и полно со предизвици, БИРН истражуваше како функционираат постоечките, од кои најголемиот дел се изградени со странски донации во последниве две децении. Од вкупно 26 пречистителни станици за отпадни води, седум воопшто не функционираат, две работат само со основно пречистување, најмалку четири имаат сериозни проблеми со финансиската одржливост, а и другите се соочуваат со предизвици со одржувањето на опремата и наоѓање соодветен кадар, покажуваат податоците што ги добивме од Здружението на даватели на комунални услуги АДКОМ, кое ги обединува јавните комунални претпријатија во државава. Иако вакви станици се граделе уште во 1970-тите и во 1980-тите, тоа биле мали проекти. Прочистувањето на водите од канализацијата е релативно нова област во државава и повеќето инвестиции се направени по 2000 година, а најголемите проекти дојдоа во последниве пет години. Податоците од Министерството за животна средина покажуваат дека до 2017 година, нешто над 13 отсто од населението било покриено со оваа услуга, односно дека само мал дел од канализациската вода поминувала некакво прочистување пред да се врати во реките и во екосистемот. Оттогаш, со помош на Европската Унија, Германија, Швајцарија и други донатори, се изградија и се пуштија во употреба неколку поголеми станици во Струмица, Радовиш, Кичево, Кочани, Гевгелија и во Прилеп. Со нив, покриеноста се зголеми на над 37 отсто. Ако се исполнат плановите до 2027 да се направи скопската, како и станиците во Тетово, Битола, Штип и Велес, ќе се прочистуваат отпадните води што ги создаваат околу 75 отсто од жителите на земјава, и, ако сѐ функционира, би се постигнале високи стандарди во оваа област. Без сопствена струја се тешко одржливи Искуството од повеќе досегашни случаи покажува дека кога станиците ќе се направат, проблемите допрва почнуваат. Јавните комунални претпријатија, кои низ целата држава се во тешка состојба, одеднаш добиваат нов капацитет што треба да го управуваат, кој работи со висока технологија и чие функционирање чини многу пари. Неопходно е да се зголемат сметките за вода за да се покрие новиот трошок. Цената ја определува Регулаторната комисија за енергетика, и во зависност од општината, оваа услуга чини од 10 до 18 денари за потрошен кубен метар вода. Ако се има предвид дека едно домаќинство во просек троши од пет до десет кубни метри месечно, тоа значи дека би плаќало до 200 денари повеќе. Но, цените се држат ниски за да не се оптоварува домашниот буџет, а парите што се собираат од наплата не се ни од далеку доволни за да се покријат трошоците. Тоа особено дојде до израз откога почна енергетската криза. „За август 2021 година, сметката за струја ни беше 667 илјади денари, а за август 2022, таа изнесува 5,4 милиони денари“, вели Габриела Белчевска, помошник-раководител на пречистителната станица во Куманово. Ова повеќекратно зголемување на цените на струјата предизвикало проблеми во сите претпријатија. Во Радовиш, на пример, до 1 мај 2022 година, електричната енергија ја плаќале по 50 евра за мегават-час, а оттогаш станала многу променлива. Уште во мај, цената пораснала на 310 евра, во август достигнала рекордни 560 евра, па во октомври се вратила на 232 евра. „Со драстичниот раст на цените, покрај неколкукратното зголемување на фактурата за потрошена електрична енергија, се зголеми и цената на резервните делови и на потребните средства за нормалното функционирање на ПСОВ Радовиш“, вели раководителот Стојче Димовски. Во Кочани го решиле овој проблем во голема мера – околу 70 проценти од струјата што ја трошат, ја обезбедуваат од фотоволтаичната централа и од работата на комбинираната постројка за производство на топлинска енергија. Таа работи на метан произведен од дигестираната тиња што останува по таложењето на водата. Според информациите од Министерството за животна средина, овие решенија ќе се планираат однапред кога ќе се прават новите станици, за тие да бидат енергетски и економски поодржливи. Но, за да се решат проблемите на старите, голема е веројатноста дека ќе се чекаат нови странски донации или кредит. Кога тињата не се согорува, таа не само што е неискористен извор на енергија, туку е оптоварување на локалните депонии, во услови кога отсуствува секаков систем за управување со отпадот. Радовишката пречистителна станица, на пример, за само шест месеци депонирала 295 кубни метри тиња. Деловите чинат десетици илјади евра Трошоците за редовната работа се високи, но кога ќе им се додадат и тие за одржување и за замена на опремата, работите стануваат уште посложени. Тоа се гледа во кумановската станица, која функционира од 2006 година. „Векот на траењето на станиците е десетина години, и потоа трошоците стануваат големи. На пример, замената на еден мамут ротор за аерација може да чини над десет илјади евра“, вели Белчевска. Според повеќемина соговорници, проблем е и да се најде фирма што ќе ја изврши работата, бидејќи компаниите во Македонија не го работат тоа и често треба да се бараат изведувачи од странство. „Релативно нова работа се станиците. Сѐ уште се навикнуваме на нив, а и фирмите се навикнуваат да ги опслужуваат“, велат од гевгелиската станица. Еден од проблемите со кои се соочуваат комуналните претпријатија се кадрите. Тие имаат реорганизација пред да ги преземат пречистителните станици и во нив се создаваат тимови што можат да ги управуваат. „Многу е важно за работата на станиците да биде успешна, луѓето што ќе работат во нив да бидат присутни додека тие уште се градат, за да се запознаат подобро со нивното функционирање“, велат од ЈП Комуналец Гевгелија, кое има една од најновите станици, отворена во 2018 година. Но, како што истакнаа повеќемина соговорници, дали овој принцип на работа ќе опстане, зависи од тоа како ќе се управува претпријатието, а тоа е прашање на политика, бидејќи управувачкиот кадар се поставува со политички одлуки и често е предмет на коалициски пазарења. Податоците на АДКОМ покажуваат дека и во новите станици не е сѐ сјајно. Пречистителната станица во Кичево, направена во 2018 година, има проблеми со финансиската одржливост, што го загрозува нејзиното функционирање, а таа во Сарај, која почна да работи во 2015 година, е моментално надвор од употреба. Не само опстојувањето, туку и создавањето на тимовите за работа не е лесно. Во државното претпријатие „Колекторски систем“ од Охрид, кое се формираше пред три години, за да го преземе управувањето со колекторот околу Охридско Езеро (40 километри лошо одржуван цевковод во општините Охрид, Струга и Дебарца, како и пречистителна станица), веќе има 55 вработени, но му недостигаат и теренски работници и стручен кадар. „Ни недостига технолог, машински инженер, градежен инженер, хидроинженер, но проблемот не е само што тешко се наоѓаат тие кадри, туку и што немаме согласност од Министерството за финансии да ги вработиме“, вели директорот Владимир Алексијоски, додавајќи дека кадрите, особено во хидрологијата, не само што помалку се школуваат во однос на порано, туку стануваат и сѐ побарани во приватниот сектор и во странство, па јавните претпријатија не можат да им конкурираат со понудите за плата. Скок во матна ладна вода Дури и ако се најдат решенија за сите тешкотии што се директно поврзани со пречистителните станици – ако им се покријат трошоците за струја, се обезбедат пари за обновување на опремата и се вработат кадри, ќе остане уште еден голем проблем. Станиците не функционираат сами за себе, туку се дел од сеопфатни системи за собирање и за одведување на водите. Тука доаѓа до израз проблемот со неодвоеноста на фекалната и на атмосферската канализација. Дури и во Скопје, каде што состојбата е најдобра, само 30 отсто од канализацискиот систем е одвоен, за дождовницата да се одведува со посебни цевководи до реките, а фекалната вода да не се меша со неа. Во многу општини, тоа воопшто не постои и дождовницата поминува низ истите цевки. „Тоа е проблем бидејќи кога врне дожд, и таа вода надоаѓа во цевките, и потоа мора да помине низ пречистителната станица. Тоа е чиста вода и непотребно го зголемува обемот на работа на станицата, како и трошоците што ги прави таа, а згора на сѐ ги уништува и бактериите што ни се потребни за разградување на отпадните материи во фекалните води“, објаснува директорот на охридскиот колекторски систем. Наскоро треба да се градат станици што се уште поголеми од сегашните – скопската со капацитет за 650 илјади жители, тетовската за 80 илјади, битолската за 77 илјади, штипската и велешката за по 53 илјади итн. Ако не се преземат посеопфатни мерки, и тие ќе треба да се вметнат во системи со неодвоена канализација и да се дадат на претпријатија со недоволен кадар и недоволни ресурси за својата работа. Оваа публикација е изработена со финансиска поддршка на Европската Унија. Содржината на публикацијата е единствена одговорност на БИРН и не мора да ги ги одразува ставовите на Европската Унија. https://prizma.mk/prechistitelni-stanitsi-nadgradba-na-krivo-nasaden-sistem/ |
|
За сè има вторпат
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20753 |
Quote Reply #7 Posted: 12-Sep-2022 at 17:24 |
Што претставува пречистителната станица за отпадни води за Скопје?
Пречистителната станица за отпадни води за Скопје (ПСОВ), која треба да се гради во Трубарево, Општина Гази Баба, треба да ги пречистува отпадните, фекални и канализациски води од речиси сите домаќинства во главниот град и такви да се испуштаат во реката Вардар. Изградбата на ПСОВ сè ущте не е започната, а проектот вреден 136 милиони евра треба да биде завршен до 2030, односно 2045 година. Изведувачот на градежните работи требаше да биде избран меѓу два конзорциума, но како што соопшти Градот Скопје поради „самоволие и несоодветно постапување во постапката за избор на изведувач во милионски тендер“, разрешен беше директорот на ЈП „Водовод и канализација“ Златко Перински, како и генералниот секретар на Градот, Ѓоко Велковски. Каде ќе се гради? Локацијата за изградба на ПСОВ, согласно Генералниот урбанистички план (ГУП) на Скопје 2012-2022, се наоѓа во југоисточниот дел од Скопската Котлина, во рамки на Општината Гази Баба. Сегашната состојба на локацијата е изменета и полуизменета поради земјоделски активности, стои во Нетехничкото резиме за овој проект, изработено во 2018 година. Проектот се состои од две фази. Пречистителната станица ќе се состои од единица за предтретман и единица за биолошки третман кои ќе се изградат во првата фаза до 2030 година. Надградбата на биолошкиот третман со цел да се вклучи и отстранување на азотот и фосфорот ќе се изгради во рамки на втората фаза на проектот (до 2045 година). Единицата за дезинфекција и одделно третирање на атмосферските води се смета на опционални објекти кои може да се изградат во рамки на втората фаза на проектот. Ефлуентот од третманот на отпадните води ќе се испушта во реката Вардар. Предвидениот капацитет на ПСОВ е 625.000 жители во 2030 година и 650.000 жители во 2045 година. Која е функцијата на пречистителната станица? Главните проблеми поврзани со функционирањето на канализациониот систем во градот Скопје се испуштање на непречистени отпадни води во реката Вардар, често прелевање на комбинираната канализациска мрежа во урбаните подрачја во случај на врнежи, нелегални приклучоци на канализациската мрежа, нелегално испуштање во површинските води и оштетени делови на канализациската мрежа. Итната потреба за изградба на ПСОВ во Скопје е оправдана поради урбанизацијата, растот на населението и брзата индустријализација на градот Скопје и околните населени места, што ќе доведе до поголеми количини на непречистени води од домаќинствата и индустријата кои ќе се испуштаат во реката Вардар. Колекторите ги изгради претходниот градоначалник Петре Шилегов Отпадните води ќе се пренесуваат до ПСОВ преку два колектори за отпадни води на левиот и десниот брег на реката Вардар. Колекторот на левиот брег ќе вклучува и изградба на сифон под реката Вардар, но тој ќе се гради со финалната изградба на пречистителната станица. Овие колектори ќе бидат поврзани на планираната ПСОВ во населбата Трубарево. Тие веќе се изградени. Парите за колекторите се обезбедени со проектот ИПА 2 „Подобрување на инфраструктурата за собирање на отпадни води во градот Скопје“. Инвестицијата е финансирана од ЕУ во износ од над 9 милиони евра и од буџетот на Македонија. Клучните придобивки од проектот • Запирање на сегашната пракса на испуштање на нетретирани отпадни води во реката Вардар. • Проширување на колекторот за отпадни води и поставување на сеопфатен систем за пречистување на отпадните води во Град Скопје, што ќе доведе до подобрување на заштитата на животната средина и здравјето на населението во градот Скопје и подрачјата по текот на реката. Повеќе од 500.000 жители на град Скопје (речиси 1/3 од целпкупното население во Македонија) ќе има придобивка од подоброто управување со отпадните води, како и сите жители во населените места по течението на реката во Македонија и Грција, сè до Егејското Море. • Исполнување на стратегиските цели утврдени во стратегиите и плановите за управување со водите на државно ниво и испоплнување на одредбите од локалното законодавство со цел водните тела да постигнат „добар статус“ и да се спречи натамошно влошување на постојниот статус на површинските и подземните води. • Поголеми можности за вработување на локалното население во текот на изградбата и работата на ПСОВ. Во Нетехничкото резиме се нотира и дека додека трае изградбата на пречистителната станица, воздухот може да биде дополнително загаден со ПМ10 честички, но дека првото населено место е оддалечено 400 -600 метри воздушна линија, па тоа нема многу да ги засега граѓаните. Дополнително, предвидено е околу станицата да се засадат различни видови дрвја, кои би ја штителе околината од потенцијално загадување. Во моментот во Скопје функционира една пречистителна станица и тоа во Волково, која ги чисти водите на 19.500 жители, а врши механички, биолошки и хемиски третман, како и третман на отпадна мил, а има и биофилтер станица. https://nezavisen.mk/shto-pretstavuva-prechistitelnata-stanica-za-otpadni-vodi-za-skopje/ |
|
Carpe diem
|
|
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15235 |
Quote Reply #8 Posted: 16-Jun-2022 at 12:44 |
Вардар како „главна“ канализација на Скопје
Јасмина Јакимова Реката Вардар е претворена во депонија во која се слева целата скопска канализација. Од ЦЈЗ-Скопје предупредуваат на потенцијалната опасност од користење на загадените води за наводнување. Реката Вардар е претворена во депонија во која се слева целата скопска канализација. Од ЦЈЗ-Скопје предупредуваат на потенцијалната опасност од користење на загадените води за наводнување. Вардар во скопско не смее да се користи ниту за капење, ниту за полевање. Покрај дива депонија, во непосредна близина на Вардар расте жито. Во близина има и пластеници, каде летово треба да пораснат пиперки и домати. Овие култури се одгледуваат покрај една од најзагадените реки во Европа, чија вода, според мерењата на Центарот за јавно здравје-Скопје, не смее да се користи за ништо ако претходно не биде прочистена. Вклучително и за активности како капење или наводнување бидејќи е од четврта или од најлошата, петта класа. Податоците за загадувањето на реката во скопскиот регион, за изминатите три години покажувааат дека скоро сите примероци кои се испитувале биле физичко -хемиски неисправни, додека бактериолошки неисправни биле 100% од испитуваните мостри. Според мерењата на надлежните, најзагадено е во долното течение на реката, каде се слеваат и сите фекалии од скопската канализација што се уште непрочистена се испушта во Вардар. Риби со мирис на прашок Костадинка Велјановска живее во Скопско поле. Револтирана е од загадувањето на реката и несовесноста на луѓето. Вели дека нејзиниот сопруг рекреативно лови риба која понекогаш ја јадат, но честопати е неупотреблива. „Од дете јадам риба и татко ми беше рибар, ама порано Вардар беше Вардар. Дури и се продаваше рибата, толку многу фаќаа риба. И мажот ми исто. Ама сега, нему повеќе му е за занимација, арно ама има и периоди кога е убава рибата, кога не мириса, а има периоди кога мириса и тогаш не ја јадеме, ја фрламе. Како некој прашок, некој чуден прашок, не знам да го опишам“, раскажува таа. Само мината година на пример, биле анализирани 34 примероци од шест мерни места по течението на Вардар низ Скопје, при што се утврдило дека 88% од водите биле од четврта класа, а 12% од петта. Слична е состојбата и со нејзините притоки Лепенец и Пчиња, додека нешто подобра е водата во Треска. Од неа лани биле анализирани 17 примероци, од кои најголем дел се класифицирани во четврта категорија (76%), а по 12% во втора и трета класа. Согласно со Уредбата за класификација на водите која е донесена во уште во далечната 1999 година, водите од втора категорија може да се употребуваат и за капење, а од трета само за наводнување без претходно прочистување. Од Центарот за јавно здравје - Скопје како виновник за ваквата состојба го посочуваат човечкото влијание, пред се испуштањето непрочистени комунални отпадни води од урбаните населени места. „Неопходно потребно е да се унапреди квалитетот на површинските води од реките заради потенцијалната опасност од користење на загадени води за наводнување и влегување на хазарди во ланецот на исхрана на добитокот и човекот“, укажуваат оттаму. Граѓаните се свесни за загадувањето на водите, а дел од нив и се загрижени за храната која се одгледува во близина на Вардар. Дамка во водите на Охридското Езеро кај населбата Грашница поради загадување до фекалии од канализација. „Сите ние викаме, ќе купиме од Бардовци зелка. Па таа е најнечиста, ако земеш така. Сите фекалии се одозгора во нивите, доле во зелката. Овде се што е покрај Вардар, поготово надолу, Градско, тоа се од Вардар црпат вода. И ние го јадеме тоа, како специјалитети“, вели скопјанецот Живко Арсовски - Лабуд, додека покажува на неподносливиот мирис на канализација кој се шири и по самиот кеј на Вардар. Револтирана е и младата Александра Максимов, која пред десетина години од Скопје се преселила во Париз. Џогираше на кејот на реката, кај мостот Близнак, каде е една од најголемите цевки со кои скопската канализација се испушта од десната страна по течението на Вардар. „Да ви кажам искрено, многу е жалосно. Кај нас во Франција постојано се мери загаденоста на водата и може да правиме било какви активности, да се бањаме, има кајак, има рафтинг на некои реки. Така што, жалосно е за Македонија што не се прави тоа“, вели Максимов. Пречистителната станица допрва ќе се гради Скопје е еден од ретките европски градови каде и во 21 век, водите од канализацијата непрочистени се испуштаат директно во Вардар. Допрва треба да почне изградбата на пречистителната станица за третман на отпадни води во Скопје, која беше најавувана како решение на овој проблем. Вкупната вредност на проектот е 136 милиони евра, пари кои неодамна беа обезбедени од европските фондови. Таа ќе се простира на површина од 13 хектари, во општина Гази Баба, на левиот брег на реката Вардар, во реонот на Трубарево и ќе биде со капацитет од еквивалент на 500.000 жители. На годишно ниво, ќе третира 51,3 милиони м3 непреработена отпадна вода и треба да покрие девет од десетте скопски општини. Планот е реализацијата на проектот ќе се одвива во две фази. Првата фаза предвидува обезбедување пред-третман и биолошки третман на отпадните води до 2030 година, а втората фаза отстранување на азотот и фосфорот од отпадните води, најдоцна до 2045 година. Сепак предуслов за нејзина изградба е завршувањето на колекторскиот систем од двете страни на реката Вардар. Со него, наместо како досега, канализацијата да се испушта на повеќе места во долното скопско течение на Вардар, отпадните води ќе се носат до Трубарево кое е најниска точка. Тука ќе се влеваат во прочистителната станица, па третирани испуштаат во реката. Градежните работи за колекторот се при крај, но и со него се доцни. Според најавите на градските власти, тој требаше да биде готов уште пред две години. Од Министерството за животна средина појаснуваат дека колекторот доцни заради лошо работење на потписникот на договорот за негова изградба. За реализација е останато уште 900 метри цевки и изведба на неколку шахти. Оттаму додаваат дека во тек е арбитражна постапка и постои можност од раскинување на договорот. Во врска со проектот за изградба на пречистителната станица пак велат дека во тек е втората фаза на евалуација на понудите. Очекуваат Договорот со избраниот изведувач да се склучи во најбрзо време. Градбата на овој објект ќе трае 5 години. Костадиновски: Да се купува испитана храна Докторот и примариус, Љупчо Костадиновски, како специјалист по хигиена во ЦЈЗ Скопје со години го следи загадувањето на Вардар. Појаснува дека состојбата се влошува секојпат кога има периоди на суши, без врнежи или топење на снегот, поради што и бактериите побрзо се размножуваат. Вели дека мора да се поведе сметка и за загадувањето кое доаѓа од дивите депонии крај Вардар, но и нелегалното испуштањето фекалии собрани од септичките јами, на кои и самиот бил сведок. За загадената вода вели дека е голема опасност. „Површинската вода којашто е од реката Вардар, а таа е четврта категорија е забранета за полевање на тие посеви каде што имаме зеленчук, каде што имаме млади кромитчиња, пипер, патлиџан, зелки, боранија. Така што луѓето неконтролирано со тие пумпи ја вадат водата , односно ги наводнуваат тие посеви и на тој начин доаѓа до загадување на тие култури“, укажува докторот. Кандидатие за градоначалници на Скопје од најголемите партии сметаат дека јавниот превоз е едно од решенијата за намалување на аерозагадувањето во главниот град. Другите кандидати ветуваат централно парно греење, поголема контрола на индустријата и стуја од обновливи извори. Последниот период тој работи во секторот за испитување на храната. Затоа и препорачува да се внимава од каде таа се купува, бидејќи е важно да биде испитана од овластена институција. Нема многу верба во прекупците што продаваат по пазарите по пазарите, бидејќи како што вели, никој не гарантира за тие производи од чие консимирање зависи здравјето на граѓаните. „Сето тоа допринесува да се појават голем број заболувања, карциноми, дали е тоа на желудник, на дебело црево итн. Значи болеста е присутна наоколу, но луѓето не се свесни дека тоа доаѓа од храна која што е произведена на подрачје кадешто имате загадување со тешки метали, каде што се наводнува со вода што не е за употреба, не е за бањање, не е за полевање.И исто така со неконтролиорано прскање пестициди“, заклучува Костадиновски. За рибата пак, дециден е дека не треба да се јаде од Вардар, туку да се купи од рибарница каде некој веќе го проверил нејзиното потекло. Во однос на земјоделските производи пак, вели дека хигиената е најважна. „Лист по лист се мие марулата, зелката, од двете страни да се мие, да не има и полжавчиња, црвчиња. Не се препорачува производите да стојат во некој лавор, тенџере каде одвечер се става, па до утрото да стои. Значи сите тие производи се мијат под млаз вода“, препорачува докторот. https://okno.mk/node/93659 |
|
За сè има вторпат
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20753 |
Quote Reply #9 Posted: 01-Mar-2022 at 18:33 |
ДВЕ ПОНУДИ ЗА ПРЕЧИСТИТЕЛНАТА СТАНИЦА ВО СКОПЈЕ, ЗА 6 МЕСЕЦИ ЌЕ БИДЕ ИЗБРАНА ФИРМАТА КОЈА ЌЕ ЈА ГРАДИ
Две понуди стигнале за изградба на пречистителната станица за отпадни води во Скопје. Денеска беше затворен тендерот за овој проект вреден 136 милиони евра, по што следи период на евалуација на понудите. Како што кажа директорот на ЈП „Водовод и канализација“ Златко Перински, се очекува овој процес да трае од три до шест месеци, по што ќе стартува изградбата на пречистителната станица. „Процесот на отворање на понудите и неговата етапна реализација ќе значи гаранција за доследно реализирање на инвестицискиот циклус со проценета вредност од 136 милиони евра, што е и една од најголемите инвестиции за градот Скопје воопшто. Со изградбата на пречистителната станица, ние како држава ќе имаме над 90% прочистени води, што е еден од критериумите кои треба да се исполнат при отворање на преговорите со ЕУ. Со проектот ќе се зголеми и отпорноста на Скопје на климатските промени преку зајакнување на градскиот систем за третман на отпадни води“, кажа Перински. Средствата во висина од 136,73 милиони евра, се обезбедени од Европската инвестициска банка и од Европската банка за обнова и развој. Директорот на претставништвото на Европската инвестициска банка (ЕИБ) за Западен Балкан Алесандро Брагонци, кажа дека овој проект значи подобри услови за живот за околу 500.000 луѓе. „Како климатска банка на ЕУ, нашата цел е да му помогнеме на регионот да се прилагоди и да ги ублажи негативните последици од климатските промени и да ја зголеми отпорноста на кризи. ЕИБ досега има инвестирано 128 милиони евра во инфраструктурата за вода и отпадни води, што помогна да се подобри пристапот до вода за пиење и санитарни услуги за луѓето низ Северна Македонија. Како дел од ЕИБ Глобал, ќе продолжиме тесно да соработуваме со Европската Комисија и нашите локални партнери во обезбедувањето техничка и финансиска поддршка за стратешки инвестиции во областите на одржлив транспорт, зелена транзиција, енергија и развој на мали и средни претпријатија“, кажа Брагонци. Пречистителната станица за отпадни води ќе се простира на површина од 13 хектари, во општина Гази Баба, на левиот брег на реката Вардар, во областа Трубарево и ќе биде со капацитет за 500.000 жители. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/dve-ponudi-za-prechistitelnata-stanitsa-vo-skopje-za-6-mesetsi-ke-bide-izbrana-firmata-koja-ke-ja-gradi/ |
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20753 |
Quote Reply #10 Posted: 27-Feb-2022 at 15:29 |
За пречистителната станица на Скопје, ЕК одобри грант од 70 милиони евра
Македонија доби грант во вредност од 225,6 милиони евра од Европската комисија за поддршка на инфраструктурни и енергетски проекти. Како што објави ЕК, средствата се одобрени во рамки на инвестицискиот пакет од 3,2 милијарди евра за зајакнување на поврзаноста на Западен Балкан. Вкупно 69,8 милиони евра од добиениот грант се наменети за изградба на пречистителната станица за отпадни води во скопско Трубарево, со што трајно ќе се реши третманот на отпадните води од Градот Скопје, ќе се намали загадувањето на реката Вардар и ќе се подигнат стандардите за заштита на животната средина. Вкупната инвестициска вредност на проектот, кој е една од најголемите инвестиции за инфраструктурен проект за заштита на животната средина во земјава, изнесува 136,7 милиони евра, што значи дека половина од парите се веќе обезбедени. Овој проект му е ургентно потребен на Скопје, затоа што зголемувањето на населението, урбанизацијата и брзата индустријализација континуирано ја зголемуваат количината на непрочистени води што ги испуштаат домаќинствата и фирмите во Вардар. Со проектот, ќе се зголеми и отпорноста на Скопје на климатските промени преку зајакнување на градскиот систем за третман на отпадни води во справување при екстремни временски непогоди. Пречистителната станица, со која урбаните отпадни води ќе се третираат во согласност со стандардите на ЕУ, ќе опслужува над 500.000 жители во девет од десетте скопски општини. Во моментов, Скопје е еден од неколкуте главни града во Европа кои немаат пречистителни станици за отпадни води. Инаку, со поддршка на Европската Унија, за првпат во Република Македонија успешно беше завршена изградбата за пречистителни станици за отпадни води во Прилеп, Радовиш, Струмица и во Кичево, а со билатерална помош беа изградени и пречистителни станици за отпадни води во Гевгелија и во Кочани. Пречистителни станици за отпадни води ќе се градат и во Битола и во Тетово, а техничка документација за пречистителни станици има и за Велес и за Штип. https://www.vecer.press/за-пречистителната-станица-на-скопје/ |
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20753 |
Quote Reply #11 Posted: 15-Dec-2021 at 13:15 |
ФИРМАТА „БАУЕР“ КАЗНЕТА СО 88.000 ЕВРА ОТИ ФРЛАЛА ШУТ ВРЗ ЦЕВКАТА ЗА ПРЕЧИСТИТЕЛНАТА СТАНИЦА ВО СКОПЈЕ
Градежната фирма „Бауер“ е казнета од Град Скопје со 88.000 евра поради фрлање шут на јавна површина. Како што велат од Инспекторатот за животна средина на Град Скопје, за САКАМДАКАЖАМ.МК , фирмата „Бауер“ фрлала ѓубре врз цевката од пречистителната станица која треба да се гради. „Фирмата Бауер е подизведувач во градежните работи за изградба на пречистителна станица.Нивни камион е фатен како истура ѓубре врз цевката, а врз неа не смее да има ништо“, велат од Инспекторатот. Казната е според новиот закон за животна средина, со кој казните за загадувачите беа зголемени за 20 пати. „Мора да има системски решенија и секој мора да ги почитува законите кои ќе се спроведуваат неселективно. Град Скопје нема да толерира ниту едно физичко или правно лице кое ја загадува околината и со тоа влијае на загадување на воздухот, почвата и водите, и свесно го загрозува здравјето и животот на скопјани, а секое прекршување ќе биде соодветно санкционирано“, велат од Град Скопје. Пречистителната станица за отпадни води во Скопје треба да биде изградена до 2025, за што ќе бидат инвестирани 136,73 милиони евра од кои дел се заеми од Европската банка за обнова и развој и од Европската инвестициска банка. Договорот е потпишан во декември 2019, а во реализацијата на проектот ќе бидат вклучени Министерството за животна средина и просторно планирање, Град Скопје и јавното претпријатие „Водовод и канализација“. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/firmata-bauer-kazneta-so-88-000-evra-oti-frlala-shut-vrz-tsevkata-za-prechistitelnata-stanitsa-vo-skopje/#.YbnPopdLjU1.twitter |
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20753 |
Quote Reply #12 Posted: 14-Dec-2021 at 11:02 |
Наместо договор, догодина нов тендер за изградба на пречистителните станици во Битола и Тетово
Наместо потпишување на договорите со најповолните понудувачи и почеток на изградбата, ревидирање на техничката и тендерската документација и распишување на нов меѓународен тендер. Ова е неславниот епилог од проектите за изведба на пречистителните станици за отпадни води во Битола и Тетово, за кои пролетва од централната власт беше најавено дека до крајот на 2021 година ќе се потпишат договорите со компаниите што ќе ги градат капиталните објекти. „Техничката и тендерска документација се ревидираше и истата е доставена на одобрување во Министерство за финансии – ЦФЦД, а потоа истата се одобрува од страна на ДЕУ, по што ќе може да биде објавена и да се отпочне со тендерската постапка во 2022 година“, велат за Мета.мк од Министерството за животна средина и просторно планирање во однос на изградбата на двете пречистителни станици за отпадни води во Битола и Тетово. Она што е веќе познато е дека двата досегашни тендера за изведба на пречистителните станици биле поништени, поради тоа што ниту една од поднесените понуди на компаниите не ги исполнила условите од тендерот. Повторувањето на целокупната тендерска постапка ќе значи одложување на реализацијата на тендерот за повеќе од една година, временски период што е потребен за да се спроведе одново тендерот. Инаку, изведбата на пречистителни станици за отпадни води во Битола и Тетово се капитални проекти коишто со години наназад се ветуваат од властите. За Битола уште во 2016 година беше изработена студијата за влијание врз животната средина за овој капитален проект, додека тетовските општински власти локацијата за градба кај селото Фалише ја чистеа од отпад уште во 2019 година. Со пречистителната станица за отпадни води во Битола треба да се опфатат фекалиите од Битола и околните населени места, кои во моментов непречистени се испуштаат во реката Драгор и Петтиот канал. Проектот финансиран од ИПА 2 Програмата на ЕУ е вреден 27,8 милиони евра и со него треба да биде опфатено пречистувањето на урбаните отпадни води во оваа општина. Објектот во Битола треба да се гради во атарот на селото Долно Оризари. Во Тетово пак, ќе се гради пречистителна станица за отпадни води вредна 30 милиони евра, која што треба да обезбеди секундарен третман на урбаните отпадни води од Тетово и околината. На тој начин, во иднина фекалиите нема да се испуштаат директно во реката Вардар. Досегашниот планиран рок за изведба на двете пречистителни станици во Битола и Тетово беше 2024 година, при што со нивната реализација би се зголемил постојниот квалитет на речните води на Драгор и Вардар во овие два града. Ако се земе во предвид дека рокот за изведба на градежните работи е 24 месеци, со дополнителни 12 месеци како период за пријавување дефекти за изградениот објект, веќе е извесно дека ќе има сериозно пробивање на зададените рокови за изведба на пречистителните станици во двата града со новиот тендер. Мета.мк веќе пишуваше дека Македонија, заедно со Србија и Косово, се наоѓаат на европското дно според процентот на население кое има пристап барем до секундарен третман на урбаните отпадни води, покажуваат податоците на Евростат и на Државниот завод за статистика. Во 2018 година, само 21,7 отсто од урбаните отпадни води во нашата земја биле подложни на пречистување пред да се испуштат во реките, езерата и подземните води. Ваквата негативна слика би можела значително да се промени, односно процентот на пречистени урбани отпадни води да се зголеми на над 50 отсто, доколку се забрза реализацијата на пречистителните станици во трите најголеми града во земјава – Скопје, Битола и Тетово. https://meta.mk/namesto-dogovor-dogodina-nov-tender-za-izgradba-na-prechistitelnite-stanici-vo-bitola-i-tetovo/ |
|
user8642
Senior Member Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2029 |
Quote Reply #13 Posted: 08-Nov-2021 at 18:51 |
Што ќе се гради бе?! Шајка нема заковано у државава за инфраструктура. Само муабети!
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20753 |
Quote Reply #14 Posted: 08-Nov-2021 at 07:55 |
За 1,5 година ќе се гради пречистителна станица на реката Серава
Ако сè оди според очекуваното, за една ипол година треба да почнат активностите за изградба на пречистителна станица на реката Серава, со што трајно ќе се реши проблемот со фекалните води. На најавата на градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, на неговата фејсбук-страница за почетокот на преговори со претставници од Словенија за обезбедување на средства од Европските фондови, се огласија и жителите на Бутел кои велат дека фекалиите од куќите покрај реката се влеваат во неа и бараат под итно да се реши овој проблем. – Не знам колку сте запознаени, но има многу куќи покрај реката чии фекалии се насочени директно во реката. Сега кога ќе ја исчистите, ќе се видат. Ве молам и ова да се реши под итно, зашто е извор на зараза и летно време се чувствува неподнослива смрдеа, не се дише – вели Јордан Илиевски, во својот коментар упатен до градоначалникот. Костовски на Фејсбук објави дека имал одлична работна средба со Јанез Сајовиќ од Словенија, со кого разговарал за изградба на прочистителна станица на реката Серава и трајно решение за проблемот со фекалните води. За весникот ВЕЧЕР, градоначалникот објасни дека било дискутирано за можностите за аплицирање кај некои од Европските фондови за да се обезбедат средства за реализирање на овој проект. – Доколку се договориме, а сметам дека ќе се договориме наскоро, бидејќи за 20 дена имам повторна средба со претставникот од Словенија, кој е одговорен за Фондовите за овој дел од Европа, ќе ја започнеме подготовката на документацијата за аплицирање пред Европските фондови. Тогаш и ќе имаме многу подетални информации за проектот. Освен тоа, треба да се направи убава анализа пред да се реализира нешто. Се надевам дека за година и половина ќе можеме да се пофалиме со почеток на изградбата на пречистителната станица – заклучи Костовски. https://www.vecer.press/за-15-година-ќе-се-гради-пречистителна-с/ |
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20753 |
Quote Reply #15 Posted: 21-Sep-2021 at 11:19 |
Три светски реномирани компании во трка за изградба на Пречистителната станица за отпадни води – Скопје
ИНТЕРВЈУ СО ДИРЕКТОРОТ НА ЈП „ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА“ – СКОПЈЕ Реализацијата на проектот „Пречистителна станица за отпадни води – Скопје“ е започната. До каде се активностите за истиот тој? – Јас сум навистина горд што успеавме да ја отпочнеме реализацијата на проектот за изградба на ПСОВ-Скопје, еколошки, капитален проект во вредност од 136 милиони евра, од исклучително големо значење за градот Скопје, но и пошироко. Реализацијата на проектот се одвива етапно, во неколку развојни фази. Во моментот е отворен тендерот за дизајн и изградба на Пречистителната станица за отпадни води – Скопје, кој и официјално се отвори на 17 септември 2021 година и во него учествуваат трите компании што ја поминаа првата фаза на претквалификации. Станува збор за домашни и за светски реномирани компании, специјализирани во својата дејност. Завршувањето на оваа тендерска постапка ќе значи и избор на компанија што ќе ја проектира и ќе ја започне изградбата на Пречистителната станица за отпадни води – Скопје. Исто така, во текот на септември се објави и тендерот за избор на компанија за администрирање на договорот и супервизија на изградбата на ПСОВ-Скопје. Во овој избор учествуваат осум компании, од Германија, Швајцарија, Франција и од Данска, кои ја поминаа првата фаза на претквалификации. Кои се најголемите проекти реализирани во изминативе четири години? – ПСОВ-Скопје е проект од капитално значење не само за градот Скопје, чија реализација претставува еволуција во третманот на отпадните води во нашата држава, прв и најголем проект, воопшто започнат во градот Скопје и ЈП „Водовод и канализација – Скопје“. Како таков е препознаен кај нас и во светот, а доказ за тоа е добиената награда на „Наградите за одржливост 2020“, во организација на Европската банка за обнова и развој. Овој релативно краток период, од четири години, го одбележуваат многу значајни случувања, реализирани и отпочнати проекти, остварени соработки со СОС „Детско село“, „Пакомак“, „Кроација осигурување“ АД Скопје, „Водовод Будимпешта“, со кои отворивме ново поглавје во дејствувањето на јавните претпријатија, примената на позитивни практики во полето на заштитата на животната средина и општествено-одговорното дејствување. Во овој период, станавме и првото јавно претпријатие што започна со целосна употреба на еколошка биоразградлива хартија за печатење на сметките. Работевме посветено, професионално, вложивме многу труд за достигнување на јасно поставените стратегиски цели. Успесите се видливи кај нас, но и пошироко. Доказ за професионалниот пристап во изведба на работните активности е и потврдената сертификација и акредитација на имплементираните ИСО-стандарди: ИСО 9001, ХАССП, ИСО 14001, ИСО 17020 и ИСО 17025. Врз основа на спроведениот мониторинг од страна на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер, „Водовод и канализација“ е најтранспарентното јавно претпријатие, што претставува јасна потврда за вложениот труд и заложбите за подобрување не само на работните процеси туку и на угледот на претпријатието воопшто. Кои се најголемите инвестиции направени во овој период од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје? – Во текот на изминатите четири години, ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, во согласност со програмите за работа и инвестициските програми, ги насочи инвестициите за подобрување на перформансите на сите сектори и подобрување на услугите за корисниците. Во согласност со проектно-техничките документации и урбанистички планови се инвестираше во реконструкција и изградба на нова водоводна мрежа во должина од околу 70.000 метри, фекално-канализациска мрежа во должина од околу 40.000 метри и атмосферско-канализациска мрежа во должина од околу 22.000 метри. Обновениот возен парк и механизација резултираа со зголемена мобилност, ефективност и ефикасност. Инвестициите во механизацијата достигнуваат до 100.000.000 денари и се однесуваат на товарни возила кипери, товарни возила за пренос на опрема и патници, специјализирани градежни машини, цистерни под притисок и со вакуум, специјализирано возило за детектирање дефекти и мобилни високопритисни пумпи за одзатнување на канализацијата. Подобрувањето на перформансите на претпријатието и достапноста на неговите услуги се реализира преку имплементација на процесите за дигитализација со воведување електронски сервиси, киосци за наплата и мобилната апликација достапна за андроид и иОС. Дејствуваме и во насока на олеснување на можностите на граѓаните за намирување на долговите со реализација на акции за наплата на долговите без пресметка на камата и на рати. Каква вода пијат скопјани? – Скопјани ја имаат честа да пијат природна вода од изворот Рашче, со висок квалитет, на второ место во Европа, веднаш по Виена. Квалитетот на водата и нејзината безбедност секојдневно се контролираат и се гарантираат преку анализите изведени во акредитираните лаборатории, според ИСО 17025, на Секторот за санитарна контрола при ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Со проширување на акредитацијата, лабораториите станаа достапни и за пошироката јавност и се овозможија услови за вршење анализи на сите видови пакувана и минерална вода. Во изминатиот период посебно внимание се посвети на унапредување на процесите за изведување на хемиските и микробиолошките анализи за квалитетот на водата за пиење. Вкупна инвестиција во висина од 22.256.778 денари се насочи кон унапредување на капацитетите на лабораториите во Секторот за санитарна контрола и високоспецијализирана опрема, во која се вклучуваат гасен хроматограф, систем за производство на дејонизирана лабораториска вода, микробиолошки сигурносен кабинет и лабораториски дигестори. Најголемото достигнување на Секторот за санитарна контрола е новоформираната лабораторија за молекуларна биологија во рамките на Одделението за микробиолошка лабораторија, во која детекцијата за доказ на квалитетна и микробиолошки контролирана вода за пиење се врши со ПЦР-техника во реално време. Карактеристично во молекуларната биологија е дека за идентификација се користи ДНК-технологија. ПЦР-детекцијата во реално време стана една од најшироко користените техники поради својот динамичен опсег, огромна чувствителност и точноста на резултатот за релативно кратко време. Добиените резултати по ваквиот специфичен и модерен вид молекуларно-микробиолошка анализа е доказ за квалитетна и санитарно-технички исправна вода за пиење, која ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје им ја испорачува на своите корисници и гарантира секојдневно за безбедноста на водата за пиење. https://www.novamakedonija.com.mk/makedonija/skopje/три-светски-реномирани-компании-во-тр/ |
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20753 |
Quote Reply #16 Posted: 06-Sep-2021 at 16:41 |
Колекторот во Охрид поради беспарица заглавен во 80-те години
Фрлен детски велосипед, браник од автомобил, старо ќебе, јорган, автомобилски гуми… Ова не е опис на депонија, туку „инвентар“ кој вработените во ЈП „Колекторски систем“ од Охрид речиси секојдневно го отстрануваат од цевките на колекторот за пречистување на водите на Охридското Езеро. Како тие завршиле онаму каде што не им е местото? Едноставно, несовесни граѓани ги фрлаат во канализационите шахти, појаснуваат од јавното претпријатие. – Овие габаритни предмети прават хаос во пумпите, на механичките делови, на решетките и неретко поради ваквата несовесност на граѓаните се доведува во опасност самото функционирање на пречистителната станица, вели Александра Матеска, технолог, главна на Одделот за пречистување во склопот на Пречистителната станица во село Враништа. Во оваа пречистителна станица, крај реката Дрим, доаѓаат отпадните води од целиот колекторски систем на Охридското Езеро. А заедно со нив и отпад на кој по ниту еден основ не му е местото во канализационите цевки. Во Црн Дрим се испушта вода од втора и трета категорија Но, најмногу од сѐ – влажните марамчиња се кошмарот на луѓето кои го одржуваат колекторскиот систем на Охридското Езеро. Тие ги расипуваат пумпите на препумпните станици, се плеткаат во системите на пречистителната станица, затнуваат канализација и остануваат во цевките. – Се соочуваме со чести затнувања кои се предизвикани од влажните марамчиња, кои се бионеразградливи, се растегнуваат и се усукуваат и создаваат големи топки, пуцвали и поради тоа прават големи проблеми, вели Матеска, со која разговаравме во дворот на комплексот на Пречистителната станица помеѓу селата Враниште и Ложани, сместена во струшкото поле, покрај реката Црн Дрим. Една огромна цевка од постројките на пречистителната станица што испушта пенлива вода влегува директно во реката. – Меурчињата се резултат на зголеменото присуство на кислород во водата, како резултат на поминатиот процес на пречистување, појаснува Матеска, гледајќи дека со загриженост ја проценуваме водата што од цевката влегува во бистрите води на реката. Водата која се влева во реципиентот, Црн Дрим е со квалитет од втора до трета категорија. – И покрај тешкотиите со кои се соочуваме во функционирањето на колекторскиот систем, сепак, успеваме да ги задоволиме критериумите и сега се испушта вода од втора односно трета категорија, со што не го нарушуваме квалитетот на водата во реката, вели директорот на јавното претпријатие „Колекторски систем“, Владимир Алексијевски. Изграден во 80-те години на минатиот век, неколку години откако Охрид и езерото станаа подрачје заштитено од УНЕСКО, но никогаш недовршен, колекторскиот систем за заштита на Охридското Езеро денес има вкупна должина од 41 километар. Според тогашните еколошки критериуми, сите отпадни води од населбите крај езерото се собирале и со посебен цевковод се носеле подалеку од езерото за пречистување според тогаш достапните технологии со цел да се исфрлат во Дрим. Оттогаш поминале речиси 40 години, а за идејата за Охридското Езеро комплетно да се спаси од загадување, времето очигледно застанало. Критичните делови од охридското и струшкото крајбрежје, посебно потегот од Свети Наум до Трпејца и од Радожда до Елен Камен, воопшто не се опфатени со собирање на отпадните води. Поради тоа, еден значителен дел од фекалиите завршуваат директно во езерото. За колекторскиот систем времето застанало во 80-те – Не треба да се заборави дека во моментов се пречистуваат само околу 70 проценти од отпадните води. Од вкупно 40 километри досега се санирани само три километри, а работата на колекторскиот систем зависи од донации и од повремена финансиска помош што го става во мошне неповолна состојба, вели Катерина Василеска, од „Охрид СОС“. Проблем се и реките Грашница, Черава, Сатеска и Коселска, додава таа, бидејќи тие со себе носат отпад од земјоделските активности од кои добар дел се токсични хемикалии со кои се третираат посевите, како и од индустриските капацитети кои честопати отпадот нетретиран го фрлаат директно во реките. Дека за Охридското Езеро и неговата заштита од загадување времето застанало заглавено во раните 80-ти години се чувствува при посетата на комплексот на пречистителната станица и запознавањето со технологиите за пречистување кои се користат. Вработените се обидуваат да извадат максимум од постројките што им се на располагање. Технолошкиот процес на прочистувањето на отпадните води се одвива во две фази, во првата има механичко прочистување од песок и од груб цврст материјал, а во втората фаза е биолошко прочистување со активна тиња со помош на аеробни бактерии. Но, понапредните технологии кои ѝ припаѓаат на терциерната фаза на пречистување на отпадните води, кои се стандард во сите развиени држави, каде отпадната вода на крајот завршува како вода од прва категорија, погодна и за пиење, се чинат светлосни години од пречистителната станица на охридскиот колекторски систем. – Во моментов работиме со потешкотии, се трудиме со свои средства и со помош од Владата тековно да го одржуваме системот и да превземаме санација каде што е најнеопходно. Постои проект за целосна реконструкција на пречистителната станица која треба да чини 9 милиони евра. Кажано ни е дека тие средства ќе бидат обезбедени 2022 или 2023 со ИПА 3 програмата и ќе се пристапи кон реконструкција, со која треба да се воведат и нови елементи односно нови технологии, вели Алексијевски. Санацијата и завршувањето на колекторскиот систем на Охридското Езеро е една од клучните препораки на сите мисии на УНЕСКО за Охридскиот регион. Годинава, УНЕСКО во јули одлучи да ѝ даде на македонската Влада дополнително време за да ги доврши започнатите активности за усогласување со препораките на светската организација за заштита на природното и културно богатство на Охрид. Влада: За 2021 не е издвоен ниту денар за охридскиот колекторски систем Согласно Програмата колектoрски ситем Охрид-Струга за 2021 година на Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) предвидени се средства во висина од 35 милиони денари, додека со ребалансот на Буџетот се предвидени дополнителни 25 милиони денари, посочуваат од Владата. Но, овие средства се наменети за враќање на долговите на МОЈП „Проаква“ на ЕЛС кои биле дадени како заем за функционирање на претпријатието. Обврската за исплата на долгот е согласно потпишаниот договор на МЖСПП со општна Струга. „Значи, за 2021 година не се предвидени буџетски средства за санација на колекторскиот систем“, стои во одговорот на прашањето на „Слободен печат“, колку пари Владата годинава одвоила за санација и подобрување на работењето на колекторскиот систем на Охридското Езеро. https://www.slobodenpecat.mk/kolektorot-vo-ohrid-poradi-besparica-zaglaven-vo-80-te-godini/ |
|
hcitrS
Senior Member Joined: 27-Nov-2015 Online Status: Offline Posts: 878 |
Quote Reply #17 Posted: 13-Jul-2021 at 23:01 |
И битно е да се нагласи дека постигнувњето и на тие 22% е во огромното мнозинство случаи Швајцарска донација од идеја до изведба. Уште еднаш да се потстиме дека лигавите мувлосани партиски дувла мува не ги лази за кој и да е аспект од животната средина.
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20753 |
Quote Reply #18 Posted: 13-Jul-2021 at 13:51 |
Македонија на европското дно според процентот на прочистување на отпадните води [инфографик]
Македонија, заедно со Србија и Косово, се наоѓаат на европското дно според процентот на население кое има пристап барем до секундарен третман на урбаните отпадни води, покажуваат податоците на Евростат и на Државниот завод за статистика. Во 2018 година, само 21,7 отсто од урбаните отпадни води во нашата земја биле подложни на пречистување пред да се испуштат во реките, езерата и подземните води. Податоците покажуваат дека помал процент од населението што има пристап до пречистување на отпадните води имаат единствено Србија (12,9 отсто) и Косово (0,6 отсто). Од земјите во регионот, во Албанија 33,6 отсто од граѓаните на оваа соседна земја имаат пречистителни станици за отпадни води во нивните населени места, додека 36,9 отсто од жителите на Хрватска во 2018 година имале пристап барем до секундарен третман на фекалиите што ги продуцираат во нивните домови. Меѓу соседните балкански земји, Бугарија од 2000 до 2018 година за речиси двојно го зголемила процентот на население кое има пристап до инфраструктурни објекти во кои се пречистуваат отпадните води, од 36,1 на 63,7 отсто. Забележителен успех има постигнато и Латвија, која во 2000 година имала 56,2 отсто, за да во 2018 година се најде на второто место меѓу земјите-членки на ЕУ со 98,7 отсто од населението коешто има пристап до секундарен третман на отпадните води. Заедно со оваа балтичка земја, Данска, Германија, Грција, Луксембург, Холандија, Австрија и Шведска се членките на ЕУ во кои речиси целокупното количество на отпадни води што се создава од домаќинствата и компаниите се пречистува пред да се испушти во надземните и подземните води, односно во околната животна средина. Исклучително брзото темпо на изградба на инфраструктура за пречистување на фекалните води во земјите-членки на ЕУ не треба да зачудува, бидејќи Европската Комисија уште во 1991 година ја има донесено Директивата за урбани отпадни води (91/271 EEC), при што во членот 5 од истата е поставена времена рамка за неопходноста од изградба на станици за пречистување на отпадните води за поголемите населени места во состав на државите-членки на ЕУ. Со оваа директива, на земјите-членки на ЕУ им се наложи до 2000 година да изградат станици за пречистување на отпадните води за населени места поголеми од 15.000 жители. И Македонија како кандидат за членство во ЕУ, во претстојниот период ќе треба да ја забрза изведбата на пречистителните станици за отпадни води, кои во најголемите градови како Скопје, Тетово и Битола сè уште недостигаат. „Мета.мк“ повеќе од една година наназад пишува за потребата од изградба на ваквите капитални објекти, со кои ќе се реши проблемот со загадувањето на водите од населените места. Од Владата ветија дека до крајот на 2021 година ќе започне изведбата на пречистителните станици за отпадни води во Тетово и Битола, додека во македонскиот главен град најдоцна до првото полугодие на 2022 година треба да стартува реализацијата на овој капитален проект. https://meta.mk/makedonija-na-evropskoto-dno-spored-procentot-na-prochistuvanje-na-otpadnite-vodi-infografik/ |
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20753 |
Quote Reply #19 Posted: 06-May-2021 at 11:26 |
ОТПАДНИТЕ ВОДИ ОД НАСЕЛБИТЕ ВО ГОРНИОТ ТЕК НА ТОПОЛКА ЗАВРШУВААТ ВО РЕКАТА, НЕОПХОДНИ СЕ ПРЕЧИСТИТЕЛНИ СТАНИЦИ
Проблемот со отпадни води во горниот тек на реката Тополка, каде завршуваат фекалиите од населените места, не е решен иако Хидросистемот Лисиче постои 15-тина години. Реката се влева во езерото Лисиче, од каде велешани се снабдуваат со воза за пиење. Отпадните води од Горно и Долно Јаболчиште, кои заедно бројат над пет илјади жители, ја полнат Тополка. Проблемот го актуелизираше градоначалникот на Велес Аце Коцевски. „Има проблеми со водите кои се влеваат во езерото Лисиче, затоа што не е изграден колекторски систем и пречистителна станица за прифаќање и третман на отпадните води од селата кои се наоѓаат над браната. За водата што ја пијат велешани да биде квалитетна, се внесуваат хемиски средства и затоа е потребно да се реши овој проблем, кој е скап но важен“, кажа Коцевски. Проекцијата за демографскиот развој на двете населени места Горно и Долно Јаболчиште, кој со пет илјади жители е достигнат сега, бил предвиден за 2035-та година. Решението е изградба на канализационен и колекторски систем, со изградба на две пречистителни станици за двете населени места, за што постоела и проектна документација. „Во овие две населени места нема канализационен систем за одвод на отпадните води, туку септички јами. Ова е комунален проблем на Општина Чашка а последиците ги трпат ЈВП Лисиче и Велес. Преку Вардарски Плански Регион е изготвен проект, за решавање на овој проблем, кој е во Општина Чашка. Неговата вредност е 2,3 милиони евра, останува да се најдат средства за негова реализација. Граѓаните треба да знаат дека немаме сериозен проблем со квалитетот на водата за пиење која се испорачува на велешани, ниту во скоро време може да се случи“, рече Дејан Арсовски, директор на ЈВП Лисиче. Од езерото Лисиче со вода за пиење се снабдуваат освен жителите на Велес и повеќе приградски населби и села во велешко. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/otpadnite-vodi-od-naselbite-vo-gorniot-tek-na-topolka-zavrshuvaat-vo-rekata-neophodni-se-prechistitelni-stanitsi/ |
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20753 |
Quote Reply #20 Posted: 31-Mar-2021 at 12:27 |
Вардар требаше да добие колекторски систем уште пред влезот на коронавирусот
Уште во февруари минатата година требаше да биде завршена изградбата на колектори за третман на отпадните води во Вардар во Скопје со доминантни пари од ЕУ. Пред три години пред камери помпезно градежните работи ги најавија амбасадори, министри, градоначалникот. Денес Вардар е еднакво матен и загаден и, несфатливо за една европска престолнина, нема централна пречистителна станица. И никој не знае кога Вардар пак ќе биде бисер балкански... Додека сте во прошетка долж кејот во Скопје ќе почувствувате лоша миризба, а на некои места и ќе забележите цевки од кои директно во Вардар се излева матен канализациски и друг отпад. И ако добро ве држи меморијата и колку - толку следите медиуми, ќе се сетите дека ваквата слика за Скопје требаше да биде минато. Кога? Уште во февруари минатата година, пред да пристигне коронавирусот во земјава, Скопје требаше да добие колектори за третман на отпадните води во реката Вардар. Оттогаш до денес помина повеќе од една година, која можеби нѝ изгледа уште подолга ако се сетиме низ што сѐ поминавме соочени со здравствената криза. А токму хигиената е една од мерките против ширење на заразни болести. И, како што е вообичаено кога властите најавуваат поголеми проекти, така и за означувањето на почетокот на градежните работи за изградба на колекторскиот систем, на терен во населбата Ново Лисиче, пред механизацијата, се собраа министерот за животна средина Садула Дураки, градоначалникот Петре Шилегов, ама и евроамбасадорот Самуел Жбогар и амбасадорот на Франција Кристијан Тимоние. Да, тоа беше јуни 2018 година, а се гледа по тогаш присутните, а сега отсутни од земјава амбасадорите Жбогар и Тимоние, како и по Дураки кој одамна не е на таа функција. Само Шилегов е на истата позиција. Тогаш свечено најавија дека колекторскиот систем во должина од 8 километри ќе биде завршен најдоцна во февруари 2020 година, дека средствата се обезбедени во висина од 10 милиони евра, од кои 9 милиони од фондовите на Европската Унија. „Затвораме едно клучно прашање за животната средина. Третманот на отпадните води е наш висок приоритет. Ќе го подигнеме квалитетот на водата во реката Вардар и дополнително ќе придонесеме за заштита на подземните води во Скопската котлина, што се користат за наводнување и за пиење", изјави тогаш Шилегов. „Со изградбата на овој систем водите во реката Вардар ќе станат чисти и задоволство ми е што преку фондови на ЕУ ќе се реализира овој значаен проект во Скопје", рече евроамбасадорот Жбогар. Колекторскиот систем ќе го гради француската фирма 'НГЕ' која при градежните работи ќе употреби најсовремена механизација, односно машини кои можат да вршат и шест метри длабоки ископи", рече францускиот амбасадор Тимоние. Што се случи и зошто работите не се завршени со речиси во целост пари обезбедени преку ЕУ, или пак токму парите станале проблем, прашавме во Делегацијата на ЕУ во Скопје. „Очекуваме колекторот да биде готов до крајот на годинава. Се решаваат проблемите кои се појавија во фазата на реализација, вклучувајќи ги и оние кои се однесуваат на еколошки и прашања поврзани со земјиште", кусо и повеќе од дипломатски за МКД.мк одговори Делегацијата на ЕУ. Прашавме и во Град Скопје каде „лежи" проблемот и зошто роковите се толку многу пробиени. Добивме поширок одговор и насока дека проблемот всушност не е во Градот, зашто изведувачот на работите е на друго место. Изминативе 3 години се реализира проектот за изградба на колекторскиот систем во долното течение на реката Вардар. Со ИПА 2 проектот 'Подобрување на инфраструктурата за собирање на отпадните води во градот Скопје' се гради колектор на десниот брег на Вардар во должина од 3,4 километри и тоа од булевар 'Србија' до Железничкиот мост и во него ќе се слеваат отпадните води од постојната пумпна станица 'Горно Лисиче', потоа колектор на левиот брег на Вардар во должина од 4,5 километри од точката на моменталното празнење на постојната канализациска мрежа до железничката пруга, како и изградба на колектор од пумпната станица 'Макошпед' до поврзувањето со новиот главен колектор на левиот брег на Вардар. Инвеститор и изведувач на работите е Министерството за животна средина и просторно планирање и за повеќе информации за динамиката и роковите треба да се обратите кај нив", гласи одговорот од Град Скопје. Како што нѐ пренасочи Градот, така прашање упативме и до Министерството за животна средина. А оттаму во одговорот изразија незадоволство од изведувачот на градежните работи. Во врска со реализацијата на проектот за колекторски систем за пречистителната станица во Скопје, можеме да информираме дека физичкиот прогрес на процесот е 83 проценти. Реализацјата на проектот доцни заради лошата изведба на изведувачот. Во моментот се водат преговори помеѓу изведувачот и Министерството за финансии, како одговорна страна во проектот, за забрзување/завршување на проектот и се очекува во скоро време разрешување на проблемот", одговорија за МКД.мк од Министерството за животна средина. Кој е изведувачот? Амбасадорот Тимоние во јуни 2018 година рече дека Колекторскиот систем ќе го гради француската фирма „НГЕ". Во моментов информациите се дека во градежните работи се инволвирани фирмите Гуинтоли САС од Франција и веќе спомнатата НГЕ Консалтинг С.А.С како и домашната Бауер БГ, инаку позната и по изведувањето на градежните работи за реконструкција на зградата на Владата заедно со илуминацијата, или по фасадите на зградите на „Пелистер" и „Макпримат" на главнот плоштад и по други работи во главниот град. Во право беше градоначалникот на Скопје Петре Шилегов кога во февруари 2018 година, пет месеци пред почетокот на градежните работи, потпишувајќи го договорот за овој ИПА - проект со тогашниот министер за животна средина и со директорот на Јавното претпријатие „Водовод и канализација Скопје", рече дека „една престолнина на европска држава е несфатливо да функционира без централна пречистителна станица". Се веруваше дека на водите на Вардар ќе им биде вратена одамна невидената природна боја и чистота набрзо по изградбата и на централна пречистителна станица. Поминаа безмалку три години од почетокот на изградбата на колекторскиот систем и година и еден месец по крајниот рок за негова финализација. А, Европската Уија очекува проектот да биде завршен до крајот на годинава. Министерството за животна средина пак, има очекување тоа да се случи набрзо, додека Град Скопје чека работите да бидат некако завршени. Граѓаните се веќе навикнати на чекање. За многу работи, за многу ветувања. Ете и за да го видат Вардар во својот сјај, како бисер балкански. Но, овојпат и Владата чека! Таа се обврза најдоцна до 2020 година да ги започне работите за изградба на пречистителната станица. Така тогаш изјави Садула Дураки. Денеска сме 31 март 2021 година. https://www.mkd.mk/makedonija/skopje/vardar-trebashe-da-dobie-kolektorski-sistem-ushte-pred-vlezot-na-koronavirusot |
|
Post Reply | Page 123 9> |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |