build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Споменици и скулптури (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 209>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20753
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Споменици и скулптури (општо)
    Posted: 13-Oct-2024 at 14:31
Поставена биста во дворот на училиштето Киро Глигоров-Капиштец





https://www.facebook.com/OpstinaCentar
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20753
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 05-Sep-2024 at 12:01
Додека Скопје тоне во проблеми, Градот на Арсовска го врати Ќосето на кружен тек



радоначалничката Данела Арсовска преку ЈП Улици и патишта го врати спомен обележјето на Андон Лазов Јанев, познат како Ќосето или Касапот. Ваквиот потег на Град Скопје раководен од Арсовска доаѓа во време кога граѓаните имаат куп поплаки за раководењето на градот, кој се соочува со проблеми кои ги засегаат граѓаните.

Таблата за враќање на Ќосето е поставена на кружниот тек как “Ист гејт мол”. Арсовска и Градот практично ја спроведуваат одлуката изгласана од Советот на три дена пред Нова година. Тогаш, со 23 гласови „за“, 3 „против“ и 7 „воздржани“ Советот на Град Скопје ја изгласа иницијативата за враќање на споменикот на Андон Лазов Јанев – Ќосето, кој пред пет години беше отстранет од пред комплексот судови.

Споменикот на Ќосето беше поставен пред зградата на Врховниот суд ноќта меѓу 6 и 7 септември 2014 година, како донација од Здружението за духовно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушоради од Лерин, но голем дел од јавноста го гледаше како дел од контроверзниот проект „Скопје 2014“.
Споменикот беше отстранет во февруари 2018 година, на почетокот од мандатот на претходната администрација на скопскиот градоначалник Петре Шилегов со образложение дека се работи за дивоградба.

https://skopje1.mk/archives/301983
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20753
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 17-Aug-2024 at 14:15
ЌЕ СЕ ГРАДИ СПОМЕНИК НА ТОДОР АЛЕКСАНДРОВ ВО НОВО СЕЛО, ОДЛУЧИ СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ШТИП

Советот на Општина Штип донесе одлука во Ново Село, каде што е роден, да се подигне спомен-обележје на револуционерот Тодор Александров. Споменикот ќе биде поставен на кејот Димитар Влахов и заедно со постаментот ќе има вкупна висина од 3,70 метри.

Ќе биде изграден од полимер, а автор е вајарот Далибор Николовски. Чествувањето на ликот и делото на Александров ќе биде на 31 август, денот на неговото загинување на планината Пирин пред точно 100 години.

Во минатото биле изградени повеќе споменици на Тодор Александров. Првиот споменик бил подигнат две години по неговото убиство, во 1926 во Ќустендил. Во Македонија првото спомен-обележје е подигнато во Ново Село, во близина на куќата каде што се родил, кое стои и денес, а во Музејот на револуционерната борба во Штип е поставена негова восочна фигура.

Во 2008, на приватен имот во Велес беше поставена биста со ликот на Александров, но неколкупати беше бутната, па беше дислоцирана. Во 2012 во Кисела Вода во Скопје беше поставен споменик на коњаник, за кого се откри дека го претставува Тодор Александров.

Најновото спомен-обележје на Александров во Штип ќе почне да са гради веднаш, а донатор ќе биде Патриотското здружение „Мише Развигоров“ од Штип.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/ke-se-gradi-spomenik-na-todor-aleksandrov-vo-novo-selo-odluchi-sovetot-na-opshtina-shtip/
Carpe diem
Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3588
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 25-Feb-2024 at 18:17

вистина, тро повисок и од овој агол ... хм та или сандалите ќе се вадат или постаментот потсимне!?






Edited by +Protagorist - 25-Feb-2024 at 18:21
HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 28-Jan-2024 at 18:14
упс незнаев дека Филип е повисок од Камбанаријата на Свети Димитрија!, хм може кадаров лаже!?, а може ќе ја испраиме грешка ако Крст му клаиме в рака!?, што донекаде има логика доколку гледаме некако каузално подобно дека дури и Филип индиректно влијаел за Христијанство да се рашири сестрано т.е. заради него биднал Александар а тој нели го обединил цел познат Свет во антика за веќе заради тој космополитиски глобализам Коине станал античка лингва франка за кога Господ веќе доаѓа на земјавата Евагелието масовно да се рашири по сите страни, нели преписите најнапред не ошле на латински него егејски (коине) ајт да нерече некој националистички некако сакам да присвојам нешто еве да речеме старогрчки според постојното меинстрим разбирање за она што е Коине, иако дефакто и самиот грчки е микс од разноразни дијалекти на егејската цивилизација, та дури и писмото, доколку пивот е финикијското за грците!, нејсе, битно да било до латинскиот и римјаните тнко дека денес ќе сме бинале Христијани во полнота т.е. Православни, та ето индиректно вака може да се стори дури и туристички спин а така Филип да не ет над или рамен на Христовата Црква симболички ...

... бреј одма ќе срипат сеирџии ето ги овие биле и пред Христа негои, та да не излезе на мајтап накрај ваквата досетка ќе речам може најубо да го потспуштиме пиедестал на паметнико, или пак Филип да го слезиме долу меѓу Народ бидејќи и така цело негово владеење не било чалам туку напротив дипломатија парексаланс, а на то пиедестало може да се клај некое Сончево М илити за сите антички македонски кралски лози некаква симболика која ето кумувала Филип да се заплискуе в самата фонтана од нивнио вајб така логично ќе се реши брзо ваквата недоносеност, ем Филип сосем поинаку ќе се доживува како паметник него сега што ет онака издигнат небаре мора за да некој не го сардиса!, ако има некој друга идеја повелеле сугерирајте!, може попаметно би било заедно со Самоил и Јустинијан и Филип сите в сред Кале да добијат заеднички Плоштад!?, мислам како поинаку и трврдината да се анимира низ споменична конекција а за тоа пак да не се фрла камен!?, плус визурата кај Плоштад Карпошово Востание ќе се растерети правилно, додека фонтаната може ко по примерот на онаа на Плоштад Македонија да се стори во некаков антички Македониум [1][1][1]


Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 24-Nov-2023 at 23:40
зошто никогаш до сега не им текнало бар за ова да извадат 24/7 јавна дебата на нивнио портал каде бар за вакво нешто би пуштиле ефорум онака со една актуелна тема та да се најде најсоодветната локација!, еве и на Билд може истото да го актуелизираат само ќе треба до дадената нишка да имаат објавен линк на својот портал .....

а што ет до нејзинио предлог најубо ет да размисли кога она би имала шопинг мол дали неа ќе и годи таква летс слајс ап д меморис инсталација!?

доколку пак се подзадума Чоек убо би било ваков споменик да краси локација каде не дво ами тросмислено ќе се апострофира оштрата поставка, та ќе речам кај крим музејо при КПУ Шутка да ет поставен нема да згрешат онака внатре до музејо кој пак би требало да ет и туристичка атракција!, исто може и во склоп на Стара Кланица некаде да ет испраен, а идеално би било да се однесе на некоја патарина како велком ту аур форготен ленд хистори енд филозофи "оф хавинг ол бут јузинг нотинг пробабли коз дер воз алвејс сомван вит хис бладе ин хис хенд"!, конечно најидеално место би било круго на МВР или пак Генерал Штаб а заради службен континуитет ем от прашина ќе го чистат бар таму споменико, но доколку заборават на фаерарм у служба добро ет да имаат абер како и со кама потенцијално можат да спроведат ред, иако таму главен проблем ќе биде што ќе го китат бе со све остала опрема пр. флешлајт на чело итн.


Edited by beTon - 24-Nov-2023 at 23:41
Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Location: Tamworth,UK
Online Status: Offline
Posts: 1008
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 24-Nov-2023 at 21:57
Има љубовник Албанец, ама затоа Ќосето ќе го враќа...
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20753
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 23-Nov-2023 at 18:12
Арсовска планира спомениците на Ќосето и на генерал Апостолски да бидат „први соседи“



Пред три месеци Арсовска првпат соопшти дека поднела иницијатива до Советот на Град Скопје за повторно поставување на споменикот, со став дека нема да дозволи споменикот на македонскиот револуционер да ‘рѓосува по магацини.

Градоначалничката Данела Арсовска не се откажува од идејата во Скопје повторно да биде поставен споменикот на Ќосето, кој пред пет години преку ноќ беше отстранет од ексградоначалникот Петре Шилегов од пред судовите, со образложение дека станува збор за дивоградба.

Советниците на Град Скопје на седницата што треба да се одржи в понеделник, на 27 ноември, треба да одлучат дали ќе ја усвојат одлуката за изменување на Одлуката за подигање, чување, одржување, заштита и користење на спомен-обележје на Андон Лазов Јанев-Ќосето, за што еднаш веќе се изјаснија негативно.

Овој пат, се предвидува споменикот наместо кај судовите да биде поставен во близина на Ист Гејт, односно како што се прецизира во предлог-одлуката „на крстосницата на булевар Александар Македонски со улица Беласица, на триаголникот североисточно од кружниот тек“.

Како што е познато, токму на средината на овој кружен тек е поставен споменикот на генерал Михајло Апостолски, а доколку се усвои одлуката, во непосредна близина „друштво“ би му правел споменикот на Ќосето.

Спомен-обележјето на Андон Лазов Јанев-Ќосето, беше поставено во Скопје, на крстосницата на булевар Гоце Делчев и булевар Крсте Мисирков, на аголот кај Судска палата (комплекс судови) со Одлука на Совет на Град Скопје бр. 07-4860/1 од 14 јули 2014 година. Тоа беше дислоцирано од Општина Центар и Град Скопје го чуваше во депо – се вели во образложението на предлог-одлуката.

Понатаму, во образложението се објаснува дека Град Скопје поднел барање за поставување на спомен-обележјето до Општина Центар, по што е добиен одговор дека барањето се одбива со образложение дека според Законот за меморијалните споменици и спомен-обележјата, спомен-обележје можат да подигаат општините, градот Скопје и општините во градот Скопје.

Пред три месеци Арсовска првпат соопшти дека поднела иницијатива до Советот на Град Скопје за повторно поставување на споменикот, со став дека нема да дозволи споменикот на македонскиот револуционер да ‘рѓосува по магацини.

Станува збор за исклучително важна историска личност и еден од најголемите македонски револуционери чиј споменик неправедно и шверцерски беше отстранет од претходното градско раководство. Нема да дозволиме споменикот на македонскиот револуционер да ‘рѓосува по магацини, затоа апелираме час поскоро оваа точка да биде ставена на дневен ред во Советот на Град Скопје и веднаш да биде изгласана. Ова е уште еден начин да ја исправиме неправдата и да се оддолжиме на луѓето што го дале својот живот за независна и суверена Република Македонија, да ги паметиме и чествуваме хероите од кои ниту еден не смее да биде заборавен – соопшти тогаш градоначалничката.

Градоначалничката Арсовска на неколкупати досега најави дека планира да го врати споменикот на Ќосето на градските улици на место каде што му доликува на еден според неа важен историски лик. Дали овој пат ќе најде заеднички јазик со советниците од ВМРО-ДПМНЕ, кои се мнозинство во градскиот Совет, ќе се види в понеделник, зашто токму оваа партија беше најгласна во изминатите години за враќање на споменикот на Ќосето во Скопје.

https://www.slobodenpecat.mk/arsovska-planira-spomenicite-na-kjoseto-i-na-general-apostolski-da-bidat-prvi-sosedi/
Carpe diem
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 2271
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 22-Aug-2023 at 17:16
Originally posted by Џоле

И потоа се чудиме зошто заостануваме на секое ебено поле од развојот.
Toa e najgolemata makedonska boljka.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15235
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 22-Aug-2023 at 11:07
И потоа се чудиме зошто заостануваме на секое ебено поле од развојот.
За сè има вторпат
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 2271
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 22-Aug-2023 at 10:20
Znaci ludiloto so spomenicite prodolzuva. Mislam deka Makedonija e rekorder po stavanje spomenici na pogresni mesta?!
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 878
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 22-Aug-2023 at 01:14
Бараш логика во ова вонсериско лудило? Од сите работи кои треба да се направат во државата и во градот, тие нашле време и за Ќосето да мислат. Е сега рачунај колку се "зафатени" со работа.
Back to Top
Théoden View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2018
Location: Р. Македонија
Online Status: Offline
Posts: 563
  Quote Théoden Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 21-Aug-2023 at 14:45
Зошто пак еден до друг редење споменици?
Кога веќе најавија дека ќе се градат два нови кружни тека источно од Ист Гејт, нели би било посоодветно во некој од нив да се премести?
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20753
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 21-Aug-2023 at 12:26
ДАНЕЛА БАРА ВРАЌАЊЕ НА СПОМЕНИКОТ НА ЌОСЕТО - Има нова локација за негово поставување

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска достави иницијатива до Советот на Град Скопје за повторно поставување на спомен обележјето на македонскиот револуционер Андон Лазов Јанев - Ќосето.

- Спомен обележјето ќе добие нова локација која ќе се наоѓа на крстосницата помеѓу булеварот „Александар Македонски“ и булеварот „Беласица“ североисточно од кружниот тек.

Се работи за исклучително важна историска личност и еден од најголемите македонски револуционери чиј споменик неправедно и шверцерски беше отстранет од претходното градско раководство - се наведува во соопштението од Град Скопје.

Од таму додаваат „нема да дозволиме споменикот на македонскиот револуционер да рѓосува по магацини, затоа апелираме час поскоро оваа точка да биде ставена на дневен ред во Советот на Град Скопје и веднаш да биде изгласана“.

- Ова е уште еден начин да ја исправиме неправдата и да се оддолжиме на луѓето кои го дале својот живот за независна и суверена Република Македонија, да ги паметиме и чествуваме хероите од кои ниту еден не смее да биде заборавен - се заклучува во соопштението од град Скопје.

https://faktor.mk/danela-bara-vrakjanje-na-spomenikot-na-kjoseto---ima-nova-lokacija-za-negovo-postavuvanje
Carpe diem
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 878
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 09-May-2023 at 10:09
По битолскиот фб наидов на многу издржан коментар:
"Сенката на споменикот ќе растура бракови"


Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20753
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 08-May-2023 at 13:19
ОПШТИНА БИТОЛА ПЛАНИРА ДА ИЗГРАДИ КРУЖЕН ТЕК СО СПОМЕНИК НА АЛЕКСАНДАР ТУРУНЏЕВ КАЈ ВЕТЕРИНАРНАТА СТАНИЦА



https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/opshtina-bitola-planira-da-izgradi-kruzhen-tek-so-spomenik-na-aleksandar-turundhev-kaj-veterinarnata-stanitsa/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20753
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 08-May-2023 at 13:16
ВО ШТИП ПОЧНА ДА СЕ ГРАДИ СПОМЕНИК НА КИРИЛ И МЕТОДИЈ



Во центарот на Штип почна да се гради споменик на Кирил и Методиј, на местото каде што пред 70 години се наоѓало најстарото основно училиште во градот, кое го носело името на сесловенските просветители.

„Самата локација, која е пред соборниот храм ‘Св.Никола‘, одговара за еден ваков споменик, а идејното решение го искомбиниравме со кружен тек. Засега е поставен само постаментот, а во наредните денови ќе се работи на поставувањето на бистите на светите браќа и се надевам дека пригодно ќе бидат откриени во втората половина на мај, за Денот на просветителите“, вели градоначалникот Иван Јорданов.

Според него, споменикот се гради со донации од штипски компании. Општината ќе вложи во целиот проект само 600.000 денари.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/vo-shtip-pochna-da-se-gradi-spomenik-na-kiril-i-metodij/
Carpe diem
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 2271
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 07-Apr-2023 at 11:07
Originally posted by Théoden

Често за некои историски личности се користи фактот дека тие се преселиле и живееле во Бугарија како аргумент за нивната неповрзаност со Македонија. Но за ова може да се повлече една многу убава паралела со сегашноста. Што правиме со десетиците, стотици илјади Македонци кои се иселија по европските земји во последните десетина-дваесет години и планираат таму да го поминат остатокот од своите животи? Нивната асимилација ќе биде неизбежна и нивните деца, внуци целосно ќе бидат дел од други нации. Дали треба ние да ги отпишеме целосно тие луѓе, дури и ако оставиле некаков значаен траг?
Конкретно дали Ќосето заслужува споменик или не, може да би тема на понатамошен разговор, но овој факт не може да биде аргумент.
Faktot deka se preselile vo Bugarija e bas argument za nivnata narodna pripadnost, i toa eden od argumentite. Uste poveke sto politickata elita kako npr. Karev, Tatarcev, Petrov, Delcev itn. bile mnogu pismeni luge i samite ostavile pisan dokaz od koi moze da se vide kakvi bile. Nasiot problem e sto sme zatvoreni vo jugo-komunjarskata prikazna i uporno ja branime. Ponatamu go mesame denesnoto vreme so togasnoto, taka sto npr. denesnata emigracija e prvenstveno od ekonomski karakter, togasnata od politicko-bezbednosen...! I ne mi bese celta da debatirame za istorija i geografija tuku kritika na dvete politicki partii koi slicno se odnesuvaat kako onoj bugarski idiot Dzambaski. Toa sto nekoj ne saka da gi prifati istoriskite fakti e negov problem.
Back to Top
Théoden View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2018
Location: Р. Македонија
Online Status: Offline
Posts: 563
  Quote Théoden Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 07-Apr-2023 at 09:27
Често за некои историски личности се користи фактот дека тие се преселиле и живееле во Бугарија како аргумент за нивната неповрзаност со Македонија. Но за ова може да се повлече една многу убава паралела со сегашноста. Што правиме со десетиците, стотици илјади Македонци кои се иселија по европските земји во последните десетина-дваесет години и планираат таму да го поминат остатокот од своите животи? Нивната асимилација ќе биде неизбежна и нивните деца, внуци целосно ќе бидат дел од други нации. Дали треба ние да ги отпишеме целосно тие луѓе, дури и ако оставиле некаков значаен траг?
Конкретно дали Ќосето заслужува споменик или не, може да би тема на понатамошен разговор, но овој факт не може да биде аргумент.
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 2271
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 06-Apr-2023 at 23:43
Originally posted by <Fresno>

Originally posted by Denko

Mene mi se obrakas? A zosto togas Kolisevski ne mu podignal spomenik na Koseto i ona najvaznoto, od kade ja praka Koseto taa telegrama, ako voopsto i postoi?

Дискутирај си тоа слободно со други, ама перфидно кога влечеш во секој втор пост на пробугарска линија, па уште партии меша провокаторски, треба некој да ти каже дека си залутал на погрешен форум.

@гитар апсолвирана ми е оваа тема, едначење на сегашна ситуација со разлилни историски прилики, поими за нации, етнукуми итн. Освестувај други слободно, не ме интересира.

Дали заслужува ликов споменик во главен град на ослободена македонска држава? Да, сигурно не би имал ни он ништо против. Ама мораше новата локална нешто да тргне, додека од спроти дивоградба никна, па се крена фама околу спомеников. Тривијална тема како и да е.
Jas vlecam naperfidno na probugarska linija? Pa jas li gi naterav Koseto i ostanatite da se preselat vo Bugarija?! I kakvi partii mesam jas? Ta inicijativata za spomenikot proizleguva od spomenatite partii a ti ako imas nekoi kompleksi i se dozivuvas kako provokacija i navreda e tvoj problem. Inaku da, i jas nemam nisto protiv Koseto da ima spomenik vo Makedonija no toa ne go menuva faktot deka toj bil makedonski Bugarin!
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 209>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.586 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.