build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Градска инфраструктура (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 31>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20503
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Градска инфраструктура (општо)
    Posted: 30-Aug-2024 at 17:34
ФОТО+ВИДЕО | Властите чекаат да се одрони и да падне потпорниот ѕид кај Детска Клиника

Додека Град Скопје и Општина Центар си ја префрлуваат топката за тоа чија е одговорноста да се санира потпорниот ѕид во близина на Детската Клиника, состојбата на терен се влошува.









https://www.slobodenpecat.mk/fotovideo-vlastite-chekaat-da-se-odroni-i-da-padne-potporniot-dzid-kaj-detska-klinika/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20503
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 18-Aug-2024 at 18:34
ПРОБНО ЌЕ СЕ ЗАТВОРИ УЛИЦАТА 8 СЕПТЕМВРИ ВО ЦЕНТАРОТ ВО ВЕЛЕС ЗА ДА СЕ ПРОВЕРИ ДАЛИ ФУНКЦИОНИРА ПРОЕКТОТ ЗА СООБРАЌАЈНО РЕШЕНИЕ

Улиците Страшо Пинџур и Гоце Делчев во центарот на Велес ќе бидат двонасочни кога ќе заврши уредувањето на тротоарите на улицата 8 Септември. Двонасочниот сообраќај ќе биде во одреден период од годината. Откако деновиве се изврши хоризонтално обележување на овие две улици, се создаде дилема во јавноста зошто такво решение кога беше најавено дека тие ќе бидат двонасочни само преку лето, и тоа навечер.

Од локалната власт најавија дека годинава може да се случи главната улица 8 Септември да се затвори од Сармаале до Коњаникот како проба во краток период и тогаш улиците Страшо Пинџур и Гоце Делчев да бидат двонасочни, за да се увидат позитивните страни и слабостите на планираниот и предвиден сообраќаен режим.

„Прво треба да се заврши со уредувањето на тротоарите на улицата 8 Септември, зафат кој е во тек. Потоа треба да се изврши нејзино хоризонтално обележување, по што инвеститор од канцеларијата на ЕУ ќе направи увид дали може таа да се пушти во сообраќај. Поточно, да стапи на сила проектот за регулирање на сообраќајот во централното градско подрачје, донесен во 2017 година“, кажа Славче Велков, сообраќаен инженер во Општина Велес.

Предвидено е улицата 8 Септември догодина да се затвори за сообраќај во јуни, јули и август од 18 до 3 часот.

„Со проектот од 2017 година, предвидено е по улицата 8 Септември, која треба да биде затворена, да сообраќаат само возилата на градскиот јавен превоз. Во однос на компаниите кои имаат вработени и имаат сопствен автобуски превоз, ќе се разговара како тие патници да се качуваат во нивниот превоз. Возило во должина до 6 метри може да мине по улиците Страшо Пинџур и Гоце Делчев во правец од Сармаале до Коњаникот, а од Коњаникот до Сармаале може да се движи превозно средство во должина до 10 метри. И тоа само во вечерните часови, кога ќе биде затворена улицата 8 Септември. За проектот веќе се барани и направени одредени отстапки, улицата не е целосно затворена како што беше предвидено, туку само неколку месеци во ноќните часови“, вели Велков.

Реакции има и за пристапот на возилата од правец на центар, од споменикот Коњаникот кон паркингот пред Основен суд, каде што е исцртана непрекината сообраќајна линија, која покажува дека не може да се влезе на просторот.

„Доколку се дозволеше таквата можност, ќе се создаваше голема колона возила на кружниот тек. Затоа, ако некој сака да влезе на паркингот од правец на Коњаникот, треба да дојде до плоштадот Сармаале, да заврти на кружниот тек и да се врати назад“, објасни Велков.

За пешачките премини пред некогашното кино „11 Октомври“ кон НА-МА и од НА-МА кон кафеаната „903“, кои сега ги нема, реагираа незадоволни жители, но пешачкиот премин кон месноста Дворови останува.

„Пред Европската куќа, некогашното кино, нема да се црта пешачки, бидејќи ги има погоре кај пешачките острови и долу кај Стопанска банка. Пешачки кон Дворови ќе се црта кога киоскот ќе биде отстранет, а сопственикот најавил дека тоа ќе го стори набргу“, кажа Велков.

Незадоволни се и легалните таксисти, кои останаа без стојалиштата за своите возила во Центар, кај Коњаникот и на Сармаале.

„Кај Коњаникот се нацртани четири такси стојалишта, близу Европска куќа. Тие ќе бидат наскоро и во функција. Кај Сармаале нема можност за паркинг за такси возила бидејќи ако останеа досегашните локации, го отежнуваат сообраќајот кон улиците Архиепископ Михаил и Страшо Пинџур и тука нема да има такси стојалиште“, рече Велков.

Уредувањето на улиците во центарот на Велес беше дел од проектот со кој градот требаше да добие пешачка зона и да се затвори за сообраќај главната улица сите 365 дена, бидејќи Велес е единствен поголем град во Македонија кој нема пешачка зона. Но, проектот претрпе повеќе промени, за кои се бараше согласност од финансиерот ЕУ, бидејќи наместо решение, се создадоа големи колони возила и сообраќаен метеж во центарот на Велес.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/probno-ke-se-zatvori-ulitsata-8-septemvri-vo-tsentarot-vo-veles-za-da-se-proveri-dali-funktsionira-proektot-za-soobrakajno-reshenie/
Carpe diem
Back to Top
Théoden View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2018
Location: Р. Македонија
Online Status: Offline
Posts: 561
  Quote Théoden Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 14-Aug-2024 at 12:12

На локацијата за изградба на новиот дел на Кеј на река Вардар се расчистува вегетацијата и се решава комуналната инфраструктура

Објавено на 9 август, 2024 во 16:22

Се работи на изградбата на новиот дел, во должина од 200 метри, на Кеј на река Вардар, во центарот на Велес. На градилиштето, помеѓу Мало Мовче и Стар Мост, во моментов се врши расчистување на вегетацијата којашто по извршено геодетско обележување на објектот констатирано е дека се наоѓа на трасата за ѕидот на кејот во изградба. Од општина Велес одговорија на новинарското прашање на Дума.мк за тековните градежни зафати на градилиштето на оваа локација.

„Во исто време се решаваат проблемите поврзани со испустите на фекалната канализација како и на атмосверската канализација. Ќе се изведува крак за фекална канализација со кој ќе се зафатат испустите од постоечките објекти, коишто се повеќе на број, долж трасата каде ќе се гради кејот, ќе се канализираат во заедничка линија – цевка и како таква  линијата ќе се донесе до  постоечка шахта за фекална канализација која се наоѓа во непосредна близина на Мало Мовче. По завршување на погоре опишаните активности, ќе се продолжи на градежните работи кои се планирани согласно  проектот и договорот,“ соопшти Општина Велес.

Средствата предвидени за изградба на овој дел од кејот на реката Вардар  се општински, поточно се од развојните програми на Општина Велес и се обезбедуваат од годишниот буџет. Тоа значи дека општината сама учествува во изградбата на новите 200 метри должински Кеј во центарот на Велес во кој ќе вложи дел од приходите на даночните обврзници поточно граѓаните годинава и во наредните две години, 2025 и 2026 година. Реализација на овој значаен проект е со вкупна проектна вредност од 30 милиони 198 илјади и 377 денари или 491 илјади евра, со вклучен данок на додадена вредност.

Со изградбата на овие 200 метри должински кеј, во Велес, на западната страна на река Вардар, ќе се обезбеди двојно по долг и поголем простор за седење или пешачење на граѓаните. Според претходно дадени изјави на градоначалникот Марко Колев оваа треба да биде едена од позначајните капитални општински инвестиции која се очекува да продолжи да се реализира и над мост „Гемиџии“ во правец кон населбата Дворови.


https://duma.mk/region/na-lokacijata-za-izgradba-na-noviot-del-na-kej-na-reka-vardar-se-raschistuva-vegetacijata-i-se-reshava-komunalnata-infrastruktura/


Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20503
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 27-Jul-2024 at 16:00
Originally posted by SkMk

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, со екипи од секторите во градот и јавните претпријатија, извршија увид во градежните работи за започнување со реализација на прва фаза на еден од најтешките, најголемите и најзначајните проекти во Скопје, изградбата на булеварот Македонија кој ќе го реши деценискиот проблем со сообраќајниот метеж во централното градско подрачје.

Овој булевар има за цел да го растерети сообраќајот во центарот на градот особено на улицата Јордан Мијалков, улицата Павел Шатев, улицата Св. Кирил и Методиј и булеварот Кочо Рацин.

Градското раководство започнува со изградба на сообраќајницата на потегот од Тутунски комбинат во Кисела Вода која завршува во централното градско подрачје, и во првата фаза опфатени се булеварот и три крстосници, првата меѓу булевар Крушевска Република и улица 11 октомври, втората меѓу булевар Борис Трајковски и булевар Македонија и третата на двата краци на булевар Македонија кон втората фаза од булеварот кои се поврзуваат со подземната сообраќајница кај Лимак.

Реализацијата на ваквите сообраќајни решенија е од особено значење за граѓаните на Град Скопје, а значително ќе го намалат сообраќајниот метеж во центарот на градот и ќе го олеснат движењето на граѓаните низ централното градско подрачје.

Во првата фаза која се реализира на траса предвидени се и нова велосипедска патека по целата должина како и пешачка зона, а истовремено се реконструира целосно водоводната и канализационата мрежа.

https://www.facebook.com/share/p/U51KHiMtrv3mCU2m/?mibextid=K8Wfd2



Денес,сеуште нема никакви активности освен што кенот

од тука



го преместиле овде


...

Carpe diem
Back to Top
UROS View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 28-Mar-2023
Online Status: Offline
Posts: 153
  Quote UROS Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 11-Jul-2024 at 14:51
Ke se pravi ulica za potrebite na Lidl i Bliss Mall vo Bitola.

https://bitolanews.mk/2024/07/10/%D0%BF%D0%BE%D1%87%D0%BD%D1%83%D0%B2%D0%B0-%D0%B8%D0%B7%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%B4%D0%B1%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D1%83%D0%BB%D0%B8%D1%86%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%BA%D0%B0%D1%98-%D0%BB%D0%B8/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20503
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 10-Jul-2024 at 18:27
Идејно решение за изградба на кружен тек на Северен Булевар каде што ќе се гради и Лидл











https://www.facebook.com/opshtinakavadarci
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20503
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 07-Jul-2024 at 14:45
(ВИДЕО) Зошто 11 години од почетокот на градбата, патот од Скопје за Сопиште преку Водно служи само за пешаци и моторџии



https://360stepeni.mk/video-zoshto-11-godini-od-pochetokot-na-gradbata-patot-od-skopje-za-sopishte-preku-vodno-sluzhi-samo-za-peshatsi-i-motordhii/
Carpe diem
Back to Top
Théoden View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2018
Location: Р. Македонија
Online Status: Offline
Posts: 561
  Quote Théoden Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 05-Jul-2024 at 16:41
.Previous

Ова е срамота да се нарече булевар, посебно со тој рахитичен кружен тек, но може во иднина да стане еднонасочна улица и во комбинација со патот од спротивната страна (жолто) да делуваат како сервисни улици на автопатот, кои ќе ја поврзуваат оваа област директно со Гевгелија. За ова ќе биде потребен уште еден надвозник или подвозник преку автопатот (црвено).


Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20503
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 05-Jul-2024 at 12:13
ПУШТЕН ВО УПОТРЕБА НОВИОТ ПАТЕН ПРАВЕЦ КАЈ МИЛЦИ
Гевгелија доби ново поврзување со автопатот и Коридорот 10 со изградбата на патниот правец Милци. Со пресекување лента од градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов и новиот претседател на Владата на Република Македонија, проф. д-р Христијан Мицковски, во присуство на бројни гости, беше означена завршницата на овој капитален проект.
- По поставувањето на хоризонтална и вертикална сигнализација, патниот правец кај Милци ги исполни условите за пуштање во употреба. Должината на делницата изнесува вкупно 850 метри со кружен тек. Реализацијата на оваа делница се реализираше во две фази, со средства од Буџетот на Општина Гевгелија во износ од 18.917.780 денари. Гевгеличани покрај тоа што добиваат нова сообраќајна врска со граничниот премин Богородица, истовремено со реализацијата на овој патен правец се зголемува и можноста за нови потенцијални инвестиции во месноста - Милци, истакна градоначалникот Сарамандов во своето излагање за медиумите.











https://www.facebook.com/profile.php?id=100071471694876
Carpe diem
Back to Top
The Wild Boy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2020
Online Status: Offline
Posts: 495
  Quote The Wild Boy Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 04-Jul-2024 at 14:24
Гевгелија има нов булевар до граничниот премин Богородица? Од каде до каде конкретно? Никаде јас не гледам булевар со 4 ленти.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20503
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 10-Jun-2024 at 19:00
(ФОТО+ВИДЕО) Се урна дел од потпорен ѕид над Клиниката за детски болести, од ЦУК велат дека во прашање се часови кога ќе падне целиот

Ангелов вели дека под улицата која го разграничува Клиничкиот центар со куќите има шахти и подземни канали кои се во лоша состојба и не ја собираат подземната вода што доаѓа од падините на Водно што, пак, е причина таа да избива на самиот ѕид и дополнително ја нарушува неговата стабилност

Дел од потпорен ѕид на улицата „Белградска“, која поминува над Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ над Клиниката за детски болести, утринава се урнал, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Информацијата дека е ѕидот се урнал денеска од страна на граѓани стигнала на единствениот број за итни случаи 112.

Директорот на ЦУК Стојанче Ангелов, денеска во видеообраќање од местото каде што се урна ѕидот апелираше до Министерството за здравство, до Град Скопје и до Општина Центар итно да се зафатат со надминување на оваа опасност за граѓаните. Тој вели дека е прашање на ден, а можеби и на час кога ќе се урне и преостанатиот дел од ѕидот под кој се паркираат возила, но се движат и лица кои влегуваат во кругот на Клиничкиот центар.

Во најлошо сценарио, рече Ангелов, постои можност возила што се движат по оваа тесна улица, која е проодна во два правци, да дојде до уривање не само на ѕидот туку и на дел од улицата и да дојде до поголема трагедија во која ќе бидат опфатени и возила.

Според него, за проблемот со лошата состојба со ѕидот, кој бил накосен и постоела опасност да падне, пријава имало уште во ноември 2022 година. Тогаш, како што рече Ангелов, биле информирани сите надлежни институции вклучително и Министерството за здравство, Град Скопје, како и Општина Центар, а запознаени биле и во Министерството за внатрешни работи за преземање на потребните мерки за заштита на животот и здравјето на граѓаните.







[URL]https://360stepeni.mk/foto-video-se-urna-del-od-potporen-zid-nad-klinikata-za-detski-bolesti-od-tsuk-velat-deka-vo-prashane-se-chasovi-koga-ke-padne-tseliot//URL]
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20503
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 09-Jun-2024 at 12:36
И шума се исече и пари се потрошија, но патот од Водно за Сопиште уште е неупотреблив



Од Јавното претпријатие за државни патишта во чија надлежност е патот од Водно до Сопиште нема одговор дали се санирани свлечиштата ниту кога конечно ќе биде ставен во функција.

Цели седум години откако е завршена неговата изградба, патот што води од Водно за Сопиште, не е официјално пуштен во употреба. Изговори за тоа има многу, но главната пречка е свлечиштето кое се појави откако беше завршен и за кое досега очигледно не се најде решение како да се санира. Или едноставно сите институции го заборавија иако за изградба на делницата долга 4,4 километри се потрошија 7,7 милиони евра.

Со проблемот со одрони и свлечишта, се соочуваше и изведувачот на градежните работи „Гранит“, поради што беа пробиени роковите за градба, а сепак надлежните во 2017 година се пофалија дека изградбата е целосно завршена иако свлечиштата на патот останаа.

Пробивањето на регионалниот пат Р2138, кој беше еден од условите за да започне изградбата на елитната населба Сончев Град, почна во 2013 година и 11 години подоцна сѐ уште е со пречки на двата негови влеза, затоа што никој не може да им ја гарантира безбедноста на граѓаните доколку го поминуваат со автомобил. Неговото пуштање во употреба со години го очекуваат жителите на Сопиште и на другите населени места во тој дел, затоа што наместо да кружат преку Кисела Вода, за многу побрзо време би можеле да стигнат до центарот на Скопје. Во моментов патот го минуваат само моторџии и велосипедисти на сопствен ризик.

Од Јавното претпријатие за државни патишта во чија надлежност е патот од Водно до Сопиште не одговараат дали се санираа свлечиштата ниту кога конечно ќе биде ставен во функција. Претходните две години оттаму соопштуваа дека во текот на градбата се појавила потреба за одредени измени и дополнувања на проектната документација, коишто се опфатени со изработка на нова проектна документација на ниво на инфраструктурен проект. Признаа и дека при пробивање на трасата направени биле отстапувања од градежната линија.

– Измените и дополнувањата го опфаќаа препроектирање на дел од трасата, проектирање три потпорни конструкции, како и дополнително осигурување на стабилност на косината од високиот засек. Во текот на градбата при пробивање на трасата и оформување на косините на делови во должина на трасата на терен направени се отстапувања во однос на градежната линија која е предвидена во одобрениот проект за инфраструктура. Поради сите горенаведени настанатите промени потребно беше да се изработи измена и дополнување на одобрениот проект за инфраструктура – информираа лани од претпријатието.

Новиот проект за инфраструктура уште минатата година беше одобрен од Министерството за транспорт и врски и во тек беше постапка за „измени во тек на градба“ кои исто така требаше да ги одобри Министерството, по што требаше да се изврши технички преглед и да се издаде дозвола за употреба.

Досега тоа не се случи, а од јавното претпријатие не одговараат на прашањата дали веќе се санирани проблемите на патот.

После седум години откако го прогласија за изграден ( но очигледно недограден) и делот од патот каде немаше свлечишта ќе остари и ќе почне да се уништува.

Се чувствува ли некој одговорен за лошата изведба на патот, за залудно фрлените пари и конечно затоа што за неговото пробивање и покрај жестоките противења на граѓаните и граѓанските организации, се исече шума на Водно, се уништи дел од планината?

https://www.slobodenpecat.mk/i-shuma-se-iseche-i-pari-se-potroshija-no-patot-od-vodno-za-sopishte-ushte-e-neupotrebliv/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20503
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 07-May-2024 at 18:47
СЕ ГРАДИ КЕЈОТ ДО СТАР МОСТ

Продолжи изградбата на кејот од десната страна на река Вардар. Градежните работи се во тек за изградба на кејот на потегот од Мало мовче до Стар мост. Граѓаните на Велес добиваат уште едно модерно уредено катче за релаксација.







https://www.facebook.com/photo?fbid=841424031359022&set=pcb.841424721358953
Carpe diem
Back to Top
Théoden View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2018
Location: Р. Македонија
Online Status: Offline
Posts: 561
  Quote Théoden Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 02-May-2024 at 20:20
Не ми е јасно зошто не се следи линијата поставена од левиот брег, туку се започнува со блага кривина толку далеку пред мостот „Гемиџии“. Question
Дали до толку биле проблем експропријацијата на тие метар-два? Или можеби во меѓувреме се променети урбанистичките планови? Не знам која година е направен кејот од левата страна.
Вака сега е нарушена симетричноста и изгледа полошо од очекуваното.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15191
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 02-May-2024 at 16:52


Еј, баш ме потсети дека имам и јас фотки, вчера се шетав натаму:







За сè има вторпат
Back to Top
Théoden View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2018
Location: Р. Македонија
Online Status: Offline
Posts: 561
  Quote Théoden Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 02-May-2024 at 15:15
Кејот во Велес:


Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 2085
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 12-Apr-2024 at 19:42
Го тргнаа и кенот што беше поставен по свеченото отпочнување со изградба...
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20503
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 05-Mar-2024 at 18:20
ОД БОМБАСТИЧНАТА НАЈАВА НА АРСОВСКА ОСТАНА САМО ЛЕНТАТА Што се чека за да почне изградбата на булеварот Македонија?



Извадени две палети со бехатон плочки, еден контејнер-барака кој треба да служи како канцеларија и ништо друго нема и по еден месец откако беше најавена првата фаза на еден од најтешките, најголемите и најзначајните проекти во Скопје кај стара „Рампа“.

Точно пред еден месец градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, со екипи од секторите во градот и јавните претпријатија, изврши увид во градежните работи за започнување со реализација на прва фаза на изградбата на булеварот Македонија со кој ќе се реши деценискиот проблем со сообраќајниот метеж во централното градско подрачје.

Сепак, според тоа што може да се види на терен, засега нема ниту еден работник или машина која ќе ги извршува работните задачи и нејасно е зошто и покрај најавата на Арсовска, ништо не се случува.

Според сајтот за јавни набавки, Град Скопје на 5 февруари за реализацијата на овој проект има склучено договор со компанијата ЈУ-БАЈ 2 Амет ДООЕЛ село Бојане, Скопје, во износ од 48.083.564 денари со ДДВ или 781.847 евра. Во битката за оваа јавна набавка покрај ЈУ-БАЈ 2 Амет ДООЕЛ биле уште 10 градежни компании, но сепак изведувачот од Бојане ја имал најприфатливата понуда според Град Скопје.

Градоначалничката Арсовска тогаш истакна дека овој булевар има цел да го растовари сообраќајот во центарот на градот, особено на улиците: Јордан Мијалков, Павел Шатев, како и на булеварите Свети Кирил и Методиј и Кочо Рацин.

„Градското раководство започнува со изградба на сообраќајницата на потегот од Тутунски комбинат во Кисела Вода која завршува во централното градско подрачје, и во првата фаза опфатени се булеварот и три крстосници, првата меѓу булевар Крушевска Република и улица 11 Октомври, втората меѓу булевар Борис Трајковски и булевар Македонија и третата на двата крака на булевар Македонија кон втората фаза од булеварот кои се поврзуваат со подземната сообраќајница кај Лимак“, соопштија тогаш градските власти.

Како што пишуваше во соопштението од Градот, реализацијата на ваквите сообраќајни решенија е од особено значење за граѓаните на Скопје, а значително ќе го намали сообраќајниот метеж во центарот на градот и ќе го олесни движењето на граѓаните низ централното градско подрачје.

https://plusinfo.mk/od-bombastichnata-na-ava-na-arsovska-ostana-samo-lentata-shto-se-cheka-za-da-pochne-izgradbata-na-bulevarot-makedoni-a/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20503
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 03-Mar-2024 at 14:59
СТОПИРАН ПРОЕКТОТ ЗА ЦЕНТАРОТ НА ВЕЛЕС ДА БИДЕ ПЕШАЧКА ЗОНА, ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЛЕВ БАРА ТОА ДА ВАЖИ САМО ВО ЛЕТО



Стопиран е проектот за реконструкција во пешачка зона на улицата 8 Септември во центарот на Велес. Проектот, кој е финансиран од европски фондови, предвидува улицата до плоштадот Сармаале кај споменикот на Коњаникот да биде затворена за возила во текот на цел ден. Единствено во одредени делови на денот низ неа да минуваат само автобусите на големите компании кои превезуваат работници.

Велес е единствен поголем град во Македонија кој нема пешачка зона во центарот.

Градоначалникот на Велес Марко Колев објаснува дека проектот е стопиран, бидејќи Општината бара измена односно улицата да биде пешачка зона само во лето.

„Кога дојдов на оваа позиција кажав дека ќе ги продолжам сите проекти кои ги наследив. Ова сообраќајно решение е подготвено многу порано пред јас да дојдам. Се обидуваме со сообраќајните инженери да докажеме на финансиерот дека делумно тоа што е пишано во апликација е можно, делумно не. Се трудиме да објасниме дека ни е потребна пешачка зона, но во период кога народот е раздвижен, а тоа е во топлите месеци. Нашиот концепт не е да се затвори целосно улицата 8 Септември, туку во летните месеци кога децата се на распуст. И тоа во одреден дел од денот, тоа е попладне, како што беше порано корзото. Тие два, три, четири часа, улицата 8 Септември да биде затворена, а улиците Гоце Делчев и Страшо Пинџур да бидат двонасочни“, вели Колев.

Градоначалникот вели дека постои опасност ако не се реализира проектот да се вратат 700-800 илјади евра кои се обезбедени од фондовите на ЕУ.

Според проектот, предвидено е намалување на кружниот тек кај споменикот Коњаник, изградба на друг на Сармаале, што е реализирано. Потоа, улицата Архиепископ Михаил да биде еднонасочна што исто така се случи, а улицата 8 Септември да биде пешачка зона, освен за автобусите, во период кога ги превезуваат работниците на работа. Исто така, завршено е поставувањето на одводна мрежа за атмосферската вода од центарот на градот, од Сармаале до мостот Гемиџии. Предвидено е улиците Гоце Делчев и Страшо Пинџур да бидат двонасочни.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/stopiran-proektot-za-tsentarot-na-veles-da-bide-peshachka-zona-gradonachalnikot-kolev-bara-toa-da-vazhi-samo-vo-leto/
Carpe diem
Back to Top
SkMk View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 18-Jul-2023
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 23
  Quote SkMk Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 05-Feb-2024 at 14:59
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, со екипи од секторите во градот и јавните претпријатија, извршија увид во градежните работи за започнување со реализација на прва фаза на еден од најтешките, најголемите и најзначајните проекти во Скопје, изградбата на булеварот Македонија кој ќе го реши деценискиот проблем со сообраќајниот метеж во централното градско подрачје.

Овој булевар има за цел да го растерети сообраќајот во центарот на градот особено на улицата Јордан Мијалков, улицата Павел Шатев, улицата Св. Кирил и Методиј и булеварот Кочо Рацин.

Градското раководство започнува со изградба на сообраќајницата на потегот од Тутунски комбинат во Кисела Вода која завршува во централното градско подрачје, и во првата фаза опфатени се булеварот и три крстосници, првата меѓу булевар Крушевска Република и улица 11 октомври, втората меѓу булевар Борис Трајковски и булевар Македонија и третата на двата краци на булевар Македонија кон втората фаза од булеварот кои се поврзуваат со подземната сообраќајница кај Лимак.

Реализацијата на ваквите сообраќајни решенија е од особено значење за граѓаните на Град Скопје, а значително ќе го намалат сообраќајниот метеж во центарот на градот и ќе го олеснат движењето на граѓаните низ централното градско подрачје.

Во првата фаза која се реализира на траса предвидени се и нова велосипедска патека по целата должина како и пешачка зона, а истовремено се реконструира целосно водоводната и канализационата мрежа.

https://www.facebook.com/share/p/U51KHiMtrv3mCU2m/?mibextid=K8Wfd2

Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 31>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.417 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.