Автопат Миладиновци - Штип |
Post Reply | Page <1 383940 |
Author | ||
ehrlich
Senior Member Joined: 31-May-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 1365 |
Quote Reply #781 Posted: 11-Feb-2021 at 18:04 | |
Овде има само намалување на безбедноста.
Јас уште не можам да најдам оправданост на ова, особено што при пуштањето на автопатот ова не беше вака. Би било добро да каже генијалецот на решениево. |
||
user8642
Senior Member Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2029 |
Quote Reply #782 Posted: 14-Feb-2021 at 15:50 | |
Голема грешка што надвозикот на превојот Јокуш не се направи клучка. И така е еквидистантно оддалечена од другите клучки колку што се оддалечени меѓу себе. А инвестицијата воопшто не е нешто голема. И така надвозникот веќе постои, само треба да се отворат локални патчиња стотина метри и селата Сушица, Живиње, Крушица, Малино, Џидимирци да добијат приклучок кон автопатот. Исто така и меснсота Ѓуриште која е значајна метеоролшка, телекомуникациска, воена, излетничка точка, ќе добиеше поблизок пристап со Скопје како и актуелизација на манастирот.
Еве две варијанти како мислам дека најлесно би се пробиле локални патчиња без да се оштетуваат насипите под надвозникот, без да се оштетува некоја голема шума, како би добиле мали проценти на наклонетост на локалните патчиња. Edited by user8642 - 14-Feb-2021 at 15:58 |
||
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15235 |
Quote Reply #783 Posted: 30-Mar-2021 at 20:54 | |
|
||
За сè има вторпат
|
||
WolfLeader
Senior Member Joined: 03-Aug-2015 Online Status: Offline Posts: 694 |
Quote Reply #784 Posted: 31-Mar-2021 at 16:47 | |
Dobra voznja )
|
||
zabegan
Senior Member Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
Quote Reply #785 Posted: 02-Sep-2021 at 19:55 | |
инаку викендов возев по автопатов и на делниците каде што има ископи земјата се слева врз асфалтот... има некоја најава да се среди ова?
|
||
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
||
Denko
Senior Member Joined: 14-Aug-2010 Online Status: Offline Posts: 2271 |
Quote Reply #786 Posted: 15-Oct-2021 at 09:23 | |
Go vozev za prv pat avtopatov i toa na dozd. Zemjata se sleva vrz avtopatot i ima odroni na kamenja od koi mi pukna guma
|
||
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20753 |
Quote Reply #787 Posted: 16-Dec-2021 at 14:33 | |
од твитер,напукнал еден од потпорните ѕидови |
||
гитардемон
Senior Member Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5422 |
Quote Reply #788 Posted: 16-Dec-2021 at 16:32 | |
Дисперзирани студии во секое село, автопат кон секое село, и стиропорни фасади. Едвај чекам да ни се врати турбофолк власта!
|
||
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
||
Влатко
Senior Member Joined: 01-Aug-2016 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 517 |
Quote Reply #789 Posted: 17-Dec-2021 at 08:08 | |
Поарно нека остане оваа, шо го пушти автопатот без да ги санира косините.
Ма нека напраат џоин венчр двете и ќе се надополнуваат, едните ќе оставаат бандери на сред коловоз и ќе прават вакви потпорни ѕидови без пресметан притисок од атмосферски влијанија а другите нема да санираат косини и ќе играат чочеци. |
||
Denko
Senior Member Joined: 14-Aug-2010 Online Status: Offline Posts: 2271 |
Quote Reply #790 Posted: 17-Dec-2021 at 15:32 | |
|
||
ehrlich
Senior Member Joined: 31-May-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 1365 |
Quote Reply #791 Posted: 17-Dec-2021 at 20:21 | |
Толку добро бил направен, толку добро му бил спроведен надзор, толку добро бил одржуван. Никој ништо за државава не одговора, никој за ништо не е надлежен и така.
|
||
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20753 |
Quote Reply #792 Posted: 13-Apr-2022 at 12:48 | |
Со месеци одрони на автопатот Миладиновци – Штип
Одроните на автопатот Миладиновци – Штип се уште не се расчистени. Ова е најновиот автопат во државата, пуштен во употреба во 2019-та година. Веќе со месеци поради големи одрони автопатот е небезбеден за патниците. Карпите зафаќаат половина од патот и возачите се принудени да користат само една лента. https://www.porta3.mk/so-meseci-odroni-na-avtopatot-miladinovci-shtip |
||
Carpe diem
|
||
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20753 |
Quote Reply #793 Posted: 03-Jun-2022 at 17:00 | |
И ПО ПОЛОВИНА ГОДИНА ПО АВТОПАТОТ ШТИП - МИЛАДИНОВЦИ НА ДВЕ ЛОКАЦИИ ПО СТОТИНА МЕТРИ СЕ ВОЗИ ПО ЕДНА КОЛОВОЗНА ЛЕНТА
И по половина година по автопатот Штип-Миладиновци на две локации по стотина метри се вози по една коловозна лента. Од Јавното претпријатие за државни патишта велат санирањето на одроните веќе е во тек. Фирмата избрана на тендер има рок од два месеци да го реши проблемот за што ќе добие нешто над 47 милиони денари. Но, затоа двете нови патарини на автопатот Штип-Миладиновци нема да го почекаат санирањето на одроните. Како што стојат работите државата тука ќе биде побрза и патарините наскоро ќе бидат пуштени во употреба. По автопатот Штип-Миладиновци со месеци на две локации се вози по една коловозна лента. Свлечишта и одрони го отежнуваат сообраќајот. На едно од свлечиштата каде веќе има потпорен ѕид, од Државни патишта велат активно се работи. Другиот одрон што е уште поголема закана за безбедноста ќе почека. „На втората локација каде што има одрон и треба да се олесни косината се изработуваат сообраќајните знаци и табли за пренасочување на сообраќајот на другиот коловоз. Очекуваме набргу да се отпочне и со градежни активности. Рокот за завршување на договорот е два месеци од воведување во работа. Вредноста е 47.2 милиони денари “ велат од ЈП за Државни патишта. Двата големи одрони на автопатот Штип-Миладиновци стојат повеќе од половина година. Поситни камења што паѓаат по коловозот има и на неколку други локации. Но, затоа двете нови патарини на автопатот Штип-Миладиновци нема да го почекаат санирањето на одроните. Како што стојат работите државата тука ќе биде побрза. А системот работи, велат нашите информации. Надзорот деновиве веќе бил на терен. Го тестирале функционирањето на рампите и другиот дел од електронскиот систем. Сега се чека на извештајот. Од државни патишта не одговорија дали цената што ќе ја плаќаат граѓаните ќе претрпи промена. Претходно државата пресмета дека за автопатот во должина од 47 километри, за постоечката кај Миладиновци и новите кај Преод и Кадрифаково треба да се плаќааат 160 денари за патарина во еден правец. https://24.mk/details/i-po-polovina-godina-po-avtopatot-shtip-miladinovci-na-dve-lokacii-po-stotina-metri-se-vozi-po-edna-kolovozna-lenta |
||
Carpe diem
|
||
The Wild Boy
Senior Member Joined: 19-Jan-2020 Online Status: Offline Posts: 497 |
Quote Reply #794 Posted: 06-Oct-2022 at 20:51 | |
Да си организираат од ЈП "Државни Патишта" еден тим да земат да ги очистат тоа знаците, особено од Миладиновци према Три Чешми... цели се со спрејови од графити со буквата "Z" и Про - Руска пропаганда. На вакви провокативни графити, текстови не им е местото овде.
|
||
FT
Senior Member Joined: 22-Jun-2010 Location: Kocani Online Status: Offline Posts: 571 |
Quote Reply #795 Posted: 06-Oct-2022 at 21:19 | |
Може успат и тревата да искосат
|
||
Marxentric
Senior Member Joined: 27-Apr-2020 Location: Paionia Online Status: Offline Posts: 334 |
Quote Reply #796 Posted: 07-Oct-2022 at 01:06 | |
Толку ѓубриште и неискосена трева покрај патиштата има само тука и во Грција. Но, подобро и не заслужуваме со овој гнасен народ и неажурни власти.
Дури и тука на форумот еден торко укажа дека тоа било споредна работа, веројатно смрдежот фрла шишиња и марамчиња кај стигне, па тоа му е споредно додека тука паламуди какви згради и патишта требало да се градат |
||
Post Reply | Page <1 383940 |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |