Претходна статија
Забрзано се гради мини обиколницата и новиот мост на Брегалница во Штип
Следна статија
„Мултипром“ гради три нови погони во Општина Илинден

Физибилити студија за изградба на собирен центар за земјоделски производи во Тетово

Објавено на 06.10.2017 во категорија Вести.

 

Општина Тетово е во потрага по консултант којшто ќе изработи физибилити студија за оправданоста од изградба на собирен центар за земјоделски производи во овој град. Локалната власт планира за подготовка на документот да потроши околу 730.000 денари. Студијата треба да даде одговор на прашањата во врска со исплативоста од изградбата на еден ваков објект, можностите за реализација на проектот по пат на јавно-приватно партнерство и најсоодветната локација за негова изградба.

 

 

Тетово во моментов има импровизиран пазар за земјоделски производи во близина на Арабати Баба Теќето. Иако е еден од најголемите производители на земјоделски продукти, Тетовскиот регион нема собирен центар за земјоделски производи.