Претходна статија
Oд септември субвенционирани „зелени кредити“ за сончеви колектори
Следна статија
За вртелешката од „Скопје 2014“ е распишан тендер по шести пат

Филип Втори поставен на плоштадот „Карпошово востание“

Објавено на 22.05.2012 во категорија Вести.

План за уредување на плоштадот „Карпошово востание“Бронзена скулптура на Филип Втори, висока околу 15 метри, денес беше поставена на 13-метарскиот постамент на плоштадот „Карпошово востание“, на просторот помеѓу црквата Свети Димитрија и зградата на Министерството за транспорт и врски. Скулптурата која официјално го носи името „Воин“ е изработена во леарницата „Гвастини“ од Виченца, Италија. Нејзин автор е Валентина Стевановска. Околу „Воинот“ се гради и монументална фонтана, а сето тоа е дел од проектот за уредување на плоштадот „Карпошово востание“, кој започна минатото лето и кој вклучува изградба на уште три фонтани со скулптури и длабоки релјефи во бронза и мермер. Според тогашните информации, целиот проект чини околу пет милиони евра, од кои три милиони за леење на скулптурите во Италија. Покрај ова, планирана е и реконструкција на објектот на Министерството за транспорт и врски.

 

» Форумска дискусија на оваа тема овде

 

 

Споменик на Филип IIСпоменик на Филип IIСпоменик на Филип IIСпоменик на Филип II

 

Споменик на Филип IIСпоменик на Филип IIСпоменик на Филип IIСпоменик на Филип II

 

Споменик на Филип IIСпоменик на Филип IIСпоменик на Филип IIСпоменик на Филип II