Претходна статија
Државата ќе поставува туристичка сигнализација за информирање
Следна статија
„Скопје Ист Гејт“ му дава нова шанса на просторот кај Скопски саем

Европскиот совет на инженерски комори (ЕСЕС) го одржа 14-тото Генерално Собрание во Скопје

Објавено на 24.10.2017 во категорија Вести.

 

Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Република Македонија (КОАИ) беше домаќин и организатор на 14 Генерално Собрание на Европската Асоцијација на инженерски комори на 20 и 21 октомври. Оваа асоцијација во Скопје го одржа 14-тото генерално собрание, на кое беа доделени две плакети за особени заслуги на Марван Абделхамид, поранешен претседател на Светската федерација на инженериски организации и на Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Република Македонија.

 

*Извор на фотографија: Комора на овластени архитекти и овластени инженери на Република Македонија.

 

Во понатамошниот дел од Генералното собрание се одржаа презентации и се разменија искуства за јавните набавки во инженерските услуги, за меѓународно признавање на инженерските квалификации, за принципите за заеднички програми за обука и образование на инженерите, како и за останати прашања значајни за работењето на оваа европска асоцијација. Европската Асоцијација на инженерски комори годинава го доби Кралскиот декрет од Белгија, со што оваа меѓународна институција се стекна со правен статус во европски рамки.

 

Настанот во Скопје се одржа под покровителство на Претседателот Ѓорѓе Иванов, а поддршка за него даде и македонската влада. Настанот го отвори Димче Атанасовски, генерален секретар на КОАИ.