Претходна статија
На продажба одат 13 градежни парцели во Штип
Следна статија
Работниците на штрајк, потврдени грешките при проектирањето на автопатот Кичево - Охрид

Европски пари за јавни инвестиции во Сопиште и Чешиново-Облешево

Објавено на 22.06.2017 во категорија Вести.

 

Општините Сопиште и Чешиново-Облешево ќе користат грант од 237.000 евра од ИПА програмата за рурален развој на ЕУ. Договорите за користење на средствата денеска ги потпишаа министерот за финансии Драган Тевдовски и градоначалниците на овие две општини, Стефче Трпковски и Костадин Личков. Одвоените средства ќе се искористат за изведба на нова градинка во општина Сопиште, додека во општина Чешиново-Облешево во две населени места ќе се гради систем за водоснабдување и асфалтирање на улици. Министерот Драган Тевдовски истакна дека ќе се заложи за поголема искористеност на средствата од европските фондови.

 

Евроамбасадорот Самуел Жбогар во рамките на денешниот настан изјави дека преку оваа ИПА програма се издвоени околу 20 милиони евра за македонските општини од 2015 година. „Скоро сите општини се корисници на овие средства. Дел веќе имаат потпишано договори“ изјави евроамбасадорот Жбогар.