Претходна статија
А.Д. „Карпош“ лани двојно ја зголемила вкупната добивка
Следна статија
Автопатот Миладиновци - Штип ќе биде завршен до 2017 година

„Еуро Стил“ ќе го догради шеталиштето во Охрид

Објавено на 03.03.2016 во категорија Вести.

Општина Охрид ја избра фирмата „Еуро Стил“ за изведувач на третата фаза од изградбата на охридското шеталиште. Градежната фирма ќе ја доврши пешачката и велосипедската патека во должина од 630 метри, со што ќе се создаде урбанизиран простор за граѓаните на потегот од каналот Студенчишта до хотелот „Горица“. Последната етапа од изведбата на охридската променада ќе започне со реализација откако ќе се завршат работите од втората фаза, на која во моментов привршуваат работите на терен.

 

 

 

Тековниот проект предвидува изградба на шеталиште со ширина од 12 метри, кое вклучува пешачка и велосипедска патека, а покрај нив ќе се постави урбана опрема, стилизирани канделабри и хортикултурно ќе се уреди околниот простор. Првите две фази од реализацијата на новото охридско шеталиште, со должина од 400 метри  ги изведе фирмата „Еуро Стил“ од Охрид.