Претходна статија
Втора фаза од обновата на фасадите на станбени објекти во Аеродром
Следна статија
Тендерот за дистрибутивната гасоводна мрежа во земјава ќе биде поништен

ЕУ и УНДП ќе ја штитат македонската природа со 4,3 милиони евра

Објавено на 12.07.2017 во категорија Вести.

 

Министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураку, амбасадорот на ЕУ во Р.М. Самуел Жбогар и постојаниот претставник на УНДП Луиза Винтон денеска го претставија проектот за заштита на македонската природа во вредност од 4,3 милиони евра. Со проектот ќе се доделат околу 20 грантови кон поголемите заштитени подрачја, но и кон помалку развиените заштитени подрачја. Истите ќе бидат имплементирани од управувачките тела на националните паркови, локалните самоуправи и невладините организации. Меѓудругото. планирана е изградба и на неколку мали пречистителни станици.

 

 

Со проектот ќе се поддржат приоритетните потреби во подобрување на управувањето со заштитените подрачја, промовирањето поодржлив развој на користење на природните ресурси и практични примери за заштита на природата и локалниот економски развој. Проектот е финансиран од Европската Унија и од Програмата за развој на Обединетите Нации, а ќе биде имплементиран од УНДП во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање во наредните 28 месеци.