Претходна статија
Тендерот за електрични автобуси на повидок, стручно образложение нема
Следна статија
ЕЛЕМ нарача префизибилити студија за изградба на когенеративни електрани

„Ескаватори-МК“ ќе го обновува патот Скопје – Македонски Брод низ „Јасен“

Објавено на 20.01.2017 во категорија Вести.

 

По долгогодишни најави за реализација на проектот, Јавното претпријатие за државни патишта потпиша договор за реконструкција на патот Скопје-Македонски Брод низ резерватот „Јасен“. За изведувач на работите е избрана фирмата „Ескаватори-МК“, при што за проектот од државниот буџет се издвоени финансиски средства од 101 милион денари. Станува збор за обнова на делницата во должина од 14,5 километри, на потегот од мостот кај селото Близанско до месноста Калуѓерец. Дел од овој регионален патен правец воопшто не е асфалтиран, што предизвикува големи проблеми за движење на населението и на рекреативците во овој дел од земјата.

 

 

Со реконструктивниот зафат ќе се изведат две сообраќајни ленти со ширина од 3,5 метри. На секои 500 метри ќе има дополнителни асфалтни џебови, со што ќе се овозможи движење на тешките товарни возила. Со реализација на проектот ќе се скрати трасата за патување меѓу Скопје и Македонски Брод за околу 100 километри. Инфраструктурниот проект ќе овозможи и развој на туризмот во резерватот „Јасен“ и долж вештачкото езеро „Козјак“. Според објавените податоци на веб-страницата на Бирото за јавни набавки, времетраењето на потпишаниот договор е 37 месеци.

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.mk