Претходна статија
ААМ ќе побара ревизија на „Скопје 2014“
Следна статија
Во пораст такси превозот во земјава

„Ескаватори“ ќе ја доврши реконструкцијата на главната улица во Сарај

Објавено на 11.05.2017 во категорија Вести.

 

Градот Скопје ја избра фирмата „Ескаватори-МК“ за реализација на втората и третата фаза од реконструкцијата на главната сообраќајница во Сарај. Со претстојниот зафат ќе се довршат преостанатите 1,2 километри што не беа опфатени со првата етапа од проектот. Градежните работи треба да завршат во рок од пет месеци, со инвестиција од 9,5 милиони денари. Со довршување на проектот во целост ќе се санира коловозот на улицата Сарај на потегот од црквата Св. Злата Мегленска до крстосницата со магистралниот пат кон локалитетот Матка и кон патот Тетово-Скопје.

 

 

Градските власти во изминатиов период работеа на реализација на првата фаза, која опфати менување на асфалтот на потегот од црквата Св. Злата Мегленска до патот што води кон селото Љубин во должина од 665 метри. Овој сегмент од проектот чинеше околу 5 милиони денари, а градежните работи ги изведуваше „Пелагонија“ АД Гостивар.