Претходна статија
Белгиски „Ван Хол“ влегува во „Бунарџик 2“
Следна статија
Споменици на Васил Чакаларов и Христо Узунов за 450.000 евра

Мега – проектот „Era City“ конечно ќе се изгради?

Објавено на 20.06.2012 во категорија Вести.

Огромниот комплекс „Era City“ кај скопскиот саем [»мапа], чија изградба е закочена веќе четврта година, според пишувањето на дневниот весник „Дневник“ сепак ќе дочека реализација. Според неофицијалните информации објавени во весникот, словенечката групација „Ера“ која е сопственик на саемот и на околниот простор на кој треба да никне комплексот, до крајот на месецов ќе потпише договор за партнерство во проектот со турската компанија „Турк мол“.

 

„Era City“ беше промовиран како „град во град“, каде на површина од 165.000 метри квадратни со инвестиција од околу 150 милиони евра требаше да се изградат трговски центри, деловни објекти, катни гаражи, мала когенеративна електрана и бензинска пумпа. Изградбата официјално започна на 1 февруари 2008 година, кога беше поставен камен темелник за деловнa зградa која треба да има 11 надземни и две подземни нивоа и вкупна површина од 33.600 метри квадратни. Околу година и пол подоцна, без поголем видлив напредок во меѓувреме, изградбата на комплексот беше запрена на неодредено време.

 

» Форумска дискусија за овој проект

 

 

Изградба на инфраструктурата (состојба - декември 2008)Изградба на деловниот објект (состојба - јануари 2009)Најавен изглед на деловниот објект