Претходна статија
Започнува реконструкцијата на улицата „Васко Карангелески“ во Аеродром
Следна статија
Италијанско-македонски конзорциум ќе го гради Клиничкиот центар во Скопје

ЕЛЕМ планира задолжување за изградба на втората фаза од ветропаркот „Богданци“

Објавено на 24.04.2017 во категорија Вести.

 

Електрани на Македонија (ЕЛЕМ) планира да постави уште шест турбини со моќност од 2,3 мегавати во ветерниот парк „Богданци“. Државната компанија е подготвена за реализација на втората фаза од изградбата на овој енергетски капацитет, за која ќе биде потребна инвестиција од 24 милиони евра. ЕЛЕМ планира да обезбеди 18 милиони евра од кредитно задолжување, додека останатите средства да бидат осигурани од нејзиниот буџет. Административната и логистичка поддршка за втората фаза од проектот е завршена.

 

 

Од ЕЛЕМ имаат изработено економска анализа и донесено инвестициска одлука за продолжување на проектот. Очекувањата се дека финансирањето ќе го обезбеди германската КфВ банка. Во изминатиов период се инсталирани мерни станици за ветер и се извршени неопходните мерења за определување на потенцијалот за производство на електрична енергија. Од државната компанија посочуваат дека регионот на селата Миравци и Давидово има потенцијал за изградба на нови ветерни електрани.

 

Електрани на Македонија ја заврши изградбата на ветерниот парк „Богданци“ во 2014 година. Овој енергетски капацитет лани произвел 109.458 мегават часови електрична енергија.