Претходна статија
Во Велес ќе се изработува нов Генерален урбанистички план
Следна статија
Архитектите бараат „Гласност“ од владата за новиот Универзитетски клинички центар

ЕЛЕМ планира да гради нова ветерна електрана кај гевгелиското село Миравци

Објавено на 09.02.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

 

Електрани на Македонија ја започнува постапката за оформување на неопходната документација за изградба на нова ветерна електрана кај гевгелиското село Миравци. Како прва фаза од оваа постапка, државната компанија објави оглас за пронаоѓање компанија што ќе го изработи идејниот проект за идниот парк на ветерни електрани „Миравци“. Енергетскиот капацитет би имал вкупна инсталирана моќност од околу 50 мегавати и номинално годишно производство на електрична енергија од околу 127 гигават – часови.

 

*Околината на село Миравци каде би се градела идната ветерна електрана

 

Ветерните турбини би се граделе на јужниот дел од клисурата Демир Капија, на надморска височина од 390 до 700 метри. Проектот би се изведувал во две фази, при што во првичната етапа е предвидено да се издигнат ветерни турбини со инсталирана моќност од 14 MW. Покрај изградбата на ветерните турбини, со идниот проект ќе треба да се предвиди и изведба на пристапни патишта, платформи, 20 киловолтна кабловска мрежа, трафостаница, далековод и приклучок на преносната или дистрибутивната мрежа. На само неколку километри од овој иден енергетски капацитет, веќе четири години успешно функционира ветропаркот „Богданци“.

 

Изработката на идејниот проект треба да се заврши во рок од 45 дена од стапувањето во сила на договорот. Од ЕЛЕМ за оваа фаза од реализацијата на ветропаркот ќе издвојат околу 360.000 денари. Компаниите заинтересирани за изработка на идејниот проект ќе треба да ги достават своите понуди најдоцна до 14 февруари.

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.mk