Претходна статија
Во тек е изградбата на пешачката патека кон Билјанини извори во Охрид
Следна статија
Булеварот Србија пробиен до „последна 24-ка“

ЕЛЕМ ќе изработи основен проект за идната катна гаража во Охрид

Објавено на 15.04.2017 во категорија Вести.

Електрани на Македонија (ЕЛЕМ) распиша оглас за избор на проектантско биро што ќе го изработи основниот проект и неговата ревизија за идната катна гаража во Охрид. Основниот проект ќе се изработи врз основа на идејното решение на Ивана Ралевиќ, која минатата есен ја освои првата награда на архитектонскиот Конкурс. Катната гаража е планирано да се гради кај Центарот за култура „Глигор Прличев“ во центарот на Охрид.

 

 

Објект ќе се простира на површина од 4.500 метри квадратни. Изградбата треба да почне во 2017 година по целосната подготовка на проектната документација. Во овој гаражен објект ќе инвестира државната компанија ЕЛЕМ, а уште една катна гаража во Охрид е планирано да гради Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор (АДСДП).