Претходна статија
Ќе се заштитува архитектурата на црквата во манастирот Трескавец
Следна статија
Наскоро реконструкција на патот од Ропалце до Липково

Ќе се подготви основен проект за Конгресниот центар во Охрид

Објавено на 03.05.2017 во категорија Вести.

 

Распишан е огласот за избор на проектантска куќа што ќе го изработи основниот проект, вклучувајќи ја и неговата ревизија, за Конгресниот центар во Охрид. Проектната документација ќе се изработи врз основа на првонаграденото идејно решение на архитектката Ивана Ралевиќ. Електрани на Македонија (ЕЛЕМ) се јавува како инвеститор во објектот, кој беше најавено дека ќе се гради уште пред една и пол година. Државната компанија за подготовка на основниот проект е предвидено да издвои околу 18 милиони денари. Договорот со проектантската куќа ќе биде со времетраење од 12 месеци.

 

 

Конгресниот центар во Охрид е предвидено да се гради во населбата Далјан. Објектот ќе има голема сала со капацитет од 1.500 до 2.000 седишта и од четири до шест помали сали со капацитет за 200 лица. Проектот ќе се реализира со сопствени финансиски средства на Електрани на Македонија.