Претходна статија
Конкурс на Град Скопје за дизајнирање на урбана опрема
Следна статија
Липково ќе добие водовод, фекална канализација ќе се гради во Лозово и Долнени

Експресниот пат Штип – Радовиш ќе го гради австриски „Штрабаг“

Објавено на 13.02.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Иако беше најавена за првата половина на декември, изградбата на експресниот пат Штип – Радовиш не е започната до денешен ден. Австриската фирма „Штрабаг“ е избрана за најповолен изведувач на градежните работи на меѓународниот тендер организиран од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). Компанијата од Австрија доставила најниска понуда во вредност од 1.734.059.884 денари за изградба на патниот правец во должина од 23,5 километри. На меѓународниот тендер учествувале и четири други компании и конзорциуми, вклучувајќи ги бугарскиот конзорциум составен од фирмите „Агромах ЕООД“ и „Патишта Пловдив“, македонскиот конзорциум на фирмите „Гранит“ и „Бетон“, грчката компанија „Терна“ и кинески „Синохидро“.

 

*Постојниот пат Штип-Радовиш

 

Изведбата на идниот експресен пат Штип – Радовиш треба да заврши во рок од 36 месеци. Станува збор за целосно нова траса на потегот од селото Софилари до клучката Бучим, за кој се обезбедени финансиски средства преку подигнатиот кредит од ЕБОР. Идниот изведувач на градежните работи ќе има обврска и да го одржува патниот правец од клучката Три чешми до клучката Радовиш во период од пет години.

 

Проектната документација за овој експресен пат ја изработи кумановската фирма „Простор“. Идниот патен правец ќе се состои од две коловозни ленти со широчина од по 3,5 метри и две ленти за застанување од по 2 метри.

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.mk