Претходна статија
За седум месеци проработеа 10 нови електрани на обновлива енергија
Следна статија
„Макпетрол“ отвори бензинска станица во тетовско Желино

Две нови пречистителни станици за отпадни води во скопско Волково и Сарај

Објавено на 18.05.2017 во категорија Вести.

 

Заврши изградбата на двете пречистителни станици за отпадни води во населените места Волково и Сарај во Скопје. Објектот „Волково“ веќе е пуштен во употреба, додека објектот „Треска“ допрва ќе се предаде во функција. Двата објекта треба да ги заштитат подземните води во овој дел од Скопскиот регион, но и директно да го намалат загадувањето на водата во реките Вардар и Треска. Овие објекти ќе ги опфатат отпадните води што ги испуштаат околу 30.000 жители од селата Волково, Ново Село, Орман, Кучевиште, Глумово, Шишево и соседните населени места.

 

 

Во пречистителната станица „Волково“ се инвестирани над 6,7 милиони евра како заедничка инвестиција меѓу Градот Скопје, ЈП „Водовод и канализација“, Општина Ѓорче Петров, македонската влада и Центарот за меѓународна соработка и развој на Република Словенија. Градежните работи во изминативе седум години ги изведуваше словенечката компанија „РИКО“. Објектот е планирано да се вклопи во рамки на долгонајавуваната изградба на канализација во овие населени места од Општина Ѓорче Петров.

 

Двата изградени објекта во западниот дел на Скопје се дел од планираниот систем на пречистителни станици во Скопскиот регион. Во наредниот период треба да се изгради ваков сличен објект во населбата Драчево, како и голема пречистителна станица во близина на Трубарево.