Претходна статија
Распишан тендерот за проект за идниот експресен пат Битола - Меџитлија
Следна статија
Конкурс за избор на идејно решение за затворен олимписки базен

Државата ќе подготви проект за изградба на патна обиколница околу Ресен

Објавено на 27.06.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Наместо возилата од државниот пат Битола – Ресен – Охрид да транзитираат низ урбаниот дел на Ресен, во иднина тие би се пренасочиле на планираната обиколница околу овој град. ЈП за државни патишта денеска објави тендер за избор на проектант што ќе ја изготви целосната документација за изградба на обиколница на државниот пат А3. Станува збор за изработка на идеен проект, проект за инфраструктура и основен проект, коишто би биле комплетирани во временски период од 18 месеци.

 

 

Од државниот буџет е проценето дека ќе се исплатат околу 23,5 милиони денари за подготовка на проектната документација за идната обиколница околу Ресен. По нејзиното комплетирање, државата ќе може директно да пристапи кон пронаоѓање финансиски средства за изградба на обиколницата и да трага по изведувач на работите. Од Јавното претпријатие за државни патишта очекуваат понудите од заинтересираните проектанти да се достават најдоцна до 17 август.

 

Идната обиколница околу Ресен ќе го реши проблемот со преоптовареноста на градската улична мрежа на Ресен, која што во моментов се справува и со бројните возила што транзитираат кон Битола и Охрид. Реализацијата на ваквиот инфраструктурен зафат се ветува со години наназад пред граѓаните на Ресен.

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.mk