Претходна статија
Најавени мерки за ублажување на загадувањето во Скопје
Следна статија
ЕЛЕМ ќе вложи 270.000 евра во проекти и истражувања на обновливите извори на енергија

Државата ќе исплати 500.000 евра субвенции за вградени ПВЦ и алуминиумски прозорци

Објавено на 08.11.2017 во категорија Вести.

 

Министерството за економија ќе исплати субвенции во висина од речиси 500.000 евра на граѓаните што вградиле нови алуминиумски и ПВЦ прозорци во нивните домови. На финалната листа се наоѓаат над 1.000 баратели на поврат на дел од инвестираните средства. Граѓаните во наредниот период може да очекуваат на нивните сметки да се префрлат по 500 евра државни субвенции. Главната причина за воведување на овој проект е поттикнување на граѓаните да инвестираат во енергетската ефикасност на нивните објекти. Вградените прозорци во домовите ја намалуваат потрошувачката на енергија во зимските месеци.

 

Јавниот повик за надоместување на дел од трошоците за купени и вградени ПВЦ и алуминиумски прозорци беше распишан кон крајот на јануари годинава. Субвенциите се доделени во согласност со принципот „прв дојден, прв услужен“. Министерството за економија на граѓаните им надомести до 50% од вкупните трошоци за вградување на новите прозорци. Ваквите субвенции за граѓаните се доделуваат за прв пат од страна на државата.