Претходна статија
ФОТО ВЕСТ: Затворениот базен во Охрид веќе две години оставен на темели
Следна статија
Обновата на „Идризово“ недовршена, премиерот згрозен од условите во затворот

Дополнителни 100.000 евра за довршување на реконструкцијата на домот „Гоце Делчев“

Објавено на 11.09.2017 во категорија Вести.

 

Министерството за образование и наука ќе одвои дополнителни 6,7 милиони денари (околу 100.000 евра) за довршување на реконструкцијата на блоковите „В“ и „Г“ на студенскиот дом „Гоце Делчев“. Новиот договор се однесува на непредвидени работи што не биле опфатени во основниот договор за санација и адаптација на овој сместувачки капацитет. Санациониот зафат ќе продолжи и во текот на наредните месеци, а склучениот договор предвидува завршување на целокупниот проект во првиот квартал од 2018 година.

 

 

Со тековниот проект е предвидено во целост да се заврши реконструкцијата на студентскиот дом „Гоце Делчев“. Во изминативе години беа санирани блоковите „А“ и „Б“ од овој објект изграден кон средината на 70-тите години на дваесеттиот век. По неговото завршување, овој капацитет ќе треба да им овозможи на студентите да се сместат во 544 двокреветни, 64 еднокреветни и 54 соби за студенти во брак. Вкупната вредност за реконструкција на блоковите „В“ и „Г“ е во висина од 152.727.047 денари, а градежните работи ги изведува тетовската фирма „НБ Компани“. Архитектот Георги Константиновски е автор на проектот за изградба на студентскиот дом „Гоце Делчев“.