Претходна статија
Прилепскиот стадион „Гоце Делчев“ ќе добие покриени трибини
Следна статија
Охрид ќе добие затворен пазар во центарот

ДОМ бара донесување на закони за урбанизмот во првите 100 дена од новата влада

Објавено на 23.02.2017 во категорија Вести.

 

Демократската обнова на Македонија (ДОМ) на денешната прес-конференција предложи донесување на пакет закони и мерки во урбанизмот во првите 100 дена од формирањето на новата влада. Од ДОМ ќе побараат стопирање и ревизија на сите штетни Детални и Генерални урбанистички планови во општините, но и итно донесување на Закон за зеленило. Од оваа политичка партија ќе предложат воведување на нормативи од 25 метри квадратни зеленило по жител на ниво на град и 10-30% зеленило на ниво на секоја градежна парцела.

 

 

Од партијата на зелените посочуваат дека повторно ќе предложат измени во законите за враќање на функцијата Градски архитект, која би била збогатена со воведување на Совет на градски архитекти. Овие законски измени биле одбиени од претходниот состав на Собранието на Р.М., но тие повторно ќе бидат актуелизирани. Од ДОМ ќе предложат и изработка на нови закони за просторно и урбанистичко планирање и за градење, кои ќе им овозможат реален увид на граѓаните при донесувањето на ДУП-от и ГУП-от и реална можност за нивно влијание врз одлуките што се носат за нивните дворови и непосредна околина.