Претходна статија
150 милиони евра од Светска банка за развој на транспортот на Западен Балкан
Следна статија
Раст на бројката на предвидени станови за градење во текот на октомври

Догодина изградба на жичарница од Козле до Средно Водно

Објавено на 07.12.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Министерството за транспорт и врски догодина ќе ја започне изградбата на втората фаза од жичарницата на Водно. Станува збор за сегментот од Средно Водно до Институтот за белодробни заболувања во населбата Козле, со вкупна должина од 1.600 метри. Со државниот буџет за 2018 година за проектот се предвидени 50 милиони денари. Вкупната вредност на втората секција од жичарницата на Водно се проценува на околу 6,1 милиони евра, без вклучен ДДВ.

 

 

Изградбата на жичарницата би се одвивала неколку години, при што догодина треба да се избере најповолен изведувач и да се отпочнат градежните работи. Проектната документација за оваа фаза од проектот веќе е изработена од австриската фирма „Допелмаер“, и тоа во пакет со останатите две секции од жичарницата. Претходната влада распиша два неуспешни тендера за изградба на овој проект и не успеа да избере изведувач на градежните работи.

 

Проектот за изградба на жичарницата на Водно за прв пат се споменува како идеја во документацијата за постземјотресната обнова на Скопје. Овој проект за Водно се споменува од урбанистите на Обединетите нации, заедно со идејата за уредување на нов голем парк во близина на античкиот локалитет Скупи. Првата секција на жичарницата, на потегот од Средно Водно до Милениумскиот крст, беше пуштена во употреба во јуни 2011 година. 

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.mk