Претходна статија
Заврши реконструкцијата на градинката „Корчагин“ во Центар
Следна статија
И по пет години од почетокот на изградбата, Карпош нема општинска зграда

До есенва ќе биде завршена пешачката патека кон Билјанини извори

Објавено на 10.08.2017 во категорија Вести.

 

Изградбата на пешачката патека кај каналот Студенчишта во Охрид е во завршна фаза. Општинските власти информираат дека проектот ќе биде ставен во функција до септември годинава. За уредувањето на просторот од Центарот за обуки на вода до Билјанини извори се инвестираат 20 милиони денари. Проектот опфаќа камен пешачки дел на патеката со ширина од 4 метри, зелен појас и велосипедска патека со ширина од 2 метри, а должината на патеката е 600 метри. Општинските власти сметаат дека со зафатот ќе се реши барем делумно проблемот со недостиг на марина во Охрид, нагласувајќи дека поставените дрвени колци ќе служат за прикачување на пловните објекти.

 

*Извор на фотографија: Општина Охрид

 

Покрај поплочувањето на патеката, општината во склоп на проектот ќе изгради два дрвени моста и видиковци на околниот простор. Градежните работи на терен ги изведува охридската фирма „Бифора инженеринг“.