Претходна статија
Раст од 43,7% кај бројката на предвидени станови за градење
Следна статија
Град Скопје со 5 милиони евра ќе го „опаметува“ уличното осветлување

Демир Капија продава седум градежни парцели на приватни инвеститори

Објавено на 07.07.2017 во категорија Вести.

 

Локалните власти од Демир Капија распишаа оглас за продажба на градежно земјиште на три локации на територијата на оваа општина. Станува збор за седум градежни парцели со површина од 460 до 67.893 метри квадратни. Во индустриската зона „Попова Кула“ се нудат три парцели за изградба на објекти од лесната и незагадувачка индустрија. Долж магистралниот пат Скопје-Гевгелија се огласени на продажба две локации наменети за индустриски капацитети, а ист број на парцели за изградба на куќи се нудат на локалитетот Дошница.

 

Почетната цена на градежното земјиште изнесува 61 денари за метар квадратен. Општина Демир Капија ги очекува пријавите од заинтересираните понудувачи најдоцна до 9 август. Електронското јавно наддавање ќе се одржи на 11 август.