Претходна статија
Македонија доби грант од 70 милиони евра за пругата кон Бугарија
Следна статија
Од „Александар Велики“ ќе се лета кон Малта, Рим и Векше - Шведска

„Чакар-партнерс“ ќе работи на проект за реконструкција на автопатот Катланово – Петровец

Објавено на 14.07.2017 во категорија Вести.

 

Во рамки на подготовките за претстојната реконструкција на автопатската делница Катланово – Петровец, Јавното претпријатие за државни патишта го потпиша договорот за изработка на проектната документација. Овој сегмент од Коридорот 10 ќе се доведе на ниво на стандарден автопат, а ќе се рехабилитира и коловозот. За изготвување на проектната документација е избрана фирмата „Чакар-партнерс“ од Скопје. Времетраењето на потпишаниот договор е 12 месеци, а вредноста 9.440.000 денари.

 

 

Одредени сегменти од автопатот Катланово – Петровец не се реконструирани подолг временски период. За оштетениот дел до патот треба да се објави тендер за избор на изведувач на градежните работи, но по завршувањето на фазата за проектирање.