Претходна статија
Ќе се работи на проектна документација за експресен пат Битола - Меџитлија
Следна статија
Ќе се забрза изградбата на автопатот Кичево - Охрид во наредниот период

Булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ ќе се продолжи до скопската обиколница

Објавено на 08.06.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

 

Градот Скопје го објави тендерот за избор на изведувач што ќе ја гради втората фаза од продолжувањето на булевар „Христијан Тодоровски Карпош“ кон општина Бутел. Оваа исклучително важна етапа ја вклучува изградбата на сообраќајницата на потегот од улицата „Натаниел Кучевишки“ до скопската обиколница. Станува збор за изведба на модерна сообраќајница со шест коловозни ленти, велосипедски и пешачки патеки, за кои е проценето дека ќе се одвојат над 180 милиони денари од градскиот буџет. Изведбата на втората фаза ќе овозможи растеретување на сообраќајниот метеж од улицата „Бутелска“ и побрза патна врска до центарот на Скопје за жителите на населбите Бутел 1, Радишани и околните населени места.

 

 

 

Заинтересираните градежни фирми имаат рок до 28 јуни за да ги достават понудите за учество на овој тендер. Главен критериум за доделување на договорот на најповолниот понудувач е доставената најниска цена. Рокот за изведба на втората фаза од изградбата на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ е 18 месеци. Основниот проект за оваа скопска сообраќајница го изработи фирмата „ГЕОМАП ДИЗАЈН“ од Скопје.

 

Продолжувањето на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ кон општина Бутел започна на почетокот на декември 2015 година, со ветување за изведба на трасата измеѓу булеварот „Босна и Херцеговина“ и улицата „Натанаил Кучевишки“. Првата фаза од овој проект е речиси целосно реализирана и во претстојниот период треба да се пушти во употреба.

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.mk