Претходна статија
ФОТО ВЕСТ: „Барокот“ надвисна над фасадите во центарот на Скопје
Следна статија
„Тинекс“ гради логистичко - дистрибутивен центар во општина Петровец

Булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ се продолжува кон Бутел

Објавено на 05.12.2015 во категорија Вести.

#Скопскиот градоначалник Коце Трајановски денеска го означи почетокот на изградбата на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“, на потегот од крстосницата со булеварот „Босна и Херцеговина“ до после крстосницата со улицата „Натанаил Кучевишки“. Првата фаза од инфраструктурниот проект предвидува изведба на сообраќајница со шест коловозни ленти, велосипедски и пешачки патеки, како и средишно зеленило во должина од 1.000 метри. Со втората фаза, булеварот дополнително ќе се продолжи и ќе се поврзе со скопската обиколница, поточно со клучката „Бутел“. Вкупната ширина на новата сообраќајница ќе изнесува 40 метри. Во рамки на проектот ќе биде поставена и нова водоводна мрежа, атмосферска канализација, фекална канализација и улично осветлување.

 

„За реализацијата на првата фаза на овој капитален проект, Град Скопје ќе издвои 160 милиони денари или околу 2,6 милиони евра, додека градежните работи ќе траат 13 месеци“, изјави градоначалникот Коце Трајановски. Градските власти за експропријација и расчистување на имотно – правните односи на трасата за двете фази од проектот издвоија дополнителни 1,6 милиони евра. Со продолжувањето на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ ќе се отвори нова сообраќајна артерија за жителите на населбите Радишани, Бутел и околните места кон центарот на Скопје, а примарната градска сообраќајна мрежа ќе добие уште една врска со скопската обиколница.

 

 

» Форумска дискусија за булеварот Христијан Тодоровски Карпош