Претходна статија
Приказната на Кнауф – 80 години синоним за квалитетна градба низ светот
Следна статија
Фоторепортажа: Урбаните аномалии на главниот град

Величествениот Баљшој театар реконструиран со материјалите на Кнауф

Објавено на 23.03.2012 во категорија Блог.

Основан од страна на царицата Екатерина II на 26 март 1776 година, Баљшој театарот претставува една од најмаркантните културни институции препознатливи на љубителите на врвните оперски и балетски дела. Денешната зграда во која е сместена најпрестижната руска културна икона е завршена во 1825 година по проект на архитектот Андреј Михаилов. Величественото здание досега е три пати целосно реконструирано. По првата реконструкција која следела по катастрофалниот пожар во 1853 година, театарот бил оштетен и во текот на Втората светска војна, па после завршувањето на војната е одлучено да се изврши детална реконструкција на целиот објект.

 

Баљшој ТеатарБаљшој ТеатарБаљшој Театар

 

 

Поради бројните пропусти во санацијата пред шест децении и незавидната состојба во која се наоѓаше, на 2 јули 2005 година започна најопсежната реконструкција во историјата на оваа препознатлива културна установа. Во јули 2009 година во проектот за обнова се приклучи групата „Сумма“, чиј основач Зијавудин Магомедов се јавува и како управник на театарот. Бројките поврзани со капиталниот градежен проект се спектакуларни. Секојдневно во објектот работеа 3.500 професионалци, од кои речиси 1.000 беа реставратори. Надвор од театарот работеа дополнителни 1.000 стручњаци за завршување на големата реконструкција. Целиот проект чинеше 21 милијарда рубљи или 680 милиони долари.

 

Knauf RotbandБаљшој ТеатарБаљшој Театар

 

 

Една од замислите подразбираше научна реставрација на ентериерот и надворешниот изглед на театарот, но клучната корекција кај зданието претставуваше продлабочувањето на подземниот простор, кој денес претставува подземна сцена која се простира на само 30 метри над московското метро. Главниот предизвик при целокупниот процес на реновирање беше зачувувањето на историската препознатливост на објектот како споменик на архитектурата. До започнувањето на реконструкцијата, вкупната површина на театарот изнесуваше 30.300 метри квадратни, а по завршувањето на обемните работи истата се искачи на 72.000 метри квадратни.

 

За време на работите...Баљшој ТеатарБаљшој Театар

 

 

При изведувањето на целокупниот зафат, внимателно се избираа квалитетни градежни материјали од врвните светски производители. Во Баљшој театарот беше вграден спектар на производи од германската компанија Кнауф, како материјали за сува градба, така и суви градителски смеси. Материјалите на Кнауф се применети во главниот театар, но и во помошните простории сместени на подземните 6 спрата. Во фоајето на културната установа, на таваните на сите нивоа се вградени Кнауф гипсени плочи. При облагањето на просториите со керамогранитни плочки се употребуваа популарните Кнауф лепила „Flexkleber“ и „Fliesenkleber“. Во рамките на објектот се применија различни материјали, како кит, така и малтер од програмата на Кнауф.

 

За време на работите...Баљшој ТеатарБаљшој Театар

 

 

Особена улога во дизајнот на Баљшој театарот одигра еден од најпрепознатливите производи на Кнауф на европскиот пазар – Ротбанд, врзивен глет малтер кој наоѓа примена во објекти со различна големина и кај различни видови подлоги, вклучувајќи го и бетонот. Материјалот Ротбанд е особено популарен кај амбициозните индивидуи кои самостојно планираат реновирање или доградба на сегменти од домот или работната просторија, бидејќи се карактеризира со едноставна и брза подготовка на самата смеса.

 

Во подземните делови на културната установа беа вградени Кнауф преградни системи за одделување на сцените, салите за проба, соблекувалните и службените простории. При реконструкцијата на најпознатиот руски објект од областа на уметноста, беа искористени 40.000 метри квадратни од различните модификации на Кнауф гипсените плочи и околу 15 километри од Кнауф профилите. Во зданието беа вградени 40 тони суви градежни смеси, како гипсени, така и цементни.

 

По шестгодишната детална реконструкција, на 28 октомври 2011 година со свечен гала – концерт започна новата епоха на вечно младиот Баљшој театар. Операта „Руслан и Људмила“ на славниот руски композитор Михаил Глинка ја имаше несекојдневната чест да биде првото дело изведено на редовниот репертоар на историската сцена. Кнауф како компанија е задоволна што придонесе во обновата на зданието кое претставува културно наследство на Русија, но и синоним за врвни уметнички дела во меѓународни рамки.