Претходна статија
Врвниот фудбал инспириран од прекрасната „Алијанц арена“
Следна статија
Градителските чуда од Олимписките игри во Лондон

Животот остава траги… Добро е што постои Ротбанд

Објавено на 22.07.2012 во категорија Блог.

Rotband - едноставен и практичен, како за професионалците, така и за почетницитеМалите градежни зафати во домот немаат време за чекање на договори, преговори и потрага по мајстори за кои непотребно би се потрошиле финансиски средства. Кога ќе се појави проблем, потребно е да се дејствува сега и веднаш, за да се подобри функционалноста и удобноста во животното катче. Денес секој доколку е желен може да си ги испроба градителските способности и сам и по сопствена мерка да си ја уреди просторијата. Квалитетните и супериорни градежни материјали се присутни за да им ја олеснат работата на индивидуите кои немаат професионално градителско искуство, но и да им бидат сигурен и верен придружник при развојот на посакуваната кариера на градежниците. Knauf Rotband е продукт – првенец помеѓу градежните материјали при изведба, надградба или реконструкција на секој внатрешен простор.

 

Rotband - едноставен и практичен, како за професионалците, така и за почетницитеГраѓаните од цела Европа го именуваат сосема едноставно – „Семоќен“. Во Германија овој производ претставува најпопуларен бренд на компанијата Кнауф помеѓу обичните граѓани, достапен во секое продажно место за градежни материјали. Константниот раст на продажбата и довербата во високиот квалитет овозможи Knauf Rotband да се искачи на самиот врв на препознатливи брендови во областа на градежништвото на пребирливиот европски пазар. Магијата на Knauf Rotband е во неговата едноставна употреба и одличните својства што ги поседува, со што тој може да се ползува не само од искусните градители, туку и од неимарите – почетници, кои сакаат самите да се справат со помалите градежни зафати.

 

Mалтерите не биле отсекогаш достапни како спремни за употреба суви малтери, какви што ги знаеме денес. Напротив, тие биле индивидуални и често неурамнотежени смеси со различни состојки. Со такви малтери не можело да се смета на постојан квалитет. Затоа во Кнауф пред повеќе од половина век дојдоа до идејата, фабрички да подготват пред-мешан прашкаст малтер, на кој само треба да се додаде вода и да се измеша. Но не секој обид успевал, заради брзото и често променливо врзување на гипсот. Конечно тие го откриле толку бараниот „забавувач“ односно инхибитор на реакцијата, кој според неговиот пронаоѓач г-дин Ален бил наречен „Alenal“. Тоа всушност била тајната која конкуренцијата долги години не успеала да ја пронајде. Оттогаш е можно да се обработуваат поголеми површини – полесно, побрзо и со воедначен квалитет.

 

На македонскиот пазар производот може да се купи во стандардна вреќа од 30 килограми и во практично пакување од 5 килограми за помали изведбени зафатиKnauf Rotband е еднослоен гипсен врзивен малтер со специјални додатоци за малтерисување и глетување на површини. Калциум сулфатот или популарно познат како природен гипс претставува главна состојка на Knauf Rotband, со удел од преку 85% од содржината на производот. Специјалните додатоци во смесата овозможуваат подобро врзување со бетонот како подлога. Малтерот служи за внатрешна употреба при обработка на тавански и ѕидни површини во просториите. Внимателно избалансираниот состав и добрите својства на производот го овозможуваат неговото нанесување на сите видови подлоги. Особено е погоден за обработка на бетонски плафони и ѕидни површини, за готови бетонски делови и за просториите со вообичаена влажност, како што се бањите и кујните. Се употребува при зафати врз сите малтерисани површини со цементен, цементно – варовен или гипсен малтер, како и врз гипсени и гипсфазер плочите на Кнауф.

 

Историска амбалажа на производот - Rotband годинава го слави својот 50-ти роденденВрвните својства што ги поседува и довербата која ја гради во изминатите 50 години откако е присутен на пазарот, постојано усовршуван од страна на стручњаците во Кнауф, го прават Rotband лидер помеѓу конкурентските производи. Тој е лесен за употреба без потреба од додавање на останати додатоци пред користење. При изведбата на површините малтерот се работи рачно, избегнувајќи ја потребата од користење на градежни машини. Малтерот се карактеризира со долготрајна обработливост, што претставува одлично својство при неговата употреба од страна на аматери кои за прв пат ги пробуваат своите градителски вештини.

 

Rotband - едноставен и практичен, како за професионалците, така и за почетницитеБлагодарејќи на иновативната технологија на микро-перли, отпорен е на притисок, гребење, ковање и удари. Подготвената смеса се карактеризира со еластичност што помага при нејзиното нанесување и обработка на предвидената површина. Knauf Rotband е производ кој е идеален за пополнување на дупки и пукнатини на површините, но и за совршено израмнување на мали нерамнини до 2 милиметри. По нанесувањето, малтерот рамномерно се суши по целата површина. Најбитната карактеристика е облагородувањето на животното катче со тоа што малтерот ја регулира климата, пропуштајќи ја водената пареа и создавајќи удобност во просторијата.

 

Rotband - едноставен и практичен, како за професионалците, така и за почетницитеМожноста Knauf Rotband да го употребуваат истовремено професионалци и почетници произлегува најмногу од исклучително едноставниот начин на подготовка на смесата. Во околу 20 литри чиста вода се истура една вреќа од Knauf Rotband и без дополнителни додатоци се меша со електрична мешалка или рачно додека не се добие рамномерна смеса без грутчиња. Малтерот може да се нанесува и порамнува во наредните 20 минути, потоа благо се наквасува сунѓерестата папуча, со неа се филца површината со кружни движења и се глетува. Времетраењето на неговата обработливост е од 60 до 90 минути, во зависност од подлогата на која се поставува.

 

Пред да се нанесе на површината, таа треба да биде без прашина и без оштетени делови, а евентуалните нерамнини треба да се пополнат. Важно е да се напомене дека не треба да се малтерисува на замрзната подлога. Дебелината на нанесување е од 5 до 50 милиметри. Средна дебелина на малтерот изнесува 10 милиметри. Со користење на овој производ на Кнауф доволно е поставување на само еден слој на површината предвидена за малтерисување и глетување.

 

Knauf Rotband е лесно достапен материјал во малопродажната мрежа низ Македонија, истиот може да се набави во помалите и поголемите продажни места за градежни материјали и баумаркети. На македонскиот пазар производот може да се купи во стандардна вреќа од 30 килограми и во практично пакување од 5 килограми за помали изведбени зафати. Со овој иновативен производ на Кнауф секој ентузијаст може да навлезе во тајните на градителската пракса и на извонредно лесен начин да си го уреди домот исполнувајќи ја посакуваната замисла.