Претходна статија
Кнауф мисија: поблиску до градителите!
Следна статија
Кнауф Дијамант - највредниот скапоцен камен во круната на сувата градба

Со Кнауф, малтерисувањето е едноставно и брзо

Објавено на 31.10.2012 во категорија Блог.

Импозантните објекти бараат напорна работа, огромни знаења и финансиски средства за да се изведат во согласност со очекувањата на инвеститорите. Изборот на иновативни градежни материјали, засновани на современа технологија и висококвалитетни суровини е клучната алка за успешни резултати при реализацијата на проектите. Процесот на малтерисување претставува круцијална етапа која се спроведува на големи површини и вклучува максимално ангажирање на изведувачите. Германскиот производител Кнауф на посветените визионери за беспрекорни проекти им ги препорачува машинските малтери од својата палета на градежни материјали, со цел задоволување на високите критериуми кои се поставуваат при изведбата на модерните градби.

 

Зошто машински малтер?

 

#Кнауф на македонскиот пазар нуди градежни материјали кои заштедуваат финансиски средства и работна рака, ја зголемуваат ефикасноста и експедитивноста при изведбата на нови или реконструкција на постоечките градби. Предноста на гипсените глет – малтери во споредба со класичниот малтер е во бројот на етапи што се потребни да се реализираат за заокружување на процесот на малтерисување. Машинските малтери Кнауф MP75 и Кнауф MP75 L се препознатливи производи кои овозможуваат малтерисување во еден чекор на која било површина, за разлика од четирите долготрајни етапи кои се карактеристични за класичниот начин на малтерисување. Еднослојното нанесување на припремената смеса се завршува за само еден работен ден, без одделно да се изведуваат фазите на малтерисување и глетување на подлогата. Идеалната мазна и рамна површина е погодна за натамошна обработка, како што е лепењето на тапети и керамички плочки или пак за финално молерисување.

 

Брзината на изведба при процесот на малтерисување претставува суштинска предност на материјалите на Кнауф во однос на конкуренцијата. Машинските глет – малтери на Кнауф се особено ценети од изведувачите на големите градилишта, како што се станбени згради, училишта, болници, деловни и комерцијални објекти, спортски арени, хотели и образовни институции, каде што завршувањето на просториите со површина од илјадници метри квадратни е стриктно вкалкулирано во ограничен временски рок на реализација. Показател за докажаната брзина на Кнауф се податоците за ефикасност во текот на просечен работен ден, во кој стандардна екипа од пет работници може да малтериса простор со големина и до 200 метри квадратни, употребувајќи го машинскиот начин на работа.

 

PFT МашинаЗаштедата на време со машинските глет – малтери на Кнауф може да се пресмета и преку моделот на подготовка и нанесување на припремената смеса. Со употреба на специјализираните PFT машини за припрема на фабрички подготвениот материјал со вода, се завршуваат целокупните активности за пет до шест пати пократко во споредба со рачното малтерисување. PFT машините ја транспортираат припремената смеса со помош на црева во височина и до 30 метри, со што се заштедува огромно време за транспортот на малтерот до подлогата за нанесување. Кнауф претставува синоним за едноставна и брза реализација на зацртаната задача.

 

Финалните површини создадени со употреба на глет – малтерите Кнауф MP75 и Кнауф MP75 L се одликуваат со висока еластичност, површинска цврстина, добра обработливост и обезбедуваат мазни површини. Вградувањето на гипсот, земајќи ја во предвид парадифузноста како негова карактеристика, им овозможува на ѕидовите да „дишат“ и со тоа да придонесуваат во регулацијата на релативната влажност на воздухот во просториите во текот на различни годишни времиња. Гипсот како природен и здрав материјал во својот хемиски состав содржи молекули на вода, но и се одликува со впивливост на вишокот на влага во просторијата во текот на врнежливите периоди од годината. Од друга страна, во екот на летните горештини, гипсот ја нормализира енормно ниска влага во воздухот, придонесувајќи за благопријатна клима која му годи на човекот.

 

Економичноста на машинските малтери на Кнауф се значајна придобивка за градителите. Фабрички подготвената смеса од 100 килограми е еквивалентна на 125 литри готов малтер за нанесување на подлогата. При средна дебелина на малтерот од 10 милиметри, потрошувачката за изработка на 1 милиметар на метар квадратен изнесува 0,8 килограми смеса. Обработката на Кнауф малтерите се врши при надворешни температури кои се движат од 5 до 25 степени, со примена на дополнителни процедури за гарантирање на пропишаните својства, доколку висината на температурата на градилиштата не соодветствува со ваквите температури. Малтерисаната површина се суши во период од 10 до 14 дена, во зависност од годишното време во кое се изведуваат активностите.

 

Фази во малтерисување со Кнауф машинските малтериФази во малтерисување со Кнауф машинските малтериФази во малтерисување со Кнауф машинските малтериФази во малтерисување со Кнауф машинските малтери

 

 

Машинските глет – малтери на компанијата Кнауф претставуваат материјали кои се наменети за малтерисување на различни простории и разновидни површини во објектите. Универзалноста на производите овозможува нивна употреба од подрум до кров – идеални се за ѕидни површини и тавани, одлично се нанесуваат на суви и носиви подлоги, како што се цигли, бетон, сипорекс и слично. Огноотпорноста на гипсот и молекулите на вода што ги содржи како природен минерал овозможуваат непречена употреба на глет – малтерите при изведба на кујни или бањи. Минималниот растур на материјалот, брзото стврднување, отпорноста на гребење и ковање, како и можноста за натамошна обработка на површината се главните причини за нивната континуирана побарувачка од страна на изведувачите на градежните активности.

 

Машинските малтери Кнауф MP75 и Кнауф MP75 L меѓусебно се разликуваат, со цел максимално да се задоволат различните барања на бројните потрошувачи. Производот Кнауф MP75 е препорачлив за реализација на објекти со барања за поголема цврстина, како на пример скалишен простор или магацини и други технички објекти. Наспроти него, Кнауф MP75 Light содржи специјални лесни додатоци, зголемено присуство на адитиви и перлит во фабрички подготвената смеса и се одликува со намалена потрошувачка од 20 отсто во споредба со Кнауф MP75. Ваквата штедливост на материјалот е особено важна при изведба на поголеми објекти, каде што се олеснува транспортот на материјалот до градилиштето и се вградуваат помали количества од него во просториите. На македонскиот пазар во моментов се нудат пакувањата на Кнауф MP75 од 40 килограми и на Кнауф MP75 L од 30 килограми, со кои може да се малтериса површина од 3,5 до 4 метри квадратни при нанесување на еден слој со средна дебелина од 10 милиметри.

 

Процесот на малтерисување со машинските малтери на Кнауф е извонредно едноставен. Најпрвин се започнува со обеспрашување на основата – сувата подлога на која треба да се нанесе малтерот. Во зависност од својствата на подлогата на која се нанесува смесата, следува употребата на премази за слабо или многу впивливи подлоги. За густи и лошо впивливи подлоги, како што се бетонските површини, се препорачува премазот Кнауф „Betokontakt“ како врвен контактен слој. Доколку се нанесува малтерот врз сипорекс или литунг, тогаш за редуцирање на впивливоста треба да се употреби премазот Кнауф „Grundiermittel“. Во функција на разделување на двата различни градежни материјали, во следната етапа се поставува арматурната мрежа.

 

Паралелно со припремата на површината, глет – малтерот се додава во PFT машина и се меша со вода за да се добие потребната смеса. По неговата едноставна подготовка, малтерот се шприца под притисок со црева до локацијата на нанесување. На подлогата се нанесува еднослојно во хоризонтална насока, од горе кон долу. Потребната дебелина на малтерот се постигнува со негово развлекување на површината со употреба на т.н. профилна летва. За добивање на идеална рамна површина се користи трапезна летва. Следува лесно навлажнување на површината и нејзино филцање со кружни движења со сунѓереста папуча, откако поставениот малтер хемиски ќе се сврзе со водата. Во финалната фаза, пред да стврдне, малтерот се глетува со што се добива мазна површина. Целокупната фаза на малтерисување се одвива во период од 3 и пол до 4 часа.

 

Подтрибинскиот простор на северната трибина на Националната аренаГипсените глет – малтери од програмата на Кнауф наоѓаат широка примена кај македонските градежни компании. Нивното вградување е особено застапено во станбените објекти кои се изведуваат на целата територија на државата, а меѓу дел од стандардните корисници се вбројуваат и: Акционерското друштво за станбен и деловен простор од значење за Републиката (АДСДП), Настел, Жикол, Ремис, Тим инженеринг, Колбико, Бонор инженеринг, Фарха, Тар инженеринг и многу други, кои во своите проекти за колективно домување ги употребуваат машинските малтери Кнауф MP75 и Кнауф MP75 L. Материјалите со перфектни својства се редовни состојки и на бројни македонски сместувачки капацитети, како што е случајот со хотелот Принцес Краун во Гевгелија. И најголемите зданија, како што е фудбалската арена „Филип II Македонски“, претставуваат проекти во кои Кнауф MP75 и Кнауф MP75 L целосно ги задоволиле барањата, а инвеститорите и градежните компании го направиле вистинскиот избор.

 

Детската градинка „Нова“Цврст показател за гарантираната сигурност и беспрекорните својства на малтерите е нивната употреба во образовните институции низ земјава, како што е приватната детска градинка во рамките на училиштето „Нова“. Во развиените западноевропски држави е задолжителна употребата на гипсените малтери во училишните објекти, поради природните својства на гипсот како материјал и неговата идентична pH вредност со човековата кожа. Гипсените глет – малтери на Кнауф се вистински избор за квалитетна, брза и економична градба. За добри проекти е потребен доверлив производител на градежни материјали. Машинските малтери на Кнауф нудат пријатна атмосфера за работа на професионалците и удобен животен простор за крајните корисници на објектите.