Претходна статија
Монтер за сува градба, професија со убава иднина
Следна статија
Благодетите што гипсот му ги нуди на современиот човек

Реконструкција на ул. Димитар Влахов

Објавено на 21.05.2012 во категорија Блог.

Откако го потпишавме договорот за реконструкција на улици во Кочани почнавме со работа на терен. Приоритетна улица беше улицата на влезот во Кочани, на која поради дотраениот асфалт и поради обилните врнежи од снег и дожд се отворија големи ударни дупки кои претсавуваа вистински проблем.

 

Со вадење (гребење) на стариот асфалт започнавме на 22.04.2012 година. Гребењето се одвиваше во 2 етапи – прво го гребевме делот од раскрсницата со Глигиор Апостолов Гочо до раскрсницата со Иво Лола Рибар, а потоа го гребевме од влезот до раскрсницата со Глигор Апостолов Гочо.

 

гребење на асфалт

 

гребење на асфалт

 

гребење на асфалт

 

Отако целата површина беше изгребана поминавме на чистење и перење на коловозот (прирпема за асфалтирање). Најпрвин рачно се отстрануваат делови од асфалт што останале не изгребани, потоа се обезпрашува (мете) коловозот со машина, рачно се чистат некои делови што не ги фаќа машината, се собира шутот и коловозот се пере со вода. Пред асфалитрање коловозот се прска со битуменска емулзија за да подобро се врзе стариот со новиот слој од асфалт.

 

Асфалтирањето го завршивме на 29.04.2012 година. Асфалтиравме на ,,споеви,, или прво едната лента па после другата иако имаше можност да се асфалтира на цело, целата улица од еднаш. На улицата имаше воведено посебен сообраќаен режим, возилата се движеа само по едната лента, а за товарните возила движењето беше забрането.

 

асфалтирање

 

асфалтирање

 

асфалтирање

 

асфалтирање

 

асфалтирање

 

асфалтирање

 

асфалтирање

 

асфалтирање

 

асфалтирање

 

финален изглед

 

финален изглед

 

финален изглед