Претходна статија
Фоторепортажа: Урбаните аномалии на главниот град
Следна статија
Монтер за сува градба, професија со убава иднина

Фасадата е огледало на душата на секое здание

Објавено на 19.04.2012 во категорија Блог.

Исполнувањето на мерките за енергетска ефикасност не се веќе само добра желба и иницијатива на авангардните и свесни индивидуи во општеството, туку постануваат и задолжителна обврска при изградбата на било каков објект или при реконструкцијата на постарите зданија во Македонија. Една од скопските општини веќе донесе „Правилник за мерките за енергетска ефикасност“ , обврзувачки документ што ќе треба да го исполнат сите субјекти што планираат да градат на нејзина територија. Во наредните месеци се очекува изгласување на идентичен правилник и на ниво на Македонија, а во завршна фаза е и националната програма за енергетска ефикасност во јавните згради во земјава.

 

Исполнувањето на критериумите за енергетска ефикасност бараат стриктни стандарди при изведбата на конкретен објект. Инвеститорите е потребно да приложат елаборат за градежна физика, како доказ за задоволување на границите за потрошувачка на енергија кај градбата. При изведбата на една зграда од исклучително значење е предвиденото количество енергија што во моментот се користи или е проценето дека ќе се употребува во насока на задоволување на потребите на домаќинствата или работните организации во објектот.

 

За комплетно задоволување на сите барани параметри, од суштествено значење е внимателното одбирање на состојките што ќе се вградат во објектот, со особен осврт на неговата фасада како клучен предуслов за зачувување на топлинската енергија во внатрешноста на една просторија. Донесувањето исправна одлука за избор на висококвалитетни градежни материјали при изведба на нова или реконструкција на постоечката фасада води кон исполнување на законските норми пропишани од надлежните институции, но и кон вистинска заштеда на енергија и гарантирано топли простории. Германскиот производител „Кнауф“ нуди богата палета на градежни материјали со кои може да се изведе нова или да се обнови стара фасада, при тоа задоволувајќи ја креативноста и сонот на секоја индивидуа околу финалниот надворешен изглед на семејното катче или работната просторија.

 

 

Кнауф фасадни системи
Кнауф фасадни системи

* Кнауф фасадни системи

 

 

Заштедата на финансиски средства преку зачувувањето на енергијата во домот е најсилната карактеристика на Кнауф фасадните системи. Актуелните бројки поврзани со потрошувачката на енергија за затоплување на објектите во Македонија се алармантни. Како општество користиме два и пол пати повеќе енергија за загревање на градбите во споредба со земјите од Западна Европа. Вградувањето на термоизолација на надворешните ѕидови може да доведе до заштедување и до 60% од енергијата што ја плаќаме од семејните приходи или од буџетот на компанијата. Вложените пари во енергетска ефикасност се паметна инвестиција идентична на купувањето на акции на берза. Треба време, но плановите секогаш се остваруваат. За само четири години по изведбата на новиот термофасаден систем можете да си го повратите она што сте го платиле, а модерниот надворешен изглед на објектот верно ќе ве опслужува во годините што следуваат.

 

Топлите простории со Кнауф фасадните системи секогаш носат додадени вредности во животот на храбрите индивидуи. Термофасадата овозможува висока заштита на објектот од секојдневните непријатни звуци во околината, кои предизвикуваат немир и стрес во животната средина. Бучавата од густиот сообраќај, гласната музика од ноќните кафулиња или жестоките расправии на комшиите во зградата се работите за кои само ќе се сеќавате како непријатност од минатото. И најважното, Кнауф камената волна во фасадата на објектите означува и сигурна заштита од пожар, бидејќи се работи за материјал кој го спречува ширењето на истиот и не допринесува за негово распламтување.

 

Недостигот на квалитетна топлинска изолација доведува до низа проблеми поврзани со ѕидовите од просториите. Во екот на зимата се јавува исклучиво негативен феномен на т.н. ладни ѕидови, при што температурата на површината од надворешните ѕидови е значително пониска од онаа во просторијата, чија оптимална температура би требало да изнесува помеѓу 19 и 21 степени, што доведува до непријатно струење на воздухот околу ѕидот. Ладните ѕидови ја зголемуваат потрошувачката на енергија во домаќинствата која е потребна за греење, а истовремено и покрај нивната цврстина не претставуваат препрека за одавањето на топлината кон надворешната околина. Во летните месеци пак доаѓа до зголемување на потрошувачката на енергија која е потребна за ладење на објектите, токму поради невградената изолација на фасадата.

 

Човековото здравје е најскапоцената работа за кое сите ние се грижиме. Имплементирањето на Кнауф термофасадните системи претставува дефинитивно надминување на проблемите поврзани со здравствените проблеми, предизвикани од егзистирањето на нездрава микроклима во просториите и од непријатниот мирис во истата. Надградбата на фасадата од објектот означува надминување на континуираните потешкотии поврзани со површинската кондензација на водена пареа на ѕидовите, појава на мувла на ѕидовите и други естетски проблеми, кои најчесто се обидуваме да ги решиме со едноставно премачкување со боја.

 

 

Холандската амбасада во Скопје

 

Холандската амбасада во Скопје

* Холандската амбасада во Скопје

 

 

Искуството во изработката на новиот надворешен изглед на зданието е одлучувачка компонента при изборот на производи за изведба од страна на секој човек. Компанијата Кнауф на македонско тло е првенец во имплементирањето на термоизолациски фасадни системи. На висококонкурентниот домашен пазар веќе успешно пенетрираше преку реализација на разновидни фасади на препознатливи градби, а помеѓу останатите од извонредно значење би било да се споменат термофасадните системи на угледниот и репрезентативен објект на Амбасадата на Кралството Холандија во Македонија, новата станбена зграда на компанијата „Зипинг“, како и седиштето на Собранието на Република Македонија.

 

Како визионер во развојот на иновативни продукти во градежништвото, германскиот производител нуди опсежна палета на материјали за изведба на идеални фасадни системи. Да започнеме со изолациските материјали, како што е камената волна или стиропорот (EPS). Програмата на Knauf Insulation, нуди широк избор на камена (FKD – S, KR DP – 9 Lam, KR L, KR P, KR PVF), стаклена (TP 435 B, TP 430 KD) и најновата минерална волна со ECOSE технологија за надворешно обложување на објектите. Едно од одличните препорачани решенија е изборот на плочи или ламели од камена волна, кои обезбедуваат задржување на топлинската енергија во внатрешната просторија, перфектна звучна изолација од секојдневниот надворешен метеж, но и загарантирана сигурност од пожари.

 

 

Кнауф изолациони материјали

* Кнауф изолациони материјали

 

 

Во зависност од тоа кој изолациски материјал ќе се одбере, на располагање се различни производи за целосна имплементација на перфектна фасада. Knauf Styrokleber е малтер за лепење на плочи од стиропор, Knauf Klebespachtel е малтер за лепење на плочи од стиропор, армирање и глетување, додека Knauf Klebespachtel M е материјал кој е наменет за лепење на плочи и ламели од камена волна, армирање и глетување. Материјалите се нанесуваат на подлогата на фасадата со еден слој пред поставување на изолацијата и двослојно по нејзиното вметнување. Пред изведувањето на завршен фасаден слој, се нанесува и премазот Knauf Putzgrund Fassade за минерални, акрилни, силиконски и силикатни завршни малтери.

 

Покрај задолжителното задоволување на мерките за енергетска ефикасност, финансиската корист од нејзината изработка за инвеститорот и моќните предности на термофасадниот систем, надворешниот изглед на објектот можеби е најважна карактеристика при забележувањето на одредена градба – огледалото на душата на секое здание. Беспрекорната фасада е симбол на препознатливост, а квалитетните Кнауф материјали се водилка во обезбедувањето топла и сигурна иднина за секој дом и работна просторија.