Претходна статија
Здравјето е бесценето - градете со здрави материјали
Следна статија
Со Кнауф, малтерисувањето е едноставно и брзо

Кнауф мисија: поблиску до градителите!

Објавено на 01.10.2012 во категорија Блог.

Веќе осум децении Кнауф поставува стандарди за висок квалитет во градежниот сектор. Следејќи го чекорот со времето и работејќи макотрпно во развојот на напредни технологии, германската компанија во континуитет го збогатува широкиот спектар на првокласни градежни материјали. Со постојаните иновации на нови производи и целокупниот развој на градежништвото во сите сегменти, се јавува потребата од надоградување на стручните знаења преку практични обуки и семинари за архитектите, надзорниците, инженерите, трговците и монтажерите.

 

Луѓето кои вложуваат во изградба или реконструкција, пред себе си поставуваат безброј прашања за реализација на проектот, потребните материјали, начинот на нивна употреба и за карактеристичните својства на истите. Кнауф е секогаш подготвен да ја поттикне информираноста и професионалното усовршување. Несебично вложувајќи го сопственото знаење и огромно искуство, компетентните лица од компанијата ги пренесуваат стекнатите вештини на докажаните професионалци во градежништвото, на идните вредни работници, студенти и средношколци, но и перманентно им помагаат на граѓаните да ги добијат одговорите на сите нејаснотии и недоумици поврзани со градежните производи и системската градба со нив.

 

#Со инвестирањето во Канцеларијата за продажба и маркетинг на Кнауф, во Скопје се отвори модерен простор кој постави високи стандарди во подигањето на информираноста, стручноста и обученоста во сегментот на сувата градба и примената на разновидни производи при изградба или реконструкција на објектите. Центарот за обука во рамките на комерцијално – техничката канцеларија им овозможува на изведувачите темелно да ги совладаат практичните вештини преку запознавање со новите материјали на компанијата, нивните карактеристики и начинот на употреба. Како стандарден сегмент од ваквиот пристап, секој професионалец може да добие одговор на прашањата и дилемите кои произлегуваат од секојдневните активности на градилиштата.

 

#Приоритет при вложувањето во образовниот процес им се дава на лицата кои се заинтересирани професионално да работат во секторот сува градба. Македонското претставништво на компанијата Кнауф нуди три основни типа на стручни семинари: дводневен основен семинар за монтери во фабриката Кнауф Радика во Дебар, еднодневен основен семинар за трговци во фабриката Кнауф Радика во Дебар, како и повеќечасовни тематски собири за архитекти и проектанти. Секој учесник на ваквиот вид школување добива сертификат со кој се докажува неговото учество на настанот. Со посетување на деталната практична настава, градежните работници се оспособуваат за правилно и квалитетно вградување на материјалите и запознавање со новите техники и материјали. Преку долгогодишната традиција за одржување на обуки и семинари, Кнауф создаде мрежа од квалитетни изведувачи кои можат да ги остварат градителските замисли на архитектите.

 

#Досегашните резултати покажаа дека периодичните обуки на професионални монтери по пат на семинари се неопходни за стручно извршување на обврските и запознавање со нови производи, системи, алати и техники во работењето. Поаѓајки од ваквиот показател, германскиот производител ја иницираше обуката на кадри од градежниот сектор. Кога станува збор за Македонија, уште од самите почетоци  на претставништвото во Скопје започна и традицијата на организирање на еднодневни и дводневни стручни семинари што се одржуваа во центарот за образование во фабриката во Вајсенбах, Австрија. Со успешниот развој на Кнауф во земјава, се отвори образовниот центар во фабриката во Дебар и Центарот за обука во Скопје, преку кои заедно со презентациите низ цела Македонија се оспособија преку 1.000 професионалци. Ползувајќи го намалениот обем на работа во градежниот сектор, семинарите најчесто се одржуваат во текот на зимските месеци. Во 2012 година предвидени се 24 редовни семинари на различни теми за монтерите, поставувачите на гипсени кошулки, малтерџиите и молерите. На нив може да се пријави секој кој е заинтересиран за одговорна и сигурна работа што носи висока добивка и можност за основање сопствен бизнис. Должно внимание им се посветува и на трговците, кои треба да поседуваат детални познавања од областа на сувата градба, со цел максимално да им се помогне на крајните потрошувачи во давањето на информации и совети при продажбата на градежни материјали.

 

#За проектантите, надзорниците и останатите високообразовани кадри редовно се организираат стручни собири и симпозиуми на кои се анализираат и разработуваат актуелните теми во градежништвото. Во тековната 2012 година се иницира нов прилог во развојот на техничкиот сервис во Македонија – Кнауф Академија, која е замислена како серија на семинари на кои ќе се обработат неколку сегменти од градежната физика предводени од еминентни гости – предавачи. Припадниците на архитектонската фела имаат можност преку посета на терен на референтни објекти да се запознаат со својствата кои ги нудат градежните материјали на Кнауф, но и да ги согледаат високите перформанси што тие ги нудат.

 

#Паралелно со редовните обуки и семинари, Кнауф инвестираше во основањето на професионално средно образование за македонските средношколци. Учебната 2003/04 година е забележана како почеток на македонското професионално образование од областа на сувата монтажна градба во средното градежно училиште „Здравко Цветковски“ во Скопје, како и во средните училишта „Нико Нестор“ во Струга и „Никола Карев“ во Струмица. До денес, неколку генерации средношколци успешно го завршија своето образование и си обезбедија стабилна и профитабилна работна позиција. Компанијата Кнауф секогаш им стои на располагање на образовните институции за натамошно усовршување на наставната програма во насока на обезбедување на потребниот кадар што ќе ги задоволи потребите на македонскиот пазар.

 

#Отвореноста кон крајниот корисник е главниот синоним на Кнауф. Секој заинтересиран може да добие било каков вид на информации од соодветни лица за било кој градежен производ во Канцеларијата за продажба и маркетинг во Скопје. Покрај директните средби и контактите преку телефон и електронска пошта, детални податоци за градежните материјали на Кнауф може да се добијат од техничките листови, брошури и други промотивни материјали. Со нив може да се обезбедат информации за техничките карактеристики на производите, начинот на складирање, подготовка и нивна употреба, како и детална шема за изведба на системската градба на Кнауф. За сите корисници на интернет, достапна е официјалната веб – страница на Кнауф на која се објавени сите печатени информативни материјали, а најновите информации поврзани со компанијата може да се добијат и преку профилот на Фејсбук.

 

Во релаксирачките моменти додека го читате овој текст, десетици доктори на науки во седиштето на компанијата Кнауф во германскиот град Ипхофен посветено работат на креирање нови производи, унапредување на постоечките и подобрување на техниките на вградување. Оттука произлегува потребата за постојано надоградување на знаењата. Подадената рака од Кнауф за информирање и усовршување е моќен начин на промоција на градежните материјали и системската градба. Обезбедувањето на константна поддршка во работата на градежниците и задоволувањето на потребите на потрошувачите резултира со препознатливата сигурност и долгогодишната доверба кон германската компанија. Многу значи кога има некој да ти помогне.