Претходна статија
Градежна биологија
Следна статија
Самонивелирачки естрих - основа на беспрекорните подови

Кнауф W112 ѕидови – подарок од Кнауф за Вас

Објавено на 23.01.2012 во категорија Блог.

Беспрекорна изолација, заштеда на простор, врвни биолошки карактеристики

 

Изборот на квалитетен и економичен материјал при изградба на семејниот дом или работната просторија за најблиските, претставува идеал на секоја индивидуа пред започнувањето на замислената градба. Брзината на изведба, задоволувањето на најстрогите стандарди, употребата на безбеден и сигурен материјал при изградбата и обезбедувањето максимален простор за ентериерно уредување е предизвик со кој се соочува секој градител. Максималното задоволување на сите страни во процесот на градба претставува највисок критериум врз кој почива долгогодишната препознатливост на градежните материјали од производителот „Кнауф“.

 

###

 

 

Ѕидниот систем W112 претставува еден од најпрепознатливите финални производи на германската компанија „Кнауф“, кој наоѓа практична примена при преградувањето простории во станбени, деловни, административни или комерцијални комплекси. Тој е првенец во обезбедувањето на висока топлотна и звучна изолација во рамките на еден објект, а притоа истиот овозможува минимална дебелина и тежина на ѕидовите. Преградните системи W112 во споредба со класичните ѕидови штедат време при изведувањето на градежни работи. Периодот на изведба на 1 метар квадратен Кнауф W112 изнесува 66 минути, наспроти ѕидањето гитер од метар квадратен за кој се потребни 117 минути и ѕидањето на 1 метар кубен блок за кој се предвидени дури 375 минути.

 

 

Време на изработка:

 

 

Нормативи – градежна оператива

 

Нормативи – Кнауф
ѕидање на блок – 6,75 h/m3 W112 –1,1 h/m²
ѕидање гитер – 1,55 h/m² W623 – 0,6 h/m²
малтерисување грубо/фино – 0,91 h/m² W611 – 0,32 h/m²

 

 

Карактеристики на градежните материјали:

 

 

Материјал

 

ρ (kg/m³) λ (W/mK) μ (1)
малтер (ѕидарски и продолжен) 1700 0,85 15
шуплив  керамички блок 800 0,33 2,5
гитер тула 1200 0,52 4
Кнауф гипскартонска плоча 900 0,21 12
камена волна KS RK 40 0,038 1,1

 

 

Наспроти брзината на изградба, заштедата на простор со ѕидните системи W112 придонесува и за поголема економичност при изведбата на градежни работи. Споредбата со класичните ѕидови покажува дека во простории со површина од 260 метри квадратни со примената на Кнауф W112 се добива дополнителен простор од 7 метри квадратни. Ако се земе во предвид дека просечната цена на станбените, деловните и комерцијалните објекти во Скопје изнесува околу 1.000 евра, тогаш со преградните ѕидови на компанијата „Кнауф“ можат да се заштедат околу 7.000 евра како резултат на помалиот простор што го зафаќа W112 во однос на класичните ѕидови, истовремено овозможувајќи подобри перформанси од „класичните“.

 

###

 

 

Кога се работи за изградба и завршување на здрав и квалитетен простор за крајниот потрошувач, најважна карактеристика на Кнауф системите за сува градба е секако одличната звучна изолација. Секогаш кога се споредува решение од стандардна градба и соодветно решение од палетата на Кнауф преградните ѕидови, разликата во звучната изолација е огромна, во полза на системите за сува градба. Нивниот хетероген состав овозможува сите фрекфенции на звукот во некој слој на ѕидот да изгубат значаен дел од интензитетот и на другата страна да излезе скоро нечуен, или силно пригушен, неразбирлив звук. Оваа карактеристика се среќава од наједноставните решенија на Кнауф па се до оние понапредни решенија, кои ги препорачуваме и на „поспецифични“ позиции, како на пример преграден ѕид помеѓу две кино сали.

 

За сопствени потреби, македонската канцеларија на Кнауф извршила мерење на звучната изолација на преградни ѕидови помеѓу соби во еден стан и помеѓу станбени единици во една зграда. Разликата во звучната изолација се движи од 8 dB до 10 dB, во корист на Кнауфовите преградни ѕидови. На ниво на слушна фрекфенција и јачина, тоа е разлика и до огромни 80%, што е особено загрижувачко денес, кога звучното загадување е на многу високо ниво и е одговорно за повеќе психосоматски заболувања кај модерниот човек.

 

Кнауф W112 е составен од метална потконструкција од Кнауф профили CW50 и UW50, двострана двослојна облога со Кнауф гипсени плочи со ширина од 1,25 милиметри, а меѓупросторот помеѓу двете страни се пополнува со минерална волна KR SK, слој со ширина од 5 милиметри. Споевите на гипсените плочи се исполнуваат со специјалните маси за фугирање Кнауф Uniflott или Кнауф Fugenfuler и Кнауф бандажна лента. При монтажа на гипсените плочи се користат и посебни Кнауф шрафови. Ѕидниот систем W112 се употребува при поставувањето преградни ѕидови во становите, но и при преградувањето ѕидови кон санитарии во објектите. Единствената разлика кај изведбата на ѕидови во влажни простории е вградувањето на Кнауф импрегнирани плочи, наместо обичните гипсени плочи на компанијата. Во кујните, бањите и тоалетите на објектите се користат овие посебни плочи, бидејќи нивното јадро и картон се специјално импрегнирани против впивање на влага.

 

 

Споредбен приказ на класични преградни ѕидови и Кнауф преградни ѕидови:

 

 

 

Употребата на оригинални градежни материјали од производителот „Кнауф“ и монтирањето според стриктните упатства на германската компанија се круцијален чекор во добивањето квалитетни преградни ѕидови кои ги задоволуваат предвидените стандарди. Најчестите проблеми со кои се соочуваат изведувачите на сува градба е желбата на потрошувачите да вградат поевтини или неадекватни гипсени плочи, да постават обична стаклена волна во самите ѕидови или да ја изостават бандажната лента помеѓу споевите на плочите. Како последица на инсистирањето за најевтина изведба, се јавуваат незадоволствата од несоодветна топлотна и звучна изолација на преградните ѕидови. На крајот, самите потрошувачи се изложуваат на исклучителни трошоци за промена на неквалитетните преградни ѕидови или вложување дополнителни средства за поставување материјали за звучна изолација, со што финално потрошените финансиски средства се неспоредливо поголеми во однос на употребата на ѕидните системи Кнауф W112. За целосна сигурност и врвен квалитет при вградувањето на преградните ѕидови Кнауф W112 е потребно да се изберат овластени изведувачи. Производителот „Кнауф“ има развиено партнерска мрежа на компании за продажба на системи за сува градба, а некои од нив вршат и монтажа на системите низ целата република. Подетални информации за нив може да се добијат на овој линк.