Претходна статија
Брзи пруги во Мароко
Следна статија
Кнауф W112 ѕидови - подарок од Кнауф за Вас

Градежна биологија

Објавено на 21.11.2011 во категорија Блог.

Што е тоа градежна биологија?

 

Дали знаевте дека ниту една генерација претходно не поминувала повеќе време затворени дома колку што поминуваме ние?

 

Да се живее здрав и комфорен живот дома е една од најважните потреби на секое човечко битие. Сите сакаме нашите домови да нѐ релаксираат за да можеме лесно да се повратиме на нормала после секојдневните стресови што ги носи модерниот живот.

 

Градежната биологија е наука која ги изучува влијанијата на материјалите во домот врз здравјето на луѓето, како и сите други прашања околу темата здрав дом.

 

 

Довербата е добра, контролата е уште подобра

 

Факт е дека сѐ повеќе постои свесност и кај нашите граѓани, како и во развиениот свет, за прашања околу тоа кои материјали се добри за нашето здраво живеење дома и во работните простории. Но, од друга страна, како да склучивме примирје со сите оние мали зрачења со кои дома сме обиколени, а потекнуваат од разните материјали и други електрични, безжични и мобилни уреди  и апрати. А знаеме сите дека таквите новитети и комодитети со кои ги полниме нашите домови и канцеларии, од ден на ден ќе надоаѓаат уште повеќе. Сигурно многумина од нас се прашуваат како, тогаш,  да се пронајдат вистинските научни факти за градежната биологија во морето од информации во разни часописи, на интернет и во други медиуми?

 

За оваа намена постојат институции како IBR, Институтот за градежна биологија во Розенхајм, Германија, кој постои веќе 20 години и се занимава со тестирање производи и нивното влијание врз здравјето на луѓето. За истите издава сопствени сертификати т.н. Печати за Одобрување. На тој начин институтот ги идентификува материјалите на кои можете да се потпрете при вградување во Вашите нови домови или при реновирањето.IBR сертификатите се резултат на нивното искуство, компетентност, како и прецизните лабораториски испитувања и мерења направени според сите постоечки нормативи и стандарди, на најсовремени машини и уреди.

 

 

Гипсот – беспрекорно здрав материјал

 

#Фабриката на Кнауф во Дебар преработува еден од најквалитетните руди на гипс во светот. Со милениуми наназад гипсот се користел како градежен материјал, а примената на истиот не е прекината до денес. И денес гипсот и продуктите направени од него, освен во градежништвото, се употребуваат и во медицината, прехранбената индустрија, производството на козметика и.т.н. Во стоматологијата, како и при санирање на кршеници на коските кај луѓето, гипсот е незаменлив. Неговата ph вредност, иста како човечката кожа e причина повеќе за неговото лесно прифаќање од човекот.И покрај сето тоа, како што спомнавме погоре, довербата и традицијата се добри адути, но најдобар адут од сѐ е контролата на производите.

 

#Кнауф неколку години наназад редовно го добива Печатот за здрав материјал издаден од IBR од Германија. Најновото ресертифицирање, во август оваа година, не смее да биде неодбележано, бидејќи сите оние што сѐ повеќе ги употребуваат Кнауф гипсените плочи, заслужуваат да знаат што имаат во своите домови.

 

За оние кои сакаат повеќе да се информираат за градежната биологија и за институтот IBR во Германија, повеќе информации можат да најдат на интернет, но овде кратко вредно е да се спомнат мерењата што ги прави институтот врз производот кој е предмет на испитувањата: се мерат радиоактивноста, присуство на биоциди, формалдехиди, тешки метали, терпени, кетони, алкани, аромати и голема листа на други штетни и опасни супстанции, како и можното присуство на ситни честички на прашина, кои исто така можат да предизвикаат здравствени проблеми.

 

Гипсената плоча од фабриката на Кнауф во Дебар ги помина тие тестови и го доби печатот на IBR: ТЕСТИРАНО И ПРЕПОРАЧАНО.