Претходна статија
Министерството за транспорт и врски поддржува изградба на катна гаража кај „Автомакедонија“
Следна статија
Новиот министер за култура најавува итна ревизија на „Скопје 2014“

„Барокниот“ објект на АДСДП ќе биде готов до крајот на годинава

Објавено на 29.05.2017 во категорија Вести.

 

Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор (АДСДП) ќе добие нова административна зграда до крајот на 2017 година. „Барокниот“ објект со приземје, шест ката и поткровје е речиси слепен до објектот на Македонската опера и балет. За изведба на градежните работи досега се издвоени над 10 милиони евра. Во зградата е предвидено да се смести целата администрација на АДСДП, а помал дел од просторот е наменет и за деловни намени. Градежните работи на терен ги изведува фирмата „Декон-ком“ од Скопје.

 

 

Изградбата на новата административна зграда започна во септември 2015 година. Објектот се гради врз основа на идејното решение изработено од Жарко Чаушевски. Основниот проект беше подготвен од бирото „Архитектоника“ од Скопје. АДСДП со изградбата на новиот објект ќе се стекне со нови административни простории, со што ќе ги заменат постојните дотраени бараки на улицата „Орце Николов“.

 

 

» Форумска дискусија за овој проект