Претходна статија
Заврши реконструкцијата на охридскиот аеродром
Следна статија
Струмица се гасифицира

„Барокна“ ограда за мостот Гоце Делчев

Објавено на 11.04.2011 во категорија Вести.

Изглед на оградата според идејното решение на авторите Михајло Дранговски и Јован Радевски Градот Скопје денеска ја почна најавената замена на заштитната ограда на мостот „Гоце Делчев“. Новата ограда ќе ја сочинуваат 144 монтажни елементи со должина од 3,6 метри и височина од 1,2 метри, кои ќе бидат поврзани со столпчиња. На столпчињата на надворешните огради на мостот ќе се монтираат вкупно 26 канделабри за улично осветлување, по 13 од секоја страна, а со проектот се предвидува вградување и на рефлектори за амбиентално осветлување. Идејното решение за оградата на мостот е на авторите Михајло Дранговски и Јован Радевски. Работите на терен ги изведува фирмата „Бауер БГ“. Поставувањето на новата ограда треба да заврши во рок од 90 работни дена, а Градот Скопје за овој проект издвои околу 370 илјади евра.