Претходна статија
„Zaha Hadid Architects“ на почетокот од септември ќе гостува во Скопје
Следна статија
Градот нема да ја финансира изградбата на Панорамското тркало

Автобускиот превоз во подем во второто тримесечје од 2017 година

Објавено на 18.08.2017 во категорија Вести.

 

Не запира развојот на автобускиот превоз во земјава. Според податоците на Државниот завод за статистика, во второто тримесечје од 2017 година, во однос на истиот период лани, вкупниот број на превезени патници во патниот патнички превоз е зголемен за 9,9%. Според видот на превозот, во градскиот превоз имало за 7,7% повеќе патници, во приградскиот превоз за 12,5%, во меѓуградскиот превоз за 13,2%, додека во меѓународниот превоз е зголемен за 17,5%. Споредено со првото тримесечје од 2017 година, транспортот со автобуси е зголемен за 6,1%. Притоа, најголем раст годинава доживеал меѓуградскиот автобуски превоз.

 

 

Во второто тримесечје од 2017 година, во однос на идентичниот период лани, вкупниот број на патничките километри во патниот патнички превоз е зголемен 30,4%. Според видот на превозот, бројот на патничките километри во градскиот превоз е зголемен за 32,8%, во приградскиот превоз за 37,2%, во меѓуградскиот превоз за 7,7%, додека во меѓународниот превоз е зголемен за 49,8%.