Претходна статија
ЕЛЕМ го поништи тендерот за изработка на проект за катната гаража во Охрид
Следна статија
Самит 100 во Скопје: Балканот треба инфраструктурно да се поврзе

5,8 милиони евра за одржување на главните патишта низ земјава

Објавено на 16.10.2017 во категорија Вести.

 

 

Јавното претпријатие за државни патишта објави тендер за избор на градежни компании што ќе ја вршат поправката и рехабилитацијата на државните патишта од А категорија во наредните 12 месеци. Изведбените работи ќе се вршат на оние патни правци за кои е оценето дека е неопходна санација на коловозот или друг инфраструктурен објект на одредените делници. Проценетата вредност на проектот изнесува околу 354 милиони денари, односно околу 5,8 милиони евра.

 

 

Договорите за изведба на градежните работи ќе се склучат со повеќе градежни фирми, а главен критериум за избор на операторот е понудената најниска цена. Во групата на патни правци од А категорија влегуваат автопатиштата и експресните патишта во нашата земја.